Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.
S

smexy

Гостин
Очигледно,новата влада донесе нов закон,доколку овластеник се сомнева дека одреден граѓанин во себе поседува било кој дел од растение од род Cannabis,овластеникот има целосна слобода да го убие осомничениот.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.968
Поени од реакции
73.921
Тоа е тоа, те фаќаат те малтретираат, ако видат дека се спротиставуваш и не се сереш од страв одма почнуваат со агресија. Мене ме фатија сред бел ден кај мене на игралиште, ми се разбрцаа по џебови и којзнае колку време ме умараа затоа што сум носел жица во џеб:ROFLMAO: Ми брцаа дури и во патики хахаха (како што ми беа усмрдени после фусдбал, се надевам дека прстите му рѓосааа после тоа:ROFLMAO:). Мојава населба е една од помирните во Скопјево, а патролираат цело време и они и обична полиција. Во 22 часот те малтретира кај одиш, зашто одиш таму и слично...
Другарка ја фатија пред куќа како си седи и ја малтретираа зошто не носела лична карта...
Тоа се воглавно ликови кои како помлади биоле на дното од општеството па сега сакаат да се истакна благодарение на тоа што зад нив го имаат целото судство и полицијата. Кај што има сила, таму нема правдина...
 

junksound

KILL Iluminate's
Член од
16 јули 2010
Мислења
133
Поени од реакции
9
катастрофа овие на алфифе треба ж***та да му ја ј***ш катастрофааа.....:(
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.417
Поени од реакции
16.694
Само јас ли иам пријатно искуство со Алфиве бе ?
Дури ми отворија гепек и не ми подметнаа ништо, а и си направив лајт муабетче со нив, нишо страшно не ми се случи.

Инаку не оправдувам полициска бруталност воопшто, жално е тоа што се случило и по не знам кој пат ќе запрашам, колку треба да бидеш без грам мозок за да убиеш некого со тепање. Тоа го прави само оној кој нема ни грам мозок и неговиот IQ се граничи со 0,1.
Сочуство до семејството.
 
С

Спенсер

Гостин
Млад е, не знае за процес. ;)
Мислам дека ова се однесува на мене...

Не се секирај,(знам и за процес,и кои беа тие што влегоа во процес), запознаен сум со работата на овие единици,и какви дечки т.е. непрофесионалци беа примени во нив.
Затоа ќе се дешава ова што се дешава,ништо чудно не е. И не оправдувам во никој случај.

Само,незнам до кога вака... дали овој глупав народ-овци некогаш ќе се освести.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
За тие што планираат да идат, наскоро ќе се тргне накај плоштадот и ќе продолжи потпишувањето на петицијата.




[via #daniel]
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Не знам што само се потресувате ко у Холандија да живеете па се нешто ви е чудно. Кај нас да некој излезе на телевизија, заколе бебе и му ја испие крвта, не би ме изненадило ама ич. Животот тука не вреди пет пари, освен ако не си дел од елитата, која и така и така или купува нешто во Солун, или е на одмор на Крф.
 
Член од
2 јули 2007
Мислења
465
Поени од реакции
39
Поминав од парк, имаше околу 200 луѓе на сепарињата, а враќање видов 7/8 марици и едно оклопно возило, така да очекувајте појачување.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.042
Поени од реакции
45.702
У 2001 кога кршеа све живо и диво у град сум бегал од полиција без притоа ништо да не направам, јас во случајов сум криминалец ? Или сум се нашол на погрешно место во погрешно време ...
Само оние кои немаат никакво искуство со плавиов оркестар тераат на такви претпоставки, кај многу други луѓе ( алудирам пред Се на младинава ) тоа е инстикт бидејќи знаат за што се спремни исфрустрираниве, мислите некој вас ќе ве праша во такви ситуации што, како, зашто и откако ќе видат дека благе везе немате со одредени девијантни појави, ќе ве остават на мира ? .
Има да игра пендракот а и вие уз ритамот даден од амебовидниот диригент. Прашајте некој од навивачкиве групи зашто луѓево под дифолт знаат да бегаат од џандари а во меѓувреме ништо не направиле.
Објаснување они не бараат, они бараат мета за да лечат комлекс, ко детево што било убиено, па да земеш да тепаш беспомошно дете, кое не давало отпор, и ти тоа да го правиш дур истово не умре, стварно треба да си умоболно створење кое заслужува болна и спора смрт, па макар и малиов да правел нешто што е окарактеризирано ко кршење на постоечки закони.

Сигурно објаснувањето погоре од Тончи до некаде ќе биде утешително за неговото семејство ..

п.с. Какви обиди за револуции какви бакрачи, не терајте на сценарија каде се поврзува и политика и користење на вакви ситуации за смена на еден систем за да некој трет прогитира, ова е порелевантно ( или, треба да биде порелевантно, незнам како да ја формулирам реченицава а истава да е аналогна на нашево општество )и од СДС, и од ВМРО ДМПНЕ, и од ЈА СУМ А1, и од ДУИ ...

п.п.с. Вчера беше Даниел, утре можеш да бидеш и ТИ !
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Очигледно,новата влада донесе нов закон,доколку овластеник се сомнева дека одреден граѓанин во себе поседува било кој дел од растение од род Cannabis,овластеникот има целосна слобода да го убие осомничениот.
А по виртуелниов свет виреат и такви кои сметаат дека тоа е сосема оправдано...
Не знам што е полошо...
Како и да ова е јасна слика на ситуацијата...
 
С

Спенсер

Гостин
А по виртуелниов свет виреат и такви кои сметаат дека тоа е сосема оправдано...
Не знам што е полошо...
Како и да ова е јасна слика на ситуацијата...
Не зезај,кој го оправдува ова? претепување до смрт... нема шанси ова да биде оправдано
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
За тие што планираат да идат, наскоро ќе се тргне накај плоштадот и ќе продолжи потпишувањето на петицијата.




[via #daniel]
Слаб е одзивот или само мене така ми се чини ? :/

Трагично е ова во секој случај, и ако не се крени поголема галама, ќе се заташка работата како и обично.
 

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Кој кур се дешава со нашава проклета, проклета, најпроклета држава? Кој му дал право бе да го утепа, кој кур сака нека напраил, и да го гледал да се брца у вена, ништо не му дава за право да го претепа до смрт, педерче безмозочно идиотско!
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Слаб е одзивот или само мене така ми се чини ? :/

Трагично е ова во секој случај, и ако не се крени поголема галама, ќе се заташка работата како и обично.
Има нешто повеќе од 200 луѓе, сега тргнаа накај плоштад
 
С

сашенко

Гостин
Све мислам дека ке се заташка работава и ништо нема да биде.Пазете тие што се потпишувате да не тргнат по ред по списоков
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom