Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaphod Beeblebrox
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Навивачките групи би требало да присуствуваат на протестот
 
ептен избрзано ова го направија ... барем една недела да почекаа...:/
Да се дознае...да се расчуе
--- надополнето: Jun 6, 2011 6:10 PM ---
Дец рајт!! :) да знаеш и дека така ќе биде...
Мислам дека нема да се осмелат. Народов ептен е нафиферен.
 
Жално,,,, нека почива во мир.

После нека не се чуди "македонштината" зашто се повеке и повеке млади ја напуштаат државата.
 
Си било некогаш...некаде...

15178521.jpg

7768-riot-police.jpg

mi-greek-protests-fire-300-.jpg
 
Мислам дека многу подобро ќе беше да се почекаше со протестот до утре , од причини да се дознае подобро ситуацијата и секако да се организираме во поголем број како би дошле и ние кои не сме од Скопјето !
 
Мене ме чуди тоа што обдукцијата не покажала значи на насилство значи не велам дека човекот не е убиен ама помалку тука се претерува со шпекулации. Пак ќе кажам многу се лае а можеби ова има и политички мотиви и многу невистини. Ако на крајот се покаже дека е убиство јас сигурно би се потпишал во петицијата за распуштање на единицата Алфи.
 
овие апашиве што се прават шерифир имаат комплекс на супериорност спрема останатиот граѓанин и секогаш те уценуваат, на некој дечко му ја исдопирале женската со која си седел во парк, страмотилаци се, дај боже да ги снајде истата судбина како и лавовите.
подршка за протестот ако има во прилеп ќе присуствувам гарант, сочуство за момчето
 
Навивачките групи би требало да присуствуваат на протестот
НЕ НЕ секој граѓанин во државава треба да присутвува !! ама граѓаните имаат побитна ствар,партиите нивни затоа нема да се соберат затоа сме посерена држава и секојпат ќе останаме таква..Грците биле педери гнаси незнам што,кога таму џандарите убијаа дете народот ја запали цела држава!! Кога навивачите бараа подршка од вас ради репрасија од цајканите спрема навивачите,вие тогаш ги направивте навивачите хулигани и криминалци,сега гледате какви гнаси се тие !! Се надевам дека сторителите ќе се казнат спрема законот и ќе се распушти единицата АЛФИ еднаш засекогаш !! нека почива во мир Даниел.
 
По големи клошарана од Алфите нема, тоа се врвот на идиотизмот.

Лани со едно другарче не тресеа и замараа буквално цели 30/40 минути под Нова Железничка. Идевме од Центар накај Аеродром. На семафорите кај Собрание другаров кој седи на сувозачкото седиште случајно се врти на десно и се загледува у спротивната кола, Поло Класик со 3-ца Алфи во него. Од таму па се до Нова Железничка возат позади нас и точно под Железничка пуштаат сирена.

Се паркирам десно и седам у кола, доаѓаат, покажуваат значки и дрско викаат излезете од кола. Излагаме, зимаат не претресуваат, ни викаат тргнете се од колата по настра, зимаат цела кола ми ја тресат, уште малце фалеше и пластиките внатре да почнат да ми ги вадат, демек барале трава, сме им биле сумјиви зашто другаров ги погледнал на семафорите пред Собрание.

Кога видоа дека нема ништо почнаа со идиотски прашања, кај идеме, зашто сме ги гледале, па не проверуваа по лична карта, кај се движиме и сл. Другаров ги праша онака лабаво: зашто не држат толку време без потребно и кога планираар да не пуштат, и знаете што, доби онака баш вруќ шамар со изјава у стил: ќе ве држиме колку што сакаме.

Тоа е тоа, единица составена од тешки бараби и малоумници која редно време е да се распушти.

А на починатиот дечко нека му е лесна земја, жалосно за фамилијата.
 
Предупредување - колку и да сте гневни за случајов (а и јас сум премногу) не мешајте партиски работи. Продолжете понатаму со дискусијата и задржете ниво на дискусија како што треба.
 
Мене ме чуди тоа што обдукцијата не покажала значи на насилство значи не велам дека човекот не е убиен ама помалку тука се претерува со шпекулации. Пак ќе кажам многу се лае а можеби ова има и политички мотиви и многу невистини. Ако на крајот се покаже дека е убиство јас сигурно би се потпишал во петицијата за распуштање на единицата Алфи.
ништо чудно ако не прикриваат за да не се направат инциденти потоа
 
Навивачките групи би требало да присуствуваат на протестот
Не, не треба. Кога ние организиравме вакви протести многу луѓе не оцрнуваа пред телевизија и не нарекуваа Наркомани, Хулигани итн... Сега осетуваат и другите како стојат работите па одма нас не повикуваат али не, нека биде вака како поединец поддржувам али не и како навивач.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom