Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaphod Beeblebrox
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Факт 1: Доколку е ова вистина, секој кој ги брани алфите е болен.
Факт 2: Секој кој мисли дека Грујо, Влада, СДСМ, Амди итн програмирал некој лудак од алфите да тепа по плоштад е исто така болен.

Знам дека имаше избори, но дај не мешајте политика со ова. Кој кур мешате Љубе, Влада, избори и сл? Ебате ретардираните
 
Од СВР Скопје велат дека излегле на лице место при што бил извршен увид. Како што изјавија за Нетпрес момчето било донесено од неколку лица каде што се одржувал “Баскер фест“ и дека на истото му била повикана брза помош. По извршениот лекарски преглед била констатирана смрт, но, како што кажуваат од МВР не биле забележани траги на насилство.
Бил претепан пред очите на други луѓе а немало траги од насилство на неговото тело???
Срамота е ова.
 
Па баш ради политиката,ради партиските војници се случуваат вакви работи. Неписмени луѓе (партиски војници),тотални непрофесионалци се примаат во единици кои владеат со државата...
 
Жалосно е ова што се случило, нека почива во мир дечкото и сочувство до неговата фамилија и блиски. Доколку е тоа така сторителот би требало да биде осуден на робија од минимум 20 години до доживотно за свирепо убиство, а алфите треба да бидат распуштени како единица. Што е до мене нив требаше да ги распуштат уште при упадот во Процес кога се живо и диво испотепаа и пак никој не беше казнет. Како и да е вистината ќе се дознае што навистина се случило, дечково сигурно имал некои пријатели со него, на крај краева неговите родители или роднини никој нема да може да ги замолчи.
 
Па баш ради политиката,ради партиските војници се случуваат вакви работи. Неписмени луѓе (партиски војници),тотални непрофесионалци се примаат во единици кои владеат со државата...
Морам да те демантирам. Единицата Алфи е составена од најподготвените и најдобрите поединци во редовите на мвр и немаат никаква врска со партија. Распрашај се малку повеќе како може некој да стане член во единицата и се ке ти биде јасно.
 
Како бе тоа доаѓа припадник на полиција и шамари таму затоа што не се знае кои се наркоманите , има да ги научиш кои се бре наизуст.

И кои приказни се тоа детски фаќале дилери на дрога, се гледа резултатот нивни колку многу ја има.
 
Морам да те демантирам. Единицата Алфи е составена од најподготвените и најдобрите поединци во редовите на мвр и немаат никаква врска со партија. Распрашај се малку повеќе како може некој да стане член во единицата и се ке ти биде јасно.

Друже,не ми кажувај... имам правено муабет со неколку припадници на Алфите,знам каква е состојбата кај нив... партиски војници на сите страни/ тоа е тоа.
 
Све мислам дека ке се заташка работава и ништо нема да биде.Пазете тие што се потпишувате да не тргнат по ред по списоков

Јас се потпишав што да не ми дојдат дома да ме утепаат?

Трагикомично е ова со обдукцијата, и немањето траги на насилство. Ако е претепан до смрт, тогаш треба бумбар да е направен дечкото...Телото кога тогаш мора да се предаде на фамилијата, неможе да се скријат трагите од претепување до смрт. Незнам зашто би лажеле за ова од МВР, кога нема шанси да го скријат сето ова...
Од друга страна неможам ни да замислам дека некој би искористил смрт на млад човек за промовирање на партиски цели... Незнам шо да мислам, се надевам утре ке има поконкретни имформации и ке се дознае целосниот идентитетот на починатиот.

Немора да значи, на Даниел главата му била удрена од железната клупа така да внатрешно крварење може да е причина за смртта.

Дело на А1 , Сорос и сличните на нив намерно го прават ова значи на телото од момчето немалоп ТРАГИ од насилство како ли тогаш го ПРЕТЕПАЛЕ?!

Дај бе одјеби од темава и ти и сите што мислите дека ова е исценирано од некој. Од такви како тебе државата ни пропаѓа....

Иначе само што се вратив од таму, ама требаше да дојдат повеќе луѓе вака ништо не се прави...
 
Од СВР Скопје велат дека излегле на лице место при што бил извршен увид. Како што изјавија за Нетпрес момчето било донесено од неколку лица каде што се одржувал “Баскер фест“ и дека на истото му била повикана брза помош. По извршениот лекарски преглед била констатирана смрт, но, како што кажуваат од МВР не биле забележани траги на насилство.
Бил претепан пред очите на други луѓе а немало траги од насилство на неговото тело???
Срамота е ова.

СРАМОТА Е ШТО НЕКОЈ ОЧИГЛЕДНО УЖИВА ДА МАНИПУЛИРА СО МАСАТА.. СТАДОТО ДЕ.
ИЛИ СУДСКА МЕДИЦИНА И МВР ЛАЖАТ ИЛИ ПАК СВЕДОЦИТЕ...
Тоа што некој сака да си игра со вас не е ли доволно да покажете среден прст?

Нека почива во мир.
 
Морам да те демантирам. Единицата Алфи е составена од најподготвените и најдобрите поединци во редовите на мвр и немаат никаква врска со партија. Распрашај се малку повеќе како може некој да стане член во единицата и се ке ти биде јасно.
God help us all.
 
Оваа трагедија, глупост, идиотизам ме потсетува на една сцена од V For Vendetta. Многу убав приказ на тоа колкава треба да биде толеранцијата на цивилното граѓанство кон оние кои носат значки.

1 болд--кој е тој човек шо ќе се осмели при таков брутален напад во негова близина да извади телефон,камера и да го снима сето тоа..голема е можноста и него да го снајде истото доколку биде приметен
2 болд--кога станува збор за алфите не верувам дека некој ќе се осмели да им се спротивстави,оти се знае исходот на сето тоа....
3 болд--ТОЧНО!си одговори на погоре напишаното...
4 болд-- и да бил дечкото под некакви супстанци,незначи дека треба да биде претепан до смрт,постојат лисици,постои приведување и мирно решавање на сето тоа....

За првото, БРАВО за тебе штом можеш да живееш со фактот дека некој го убиле пред твои очи, а ти си киднал. Мојот ум не работи така, проверено на дело.

За второто, кога се работи за човечки живот, знам што не би сакала да ми се случи мене, па нема да му го направам на некој друг. Ти нема да му отидеш одблизу и да му речеш на џандартот: Ајде сега, насмевни се на камерата.

За четвртото, ако ти пијан или издрогиран пробаш да си играш со мене мајтап ќе те здрвам од ќотек или ќе ти викнам некој да те збумбари, ако веќе не можам јас. Ако ти се пијанчиш или се дрогираш е твој проблем, не е мој. Не те закачам не ме закачај! НО, во случајов кога се работи за полиција се согласувам дека полицаецот требал да се придржува до правилата. Не смее да го убие од ќотек, ама па од каде знаеме што направил дечкото? Може му удрил клоца или шамар... Додуша сега ќе ја знаеме само едната страна, за жал...

Не може да е толку проста приказнава, си има нешто кое ние не го знаеме. Почекајте малку изјава и од родителите, па после остро критикувајте.

ДЕЧКИТЕ КОИ БИ КИДНАЛЕ, НАМЕСТО ДА СПАСАТ НЕЧИВ ЖИВОТ, ПОДОБРО НЕКА НЕ ИДАТ НА ПРОТЕСТИ! Протестите не се за плачковци!

Само би ве замолила да имате малку усул со претпоставките, бидејќи на семејството му е најтешко. Загубиле некој сакан, загубиле 23 годишно дете, за кого живееле и работеле цел живот и сега наместо да му се радуваат, тие го спремаат за погреб. Не е убаво сега овде да го напаѓаме полицаецот, за кој не знаеме ниту дали бил таму или да велиме дека Даниел од Ѓорче бил пијан или наркоман... Да почекаме малку време, па после ќе си се вратиме на македонското, ќе фрламе со дрва и со камења по се` што мрда.
 
Морам да те демантирам. Единицата Алфи е составена од најподготвените и најдобрите поединци во редовите на мвр и немаат никаква врска со партија. Распрашај се малку повеќе како може некој да стане член во единицата и се ке ти биде јасно.

Багра невидена се....
 
Има подготвени и совесни има и големо намалување на криминалот од кога се формираа имаше одлични акции од нивна страна за разбивање на цели групи ама ИМА и ДЕБИЛИ што тепаат крвнички и по вакво дело за жал се оцрнува цела единица иако не треба да се оцрни цела единица сепак заклучокот е дека е потребно целосно реструктуирање на единицата и секако во случајот казна за сторителот на убиството.
 
За четвртото, ако ти пијан или издрогиран пробаш да си играш со мене мајтап ќе те здрвам од ќотек или ќе ти викнам некој да те збумбари, ако веќе не можам јас. Ако ти се пијанчиш или се дрогираш е твој проблем, не е мој. Не те закачам не ме закачај! НО, во случајов кога се работи за полиција се согласувам дека полицаецот требал да се придржува до правилата. Не смее да го убие од ќотек, ама па од каде знаеме што направил дечкото? Може му удрил клоца или шамар... Додуша сега ќе ја знаеме само едната страна, за жал...

И да му удрил шамар, убиство си е убиство (ако е убиство) нели..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom