Z
zmej gorjanin
Гостин
Значи тука има неколку критични моменти
1. Убиецот уште вечерта се пријавил (т.е му било наредено), никој не знае ништо за тие што му помагале да го одвлечкаат дечкото, утре дента излага Иво Котевски и вика поима неаме што се дешавало на некое дете му се слошило на плоштад ако имате некакви информации за насилство ве молиме пријавете
2. Излегува некаков извештај од полиција во кој се тврди дека немало никакви траги на насилство
3. Од ВМРО ДПМНЕ, одкако пукна целата работа, излагаат со соопштение дека осудуваат ваков настан и дека ќе биде направено се за да се фати сторителот иако сторителот веќе бил фатен и сам се пријавил, а според некои сознанија бил телохранител на премиерот и близок човек на Урко
4. Членови на ВМРО или на полицијата (не разбрав) одат кај таткото на детето да го молат да не дава изјави околу тоа кој им го убил синот, ова го изјавува мајката на убиениот
5. Провладините медиуми на кои можеби можеше да им се прогледа низ прсти за вчерашниот молк поради немање информации, сега почнуваат да ја напаѓаат опозицијата како демек она стои зад сите овие протести и сака да заработи политички поени, го оцрнуваат семејството на детето демек се работело за дисфункционално семејство, а момчето имало богато криминално досие, иако тоа не е воопшто битно во целава работа.