Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Maртин односно Пуци беше најмалтретирано дете во Скопје сигурно. Жалосно е и што на таков начин му заврши животот.
Нека почива во мир.
Се надевам дека типот што го убил буквално од тепање ќе биде третиран исто како криминалец, без разлика кој е и што е.
Дури и да поседувал дрога, постои нешто кое се вика станица. Го фаќаш, го носиш у станица и си има постапка понатаму. Не го лупаш од земја со тепање сигурно. Простак.
 

@ MONKEY @

ultras
Член од
12 декември 2007
Мислења
280
Поени од реакции
153
licno go poznavav Martin imase bliski rodnini vo Prilep, porano sekoe leto po nekolku nedeli bese vo pp potresen sum od slucajov, mora da bide celosno resfetlen mora da ja zapreme policiskata brutalnost sramno e vakvi raboti da se slucuvaat vo demokratsko opsestvo pod hitno treba da bide ukinata edinicata alfi koja vo poveke slucai upotrebuva poveke sila od dozvolenoto,
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.521
Поени од реакции
29.023
Не беа само они, тука беа и ФА и ние :)
Од сите групи по некои 30-тина членови...:)
Намерно несакав да откривам дека детето било член на навивачка група, пошто знам дека постојат толку стереотипни луѓе што одма муабетот ќе го свртат во друга насока, демек ете навивач бил бељи правел...
Поздрав до сите Алфи... Кој ја сфаќа поракава ја сфаќа... ;)
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Договорот е утре 18h, Мајка Тереза да започнат протестите. Моментално се седи на ул. Македонија.

Јанкуловска: „Надлежните треба да поднесат одговорност“ - WTF?!? I DON'T EVEN !?!?!
 
С

Спенсер

Гостин
Бре бре... специјалец поставиле на обезбедување на плоштад/ Толку им сече и на овие од МВР, и на тој без мозок...
јесда има големи овластувања,ама претеризам е тоа што го направил... Пу јазк,ја срами единицата :mad: Штом се пријавил,ќе си одлежи...

Ама џабе е сега се...
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.558
Поени од реакции
1.503
Сеа само што се вратив од протестот, на почетокот имаше солидна бројка но како што се идеше до плошад и до Суд се намалуваше бројката така да останавме само околку 500 луѓе.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.734
Поени од реакции
49.265
Прво очекувам ќорка за убиецот и отставка на министерката( т.е неназначување ).

Расформирање на Алфите не оди во предвид и не ни изводливо од други причини, ама едно јако стегање и дисциплинирање после вакво нешто не им бега.... или барем не треба. Како и да е, ако после вакво нешто продолжи се по старо, не заслужуваме ништо.

Од тоа што го видов на телевизија, меѓу присутните не видов никакви партиски активисти, а и стандардните шлепачи ги немаше, што ме израдува (ради ова и не отидов) .

Имаше така малце иронија кога видов еден куп апсени за поседување и пуштање во промет, а и 2-3 утврдени тастера полициски :D
 
С

Спенсер

Гостин
Јас сум малце збунет овде ама за разлика од повеќето не ми е срам да си прашам кога не знам:
Пишува дека специјалецот е од единицата Тигар. Тоа има врска со Алфите или е башка единица? Логично ми е второто ама...
Јас ќе ти кажам/

Во Алфите често на смена доаѓаат дечки од ЕБР и ЕСЗ (тигрите). Значи оваа недела ти ќе бидеш распореден во единицата Алфи (оваа единица нема 100% постојан состав)... се надевам ме свати/ А ЕСЗ се употребуваат во крајно опасни ситуации,во воени конфликти и слично,со еден тежок збор,машини за убивање ајде да ги наречам,кога веќе сите ги оцрнуваат и вреѓаат. И од односот на еден кретен,неможе цела единица да се напаѓа,зашто во други случаеви единицата била на висина на задачата!

Тоа е тоа, убиецот ќе си сноси одговорност,и се надевам старешините во МВР ќе сватат која единица за каде се употребува или ја да одам да им нацртам треба.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.981
Поени од реакции
45.294
Не беа само они, тука беа и ФА и ние :)
Од сите групи по некои 30-тина членови...:)
Намерно несакав да откривам дека детето било член на навивачка група, пошто знам дека постојат толку стереотипни луѓе што одма муабетот ќе го свртат во друга насока, демек ете навивач бил бељи правел...
Да да, знам, т.е. за ФА знам, за Комитиве освен еден другар што видов друг не, моменталните гарнитури од горе не ми се добро познати, само овие отидоа апла у први борбени редови па почнаа од толпата да им удираат преписки дека се дојдени само за да направат инцидент, што е уште една констатација која се потпира на неинформираност !

