Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.097
Немав купено хамбургер од Седмица којзнае од кога. Од хамбургерот купен вечерва, си викам WTF се случило со хамбургерот кој две децении беше поим за хамбургер? Само што го изедов еден од најгрозните хамбургери кои некогаш сум ги изел, а воедно најскапо платен.
Лепчето
Ако порано сендвичот беше џиновски и убедливо најголем, лепчето сега е намалено и е со големина како во било која чкарт сендвичара. И беше суво и бајато.
Кечап и мајонез
Ако порано хамбургерот гргаше од кечап и мајонез и кога ќе гризнеш џвркаше сочно на сите страни, сега хамбургерот е ко да го фатила суша. Суво лепче + дефицит на кечап и мајонез, залаците одвај проаѓаат низ грло. Без 2-3 чаши кока кола за да ги подбутнувате залаците, постои опасност да се задавите.
Плескавицата
Намалена во дијаметар исто како и лепчето (што значи и во грамажа), а сменета и смесата. Ми личеше на вкус како смесата да има повеќе леб отколку месо.
Дефинитивно последен пат фрлени 130 денари за хамбургер од Седмица.