По ова што го видов денес, Роџер може да изигра уште 2 сезони врвен тенис како ништо.Се оприметува дека се има опуштено и дека почнал да живее нормален живот и дека времето кое порано го поминувал тренирајки постојано сега добар дел од него го посветува на своето семејство.Еве малце повеќе тренирал за Роланд Гарос и одма се гледа драстична промена во неговата игра и повторно игра врвен тенис.Сеуште има квалитет да се носи со сите на атп листата и без проблем да освојува гренд слеми ама тенисот не му единствената важна работа во животот и сосема разибрливо е да очекуваме полека полека повеќе време да поминува со своето семејство.Мотивација да игра и да се натреварува сеуште има во него, сила дефинитивно има, единственото нешто кое сега го разликува од Надал и Џокович е тоа што не вложува толку време колку тие тренирајки.А во спортот знаете како одат работите.Колку повеќе работиш и колку повеќе време посветуваш толку поголеми резултати постигнуваш.Без напорна работа нема ништо.Роџер успева да им конкурира на еден куп тенисери и да го држи тоа 3то место и да остане недопирлив таму и покрај тоа што работи значително помалце од некои други.Нема сомнеж дека е најдобриот тенисер на сите времиња.Не само по резултати, туку и по многу работи кои го прават еден од најголемите спортисти кои чекореле по земјата.Горд сум што живеам во време кога сеуште играат едни вакви шампиони.Ретки се ваквите луѓе во спортот, треба да сме среќни што ги имаме...Денеска се појавуват некои кои мислат дека се интересни ако емитираат колеги по тениските терени и кои мислат дека ако ја забавуваат публиката на тој начин постигнале нешто.Немаат култура,пцујат по тениските терени и изграваат кловнови зошто тоа е најдоброто што го можат.Тоа не е спортист за мене и никогаш нема да биде.Цел живот ке навивам за надал ама Федерер е еден од оние спортисти на кои има се дивам и има многу работи кои повеќе ги ценам кај него отколку кај надал.Се надевам дека ке уживаме во неговите игри уште некоја година..