Donald Sikert
Jane Vitington
- Член од
- 28 ноември 2008
- Мислења
- 8.283
- Поени од реакции
- 5.614
Зошто постојано прашува исти прашања кои му се стопати одговорени и кога ќе му се одговорат тропа глупости од типот на "аха, а ова е твое видување?" или "од каде знаеш дека е така?", па и се инати цело време. Jaс мислам дека е одговорено ама ќе одговорам пак.
Имаш наука се вика абиогенеза и таа се бави со настанокот на животот а ова е тема еволуција, значи мешаш овде, еволуцијата се бави со тоа како еволуирал животот а не како настанал. Можеш да веруваш во бог а да прифатиш еволуција. Сега да ти одговорам на прашањето... Погрешно си информиран од пропагандите на креационистите, при прави услови секогаш се успева тоа "случајно групирање" на аминокиселините кои се основни градбени единки на протеините кои се дел од секое живо суштество.
Е сега, шансите да се погодат тие прави услови од десет планети се многу мали ама само во нашата галаксија има околу 50 милиони планети кои се наоѓаат во таканаречената "златна средина" и можат да поддржат живот. Пред дваесетина години се мислеше дека не постојат планети надвор од сончевиот систем, денес се откриваат илјадници. Еве го и експериментот со аминокиселините
Второто прашање, тие слоеви постојано се менуваат за тоа сме сведоци денес и затоа има поверодостоен метод на мерење кој се вика радиометриско датирање. Има и други методи кои покажуваат кон истото време. Наука...
Bunk момче не си во право. Ако не сакаш да ја мешаш абиогенезата во ред нема проблем. Ако се одлучиш да разговараш тогаш не ми давај линк од википедија за Милер-Уреовиот експеримент

Истото важи и за радиометрискито датирање. Само нафрлено од твоја страна. Не ми треба тоа, многу убаво знам (и појќе од тебе верувај ми) за тоа. Ме интересира ти како логички го побиваш моето наведено? Како судите здраворазумски со поврзување на фактите.
Ако можеш така да комуницираш ок. Немој со линкови те молам.
Оваа твоја реченица "Има и други методи кои покажуваат кон истото време. Наука..." што значи? или си стаи Наука и три точки и се треба да е јасно

Пак ако можеш обиди се да дадеш свое размислување ако не здравје.
--- надополнето: Jun 2, 2011 10:23 AM ---
Кои аминокиселини?
#2747