Почивај во Мир Мартине, никогаш нема да бидеш заборавен, а за вас/нас, обичните граѓани, запамтете, во Неделата вечер беше Мартин, денес може да биде вашето дете, син, ќерка, брат ,ВИЕ ...
Во секоја земја за ваков настан на државата и се случува народ, ова е убиство од лице вработено во МВР, ова е убиство направено од оној кој се грижи за ред и мир во државата, оној кој е обврзан да го чува уставниот поредок на оваа земја, ова убиство е направено од ДРЖАВАТА ! Тоа го потенцираше и мајката на Мартин, ова не смее да биде заборавено, ова не смее да биде преќутено, со вашите тастатури и мауси буквално ништо не можете да направите, сите оние кои сакаат јавно да го изразат својот револт тоа можат да го направат за време на закажаните протести.

Замислете апсурд, замислете апсурд во 21 век, повеќе од 24 часа МВР како институација која ПРВА доаѓа на место на злостор не лаже дека детето нема модринки а се испоставило дека било изгазено крвнички, ЗОШТО ? Вечер и Сител кои први СЕ дознаваат 24 часа молчат и не известуваат буквално ништо во врска со овој настан, ЗОШТО ? Таткото на убиеното дете бил молен да не кажува, ЗОШТО ?
Па дали сте свесни само колку се вреѓа интелигенцијата на овој народ со ова ? Ма баталете политики, ова било карактеристика и во минатото, но Мене и Тебе, како граѓани на оваа држава ни е должност да издејствуваме ова да не биде карактеристика во иднината, потенцирам, со тастатурата и маусот ништо не правите, ќе поминат 2-3 дена и Се ќе биде заборавено што е најлошото можно сценарио во моментов, најлошото можно сценарио до следниот ваков настан што не смее да се случи, не смееме да дозволиме да се случи.

Е ДОСТА БЕШЕ, ДОСТА, се гледаме на нареден протест ...
 
Член од
7 мај 2009
Мислења
710
Поени од реакции
55
[Дел од коментарот е отстранет]
ОПОМЕНА ОД АДМИНИСТРАТОР: БЕЗ ПОЛИТИКА!!!

Во Алфите често на смена доаѓаат дечки од ЕБР и ЕСЗ (тигрите). Значи оваа недела ти ќе бидеш распореден во единицата Алфи (оваа единица нема 100% постојан состав)... се надевам ме свати/ А ЕСЗ се употребуваат во крајно опасни ситуации,во воени конфликти и слично,со еден тежок збор,машини за убивање ајде да ги наречам,кога веќе сите ги оцрнуваат и вреѓаат. И од односот на еден кретен,неможе цела единица да се напаѓа,зашто во други случаеви единицата била на висина на задачата!

Тоа е тоа, убиецот ќе си сноси одговорност,и се надевам старешините во МВР ќе сватат која единица за каде се употребува или ја да одам да им нацртам треба.[/quote]

Многу е појасно :) . Значи ко да стаиле куче тренирано за борби да работи во циркус??

Утре пак ќе има протести?

пс. ако може по пп да ми каже администраторот кој дел ми беше отстранет?? ( од цитатот нешто или ја пишав )
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.268
Поени од реакции
958
Припадникот на криминалците Тигри го кажааа на вестите на А1 се вика ИГОР СПАСОВСКИ.Да се плукнам на нашата полиција и влада глупава.Од сега па натаму гледај си само АРМ зошто тие никогаш ништо лошо не направиле иако земаат помалку плата од полицијата,никогаш не се бунат.
 

NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Утре пак ќе има протести?
Договорот е утре 18h, Мајка Тереза да започнат протестите. Моментално се седи на ул. Македонија.

Јанкуловска: „Надлежните треба да поднесат одговорност“ - WTF?!? I DON'T EVEN !?!?!
Туку што стана со терминот за Петок? Останува како термин кога ќе се одржи најмасовниот протест или е заменет со овие секојдневниве?
 
С

Спенсер

Гостин
Многу е појасно :) . Значи ко да стаиле куче тренирано за борби да работи во циркус??
Баш така :) Оваа единица беше ангажирана во случајот планинска бура (4-5 мртви терористи) ,па кај Рашче овие со комбето што беа,исто така 3-4ца мртви терористи,2001ва беше цело време на терен... Значи се знае за што се користи ваква единица, а не да ја постават на обезбедување на плоштад. Ова е голема грешка на старешините во МВР.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Туку што стана со терминот за Петок? Останува како термин кога ќе се одржи најмасовниот протест или е заменет со овие секојдневниве?
Стои и тој за во Петок, само не знам од колку саатот е во Скопје.

Во Петок 20.00h ќе има мировен протест и на плоштадот во Струмица.
http://www.facebook.com/event.php?eid=206921889345221
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
6
Поени од реакции
0
Znaci ova sto se sluci e poraz za sitte nas. Treda da ja odbranime cesta na toa kutro dete. I pravdata da izleze na videlina, i nikogas da ne se povtori vakva tragedija
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom