- Член од
- 27 ноември 2007
- Мислења
- 30.941
- Поени од реакции
- 73.583
Да да од тие околните населби беа во првите редови воглавно дечки кои што се од ЦПБ, веднаш позади бевме ние (нема да набројувам кои подгрупи и како што, само ќе кажам дека имаше сигурно над 30-тина Комити) и ФА како и останат луѓе кои беа гневни на случајов... Ете како може барем малку да се здружиме притоа не бевме дојдени како навивачи ниту пак имавме обележја (чат-пат некој носеше капче или маица али ретки беа), туку дојдовме да дадемеподршка во борбата против прекумерните овластувања на полицијата во државава. И не само тука, на колку протести што сум бил се истите фаци ги гледам. На пример протестот што беше за името кој наводно беше организиран од кајганџииве пред собрание, повторно кога ја блокиравмеулицата бевме истиве луѓе...Да да, знам, т.е. за ФА знам, за Комитиве освен еден другар што видов друг не, моменталните гарнитури од горе не ми се добро познати, само овие отидоа апла у први борбени редови па почнаа од толпата да им удираат преписки дека се дојдени само за да направат инцидент, што е уште една констатација која се потпира на неинформираност !
Очигледно е дека народот нема некој голем интерес да се побуни на случувањата во земјата, и чека да види што ќе направат тие околу 500-600 бунтовници па тек после да се вклучи. Денес морав да си отидам порано, али утре се надевам дека уште помасовно ќе се собереме...
Исто како и теебе, така и јас констатирав дека безпотребно водачот на протестот правеше галама дека не сме дојдени да правиме инциденти кога немаше никакви индиции дека истите се на повидок, и само подгреа тензија мешу нас по што многу си отидоа...
Имаше некои кои неартикулисано го пцуеа, а можеби и со право се бунеа бидејќи мислам дека треба да се протестира баш пред МВР а не да се парадира низ цел град...
Мора некој да застане како организатор, пошто со вакви спонтани случувања нема да сепостигне којзнае што...
Како и секогаш така и сега имаше големна нервоза кај граѓаните кои се враќаа од работа и се најдоа закрчени во сообраќајниот хаос, но се е тоа од неинофрмираност. Кога им кажував во маало, 70% прв пат слушаа дека се случило нешто вакво...