Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaphod Beeblebrox
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
А чекај чекај...

"Тој вечерта бил ангажиран во обезбедувањето на прославата на градскиот плоштад по објавувањето на резултатите од изборите.Котевски од МВР изјави дека осомничениот самиот се пријавил кај својот старешина вчера околу 16 часот."

Овој се пријавил вчера уште пред ние да излеземе на протести а МВР упорно изјавуваше дека нема траги на насилство???
И кој к бара специјалец во обезбедување на плоштад?

Ако се пријавил сам вчера (за што чисто се сомневам), сигурно му рекле „чек нема ништо уште, ќе заташкаме не се секирај, убивај си ти“.
 
Чисто информативно, на А1 од 16h ќе има ново сведошства и повеќе информации за случајов.
Се надевам дека нема да им падне и телевизискиот сигнал, како што им падна веб страната од преоптовареност... :)
 
Рековте кога ќе се разјасни ситуацијата ќе излезете на протест? Епа ајде сега пред мајка Тереза, сите што се изјаснивте така.
 
Ако се пријавил сам вчера (за што чисто се сомневам), сигурно му рекле „чек нема ништо уште, ќе заташкаме не се секирај, убивај си ти“.
Да баш така му рекле. Кај е она смајлито :тапшање:
Мислете малку пред да купите тастатура...
 
Се надевам дека нема да им падне и телевизискиот сигнал, како што им падна веб страната од преоптовареност... :)

Ќе падна и тоа.... Уште некој ден ако не платат долгот
 
Дај стави од другите градови ивенти, еве јас сум од Велес ама од пријателиве шо ги имам на Фесјбук немам видено уште ништо, а ни мене ми нема стасано некаква покана.

Е тоа е проблемот. Се ми е страв да не успеат да го замачкаат ова иако сега ќе им биде гадно потешко со оглед на сето ова што се случувало низ Скопје, ама сепак они се главни, кој смее нешто да им рече, ако сакат да замачкаат очи некако ќе им успее тоа.
http://www.facebook.com/event.php?eid=227968970546590 eve prorabote za Skopje stranata se smenilo
 
Рековте кога ќе се разјасни ситуацијата ќе излезете на протест? Епа ајде сега пред мајка Тереза, сите што се изјаснивте така.
Јас тргам за минута (y)
 
Луѓе тргајте на протест ако можете, да не остане само на мавање по тастатура работава, да не изиграваме херои само на форуми, фејсбуци и твитери.
Јас само се надевам дека и во другите градови ќе има протест за да можам и јас да испаднам.
А дали бил Тигар, Алфаш, Волк, Гепард или Пингвин е најмалку важно.....цајкан си е цајкан како и да ја свртиш работава.
 
ВЕ МОЛАМ БЕЗ ПРОТЕСТИ И НЕМИРИ. ПОЛИЦИЈАТА ГО ПРЕВЗЕМА СЛУЧАЈОТ ВО СВОИ РАЦЕ.
 
Каде е петицијата за распуштање на тигрите заради некој малоумен нивни член.

Ако стварно бил од Тигрите тогаш на плоштад се бил само Тигар не.
Да бил на задача ( а не може припадник на ЕСЗ да биде на задача на плоштад) ќе имал на него облека од Тигрите и ќе кажеш уште очевидците дека е припадник на Тигарите.

Овој на што задача и да бил мора да го јаде најмалце 20 години.
Дечково што е убиен и најголем криминалец да бил никој нема право да го тепа до смрт.Ако вечерта направил нешто можел само да биде приведен и ништо повеќе.
Најголема казна за убиецов !!!
 
ВЕ МОЛАМ БЕЗ ПРОТЕСТИ И НЕМИРИ. ПОЛИЦИЈАТА ГО ПРЕВЗЕМА СЛУЧАЈОТ ВО СВОИ РАЦЕ.
Јас сум најмалку за немири, ама девојче, видовме како го „презема“ случајот во свои раце вчера и завчера :)

Очекувано сценарио ако се собере маса на луѓе би било:
 
Не заборавајте, одете гладни на протестот...
Можеби организаторите ќе ви дадат сендвич и сок :LOL:
 
ВЕ МОЛАМ БЕЗ ПРОТЕСТИ И НЕМИРИ. ПОЛИЦИЈАТА ГО ПРЕВЗЕМА СЛУЧАЈОТ ВО СВОИ РАЦЕ.

Нема да има немири цивилизирани сме ние во споредба со тепачот, ама протести тебе ако не ти одговараат седи си пред тастатура.
 
Смешно е што после сите глупави пресови и извештаи на мвр, на крајот излегуваат со соопштение демек не бил алфа, тигар бил. Значи пак се во право?! И ако не се пријавил човекот сам до кога ќе траела „истрагата“? Сред плоштад меѓу милјон луѓе со триста камери, они 2 дена немаат информации. До кога вака бе....?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom