Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaphod Beeblebrox
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Немора да значи, на Даниел главата му била удрена од железната клупа така да внатрешно крварење може да е причина за смртта.
Ок, како и да е, трагата од ударот неможе да се сокрие. Телото кога тогаш мора да биде предадено, фамилијата може да направи сопствена обдукција и да се открие причината за смрт.
Не разбирам зашто би лажеле за нешто што лесно може да биде потврдено подоцна... Тоа ми беше поентата.
Утре ќе се разјаснат многу работи... се надевам.
 
Морам да те демантирам. Единицата Алфи е составена од најподготвените и најдобрите поединци во редовите на мвр и немаат никаква врска со партија. Распрашај се малку повеќе како може некој да стане член во единицата и се ке ти биде јасно.
Автомеханичар, при регрутација во 2001 се криеше позади тросед и врата не отвараше, откако го регрутираа едвај фати врски и беше у кабина пред куќа на владин функционер, па години подоцна од што незнаеа каде да го стават, го ставија во Алфи.
true story.

Е сега незнам, ова може е единствен случај ...
 
Што ве гледам чудни........една жена познаничка на моите што работеше во МВР беше убиена зошто дозна случајно работи што не требаше да ги дознае и направија да изгледа како самоубиство, за некое дете што го начукале Алфи нема да притскријат.
 
Оваа трагедија, глупост, идиотизам ме потсетува на една сцена од V For Vendetta. Многу убав приказ на тоа колкава треба да биде толеранцијата на цивилното граѓанство кон оние кои носат значки.

Ооооооо покажете малку љубов разбирање и толеранција кон тие што носат значки има доста добри луѓе меѓу нив, јас познавам лично еден човек што благодарение на неговите брзи рефлекси и одлучност има живот спасено, нема медал за тоа ама има голема благодарност од страна натоа високо официјално лице.
 
За првото, БРАВО за тебе штом можеш да живееш со фактот дека некој го убиле пред твои очи, а ти си киднал. Мојот ум не работи така, проверено на дело.

Машала, зар убиле некој пред тебе чим ти е проверено на дело?
Глупости, неможеш да знаеш како ќе изреагираш во тој момент, како прво незнаеш дали е Алфа може се двајца мафијаши, насилници итн, а како второ ако се мешаш помеѓу двајца што се тепаат да не го изедеш ти стапот?

Браво за тебе ако имаш муда да влезеш помеѓу двајца што не ги знаеш а што се тепаат, јас лично никогаш не би направил такво нешто.
 
Што ве гледам чудни........една жена познаничка на моите што работеше во МВР беше убиена зошто дозна случајно работи што не требаше да ги дознае и направија да изгледа како самоубиство, за некое дете што го начукале Алфи нема да притскријат.
Ќе биде нешто слично ко оној што се удави во Вардар ...

п.с. Па кај нас уствари помина самоубиство у кофа со вода, а не па ова.
 
Алфашите се багра дефинитивно, средно образование и соодветната обука толку им е "специјализирањето". Инаку мора да го демантирам дечкото кој вели дека у единицата нема партиски војници, напротив кај мене у зграда имаше еден алфаш беше порано, се смени власта сега е у МВР(муда преко рамо) така да муабетот не ти држи.
 
Ооооооо покажете малку љубов разбирање и толеранција кон тие што носат значки има доста добри луѓе меѓу нив, јас познавам лично еден човек што благодарение на неговите брзи рефлекси и одлучност има живот спасено, нема медал за тоа ама има голема благодарност од страна натоа високо официјално лице.
Тоа е за пофалба.Ама што е со другите од кои голем дел се партиски ставени за да си го чешкаат стомакот пред станица или во некое кафанче?
 
Морам да те демантирам. Единицата Алфи е составена од најподготвените и најдобрите поединци во редовите на мвр и немаат никаква врска со партија. Распрашај се малку повеќе како може некој да стане член во единицата и се ке ти биде јасно.

Една од најголемите глупости што ги имам прочитано на форумов е ова.
Ако оние што се во Алфите се најподготвени и најдобри јас сум фрижидер во боја.
Има и такви не викам не но нив ги има едвај 2%,а тоа дека немаат никакви врски со партии на друг да му кажуваш.Кога во специјалните единици почна да помага партиската да не збориме за Алфите.

Немој мене да ми кажеш да се распрашувам :)
 
Ќе начекаме ли некогаш да не се поврзува нешто политички а на вакви случаи да реагираме со граѓанска акција како што ни доликува на млади, едуцирани, воспитани, паметни европејци кои живеат во демократска држава. Или, можеби не сме дораснати на тоа, а државата и нејзините инструменти можат да си играат како сакаат со нас. Овој настан е преседан и МОРА да резултира со директна акција. Не сум во Скопје ама да бев трчејќи ќе излезев на протест. Не бидете индолентни и резигнирани и не плашете се туку излезете и реагирајте за да не се повторуваат вакви работи. Некој мора да преземе одговорност!
 
Ооооооо покажете малку љубов разбирање и толеранција кон тие што носат значки има доста добри луѓе меѓу нив, јас познавам лично еден човек што благодарение на неговите брзи рефлекси и одлучност има живот спасено, нема медал за тоа ама има голема благодарност од страна натоа високо официјално лице.
Аман бре Буцио, не пишав да се спалат луѓето на клада. Секаде има нормален народ, ама штом стигнало да се убие човек мавајќи му ја главата од клупа не смее да се молчи.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom