1 болд--кој е тој човек шо ќе се осмели при таков брутален напад во негова близина да извади телефон,камера и да го снима сето тоа..голема е можноста и него да го снајде истото доколку биде приметен
2 болд--кога станува збор за алфите не верувам дека некој ќе се осмели да им се спротивстави,оти се знае исходот на сето тоа....
3 болд--ТОЧНО!си одговори на погоре напишаното...
4 болд-- и да бил дечкото под некакви супстанци,незначи дека треба да биде претепан до смрт,постојат лисици,постои приведување и мирно решавање на сето тоа....
За првото, БРАВО за тебе штом можеш да живееш со фактот дека некој го убиле пред твои очи, а ти си киднал. Мојот ум не работи така, проверено на дело.
За второто, кога се работи за човечки живот, знам што не би сакала да ми се случи мене, па нема да му го направам на некој друг. Ти нема да му отидеш одблизу и да му речеш на џандартот: Ајде сега, насмевни се на камерата.
За четвртото, ако ти пијан или издрогиран пробаш да си играш со мене мајтап ќе те здрвам од ќотек или ќе ти викнам некој да те збумбари, ако веќе не можам јас. Ако ти се пијанчиш или се дрогираш е твој проблем, не е мој. Не те закачам не ме закачај! НО, во случајов кога се работи за полиција се согласувам дека полицаецот требал да се придржува до правилата. Не смее да го убие од ќотек, ама па од каде знаеме што направил дечкото? Може му удрил клоца или шамар... Додуша сега ќе ја знаеме само едната страна, за жал...
Не може да е толку проста приказнава, си има нешто кое ние не го знаеме. Почекајте малку изјава и од родителите, па после остро критикувајте.
ДЕЧКИТЕ КОИ БИ КИДНАЛЕ, НАМЕСТО ДА СПАСАТ НЕЧИВ ЖИВОТ, ПОДОБРО НЕКА НЕ ИДАТ НА ПРОТЕСТИ! Протестите не се за плачковци!
Само би ве замолила да имате малку усул со претпоставките, бидејќи на семејството му е најтешко. Загубиле некој сакан, загубиле 23 годишно дете, за кого живееле и работеле цел живот и сега наместо да му се радуваат, тие го спремаат за погреб. Не е убаво сега овде да го напаѓаме полицаецот, за кој не знаеме ниту дали бил таму или да велиме дека Даниел од Ѓорче бил пијан или наркоман... Да почекаме малку време, па после ќе си се вратиме на македонското, ќе фрламе со дрва и со камења по се` што мрда.