Креационизам наспроти еволуционизам

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа ми беше зборот и мене :)
“It is an enormous problem, how you could get together in one tiny, sub-microscopic volume of the primitive ocean all of the hundreds of different molecular components you would need in order for a self-replicating cycle to be established.”
Тоа е проблем на абиогенезата а не на еволуцијата, до сега под лабораториски услови сеуште не успеале да создадат днк иако успеале во создавање на аминокиселини. Без разлика дали веруваш дека бог не создал или дека сме дошле од метероит, вонземјани, друга димензија ништо од наведеново не ја негира еволуцијата зошто таа не се бави со настанокот на животот.
Ајде уште малку да видиме факти против еволуцијата.

Една примитивна бактерија има помалку од 500 гени. Човекот има околу 22.400 гени (Поправете ме ако сум грешка). Од ова логички следува дека има разлика од 20.000 (и кусур)гени. Е сега, колку да имало мутации (еволуции, адаптации што и да е) без разлика дали се позитивни или негативни во било кој контекст, имаат влијание само на постоечките гени. НИКОГАШ не е забележано дека некој ген мутирал во два нови гена. Ова според мене е потврда дека природната селекција е возможна во рамките на еден вид.
Ова го покажува твоето незнаење за еволуцијата. Then again шансите дека ти си го напишал ова се минимални, од кој креационистички вебсајт го превзеде ова? Да ти појаснам, еволуцијата не работи на тој начин туку преку акумулирање на гени во период од илјадници-милиони години сите една по една незабележителни и безначајни се случува тоа мутирање, можеби си чул за дупликација на гени (gene duplication) или сакаш линк да ти пратам? Сакаш да ти пратам линкови каде е документирано зголемување на гени за краток период? Не сакаш...

И да, еден ген не мутира во два нови но тоа не го тврди еволуцијата тоа го тврди креационистичкиот сајт од каде најверојатно си го превземал ова. И на крај запамти дека се работи за процес кој траел неколку милијарди години.

Другите делови го тврдат фактички истото па нема потреба и тие да ги разложувам...
 
Тоа ми беше зборот и мене :)
“It is an enormous problem, how you could get together in one tiny, sub-microscopic volume of the primitive ocean all of the hundreds of different molecular components you would need in order for a self-replicating cycle to be established.”
Игорче, вака или така, животот мора некаде да настанал. Дали на оваа планета, дали на некоја друга, не е битно, битното е дека мора од "нежива" материја да настанала "жива".
 
Хмммм, сеа, уште да ни кажиш како се случил тој „скок„ од нежива во жива материја...
Но да, одговорот „...сега не го знаеме, ама ќе го дознаеме..„.
 
Веќе ги спомнав бактериите што јадат најлон. Еден ген претрпува дупликација. Едната од копиите ја задржува старата функција, а другата еволуира нова функција. Тоа е најпрогресивниот пат за еволуирање. Се задржуват старите карактеристики, а се формираат и нови. Причина: селективниот притисок на средината. Друго, кај новороденче на човекот се заблежуваат до 30 нови карактеритики во гентскат структура кои кај родителите ги нема. Тоа се 30 нови мутации кои се случиле во ембрионалниот период. Ти си тотално во право кога велиш дека никогаш не е заблежано од постоечки ген да мутираат две нови форми. Но, затоа е заблжано појавa на само една нова форма :)

Хмм ок, ќе с епотрудам да подразгледам околу бактеријата што јаде најлон дали нависитна има претрпено дупликација.
--- надополнето: Jun 2, 2011 12:21 PM ---
Ако еволуцијата не е факт, како ги објаснуваш живите организми кој ги посочивме а не постоеле пред неколку векови или децении? Како на пример бактеријата која се храни со најлон, или инсектот Righoletis Palmonella? Бактеријата не постоела пред создавањето на најлонот како вештачки материјал од човекот пред 80-тина години, а Инсектот не постоел до пред неколку векови, кога за првпат биле донесени одреден вид на јаболка на северноамериканскиот континент! Значи овие се примери кој неможе да се негираат! Тука се и нивното постоење пред одреден период не е можно, бидејќи зависат строго од услови создадени од човекот!
Втора работа! Незнам за што тоа немам познавања и аргументи во одност на гаолошката активност на земјината кора, и поврзаноста нејзина со разместеноста на фосилите, како што се познатите примери на морски фосили од животни, најдени на планински врвови.

Околу бактеријата со најлонот и другите прашања ќе одговорам покасно.
 
Игорче, вака или така, животот мора некаде да настанал. Дали на оваа планета, дали на некоја друга, не е битно, битното е дека мора од "нежива" материја да настанала "жива".
Ботче......битно е ти Бот да си бидеш, што се секираш за други работи.
Инаку за твоја информација материјата не е примарна, туку е проекција на нешто друго.
Ама кај и да е за пар год. и ти ќе разбереш.
 
Ова го покажува твоето незнаење за еволуцијата. Then again шансите дека ти си го напишал ова се минимални, од кој креационистички вебсајт го превзеде ова? Да ти појаснам, еволуцијата не работи на тој начин туку преку акумулирање на гени во период од илјадници-милиони години сите една по една незабележителни и безначајни се случува тоа мутирање, можеби си чул за дупликација на гени (gene duplication) или сакаш линк да ти пратам? Сакаш да ти пратам линкови каде е документирано зголемување на гени за краток период? Не сакаш...

И да, еден ген не мутира во два нови но тоа не го тврди еволуцијата тоа го тврди креационистичкиот сајт од каде најверојатно си го превземал ова. И на крај запамти дека се работи за процес кој траел неколку милијарди години.

Другите делови го тврдат фактички истото па нема потреба и тие да ги разложувам...

Види ако сакаш да с едокажуваш дека имаш некакви си големи познавања од секоја област продолжи немам проблем. Досега имаш лупнато многу глупости.

А сега кон постот. Јасно си пишав доле ако имаш здраворазумски контраргумент ќе го прифатам. Велиш дека е точно дека еден ген не мутира во два нови а дека тоа не го тврди еволуцијата. Епа пријателе мојот пост не е препишан од никаде за разлика од твоите, тоа е сублимација на она што јас го гледам како логично. А токму тоа горе болдот ме натера да го напишам.

Спомнуваш дупликација на гени, значи да еден ген не мутира во два нови ама дупликација на гени:) - Ок ќе се потрудам да подразгледам нешто повеќе околу тоа пред да ти дадам контра аргумент.
--- надополнето: Jun 2, 2011 12:31 PM ---
Игорче, вака или така, животот мора некаде да настанал. Дали на оваа планета, дали на некоја друга, не е битно, битното е дека мора од "нежива" материја да настанала "жива".

Ај жити мајка појасни го ова МОРА ОД НЕЖИВА ДА НАСТАНАЛА ЖИВА??? Мора да е така оти е логичко следство дека на почетокот немало живот а бидејќи нема погорно битие во твојата логика па од нежива станала жива??? Не е убедливо пријателе.

Еволуцијата друже не е теорија. Еволуцијата е докажана и еволуција друже, постои!

Никој не вели дека не постои еволуција - само зависи што ти подразбираш под тој поим.
И зашто има луѓе кои не се слагаат со тоа? Остај тука на форумов него зборуваме за еминентни луѓе ширум светот?
 
Види ако сакаш да с едокажуваш дека имаш некакви си големи познавања од секоја област продолжи немам проблем. Досега имаш лупнато многу глупости.

А сега кон постот. Јасно си пишав доле ако имаш здраворазумски контраргумент ќе го прифатам. Велиш дека е точно дека еден ген не мутира во два нови а дека тоа не го тврди еволуцијата. Епа пријателе мојот пост не е препишан од никаде за разлика од твоите, тоа е сублимација на она што јас го гледам како логично. А токму тоа горе болдот ме натера да го напишам.

Спомнуваш дупликација на гени, значи да еден ген не мутира во два нови ама дупликација на гени:) - Ок ќе се потрудам да подразгледам нешто повеќе околу тоа пред да ти дадам контра аргумент.
Не го сфаќај како навреда друже, и јас не знам многу работи за многу работи. Само разликата е што јас не се обидувам да се докажам дека сум знам работи кои во суштина не ги знам, затоа и не стапнувам на теми како економија или светска политика на пример. Викаш сум тропал глупости? Посочи сакам да видам.

Дупликација на гени не вели дека еден ген да се создадат два ко што тврдеше ти туку да се дуплира и да се додаде уште еден, а не два и ко што знаеме од проста математика 1 =/= 2
 
Не го сфаќај како навреда друже, и јас не знам многу работи за многу работи. Само разлика е што јас не се обидувам да се докажам дека сум знам работи кои во суштина не ги знам, затоа и не стапнувам на теми како економија или светска политика на пример. Викаш сум тронал глупости? Посочи сакам да видам.

Дупликација на гени не еден ген да стане два ко што тврдеше ти туку да се дуплира и да се додаде уште еден, а не два а ко што знаеме од проста математика 1 =/= 2[/quote]

Ок разјаснивме околу познавањата:) Ќе сметаме дека е недоразбирање. Не ти ја разбрав последната реченица. Ќе појасниш ли?
 
Ок разјаснивме околу познавањата:) Ќе сметаме дека е недоразбирање. Не ти ја разбрав последната реченица. Ќе појасниш ли?
Значи, недоразбирање. Јас те сфатив ко од еден да ќе се создадат уште два и фактички ќе испаднат три, тоа еволуцијата не го тврди. Како и да е, дупликацијата е реална работа. Линк сакаш? :)
 
Најпрецизно кажано, еволуцијата е хипотеза, слично како и Кант-Лапласовата хипотеза за настанокот ан Сончевиот систем. Хипотезата станува научна теорија откако претпоставките ќе бидат потврдени со научниот метод. Еволуцијата не е потврдена со научниот метод. До сега сите експерименти што се вршеле со убрзани мутации (со помош на X зрачење на пример на вински мушички) еволуцијата не била потврдена.
 
Хм, иди брзo кажи им го ова нека престанат да ја викаат The theory of evolution.
 
Ботче......битно е ти Бот да си бидеш, што се секираш за други работи.
Инаку за твоја информација материјата не е примарна, туку е проекција на нешто друго.
Ама кај и да е за пар год. и ти ќе разбереш.
Одамна немаме видено твој бисер.
Но...
cut-the-crap.jpg

--- надополнето: Jun 2, 2011 12:48 PM ---
Ај жити мајка појасни го ова МОРА ОД НЕЖИВА ДА НАСТАНАЛА ЖИВА??? Мора да е така оти е логичко следство дека на почетокот немало живот а бидејќи нема погорно битие во твојата логика па од нежива станала жива??? Не е убедливо пријателе.
Виде и самиот дека во наводници го ставив тоа жива и нежива.
Животот некако мора да настанал од обична материја, преку различни процеси. Некаде тоа морало да се случи.
 
Хм, иди брз кажи им го ова нека престанат да ја викаат The theory of evolution.

Јас реков како е најпрецизно да се нарекува и секако дека има научно прецизни луѓе кои така и ја нарекуваат. Напиши на Google "hypothesis of evolution" и ќе добиеш 190.000 веб страни што ја содржат оваа фраза. Исто така има луѓе што и Кант-Лапласовата хипотеза ја нарекуваат "теорија" ама сепак сите знаеме дека таа е хипотеза. Така што тоа како некој ја нарекува еволуцијата не значи ништо. Ти можеш и факт и аксиома да ја наречеш, ама тоа нема да ја направи факт/аксиома. Затоа реков дека најпрецизно е да се нарекува тоа што е - хипотеза, и аргументирав зошто е тоа така.
 
The theory of evolution има 11 милиони резултати, што правиме сега?
 
Значи, недоразбирање. Јас те сфатив ко од еден да ќе се создадат уште два и фактички ќе испаднат три, тоа еволуцијата не го тврди. Како и да е, дупликацијата е реална работа. Линк сакаш? :)

Ok ајде вака, кога велиш дупликација веројатно мислиш на нормалниот процес на репликација на ДНК. Значи кинење на молкуларната врска помеѓу нејзините бази (аденин тимин цитозин гуанин и урацил) и во биомолекуларен процес ланците на ДНК кои се ионака доста комплицирани повторно се врзуваат со нуви нуклеински киселини и создаваат нови копии. СЕ СЛОЖУВАШ ДО ТУКА ПРЕТПОСТАВУВАМ. Бидејќи нуклеинските киселини мора да се спојат во сторго одреден пар (мислам аденин со тимин и цитозин со гуанин или урацил - не сум сигурен на памет и јас) значи се исловени со многу слични молекуларни структури.
Значи новиот реплицираниот ланец на ДНК го има истиот молекулски распоред како и мајката ланец од која потекнува.

Веројатноста да се случи мутација е од ранг 10 на -7 до 10 на -9 та степен.

Значи дали можеме да прејдеме преку се ова и да кажеме да настанало мутација при репликацијата и имало еволуција во погорен вид во текот на милијарди години?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom