Најдобар бурек според вас прават во...

  • Креатор на темата Креатор на темата Necrophilia
  • Време на започнување Време на започнување
Жан-мари Лептокари одма до Енрико питата со спанаќ и бурекот со сирење у 10 сат сабајле на голем одмор лелеле мераци
 
Свети Николе кај Државна;)
 
Бурекот во „Коки“ кај Кјуби (посебно со месо) ми е фаворит во последно време. :)
 
Три години откако студирам во Скопје, поубав бурек од тој во „Елида“ кај ТЦ „Мавровка“ немам јадено.
И имаат најпрекрасна и најљубезна услуга што може да постои! :)
 
Сите имаме по некој пост во темава, ама критериуми за убав бурек... никој не пишал а се е индивидуално
 
Нема боље од бурекот у Дени 2003, у Олимпико, карши Студентски.

Пица, сирење-луто пиперче, месо... Се’ им е топ.
Вегера се искурназија со цени, а често им е тврд и штедат на зајре.
Во маалската фурна Чаир ценам симит!

Мала антиреклама - Специјал у задње време, месото за бурекот ко да не го допржуваат. Купив четвртина пред некој ден, сабајлечки, и бурекот корнеше на живо месо.
Не го изедов, али не го ни вратив, само памет за друг пат - бурек од Специјал, никад више.
Ете така.
 
Кај мене во маало, одамна си работи бурекџилницата (мислам Бато се вика). Преубав бурек, иако само до 12 на пладне има.
 
Три години откако студирам во Скопје, поубав бурек од тој во „Елида“ кај ТЦ „Мавровка“ немам јадено.
И имаат најпрекрасна и најљубезна услуга што може да постои! :)

Дали тој бурек е тој босански/сараевски? Зашто ако е тој - во право си. Најбоље бурек до сеа што сум го јадел!
 
Дали тој бурек е тој босански/сараевски? Зашто ако е тој - во право си. Најбоље бурек до сеа што сум го јадел!

Имаат посебно бурек (со луто сирење, сирење и месо) и сараевска (со месо и сирење) ама нема промашување.
 
Само со месо јадам и по можност ладен јогурт..... мх мх прсти да излижеш.
 
Во Клас Кичево најубав е, нема подобар :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom