Келнерите низ локалите

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување
Затоа јас си одам на 1 место за јадење и 1 место за кафе кај што одам да пијам кафе ми носат одма само што ќе стигнам затоа што стално исто пијам и не чекам ич ;)
 
Во Мекдоналдс секогаш ама секогаш се културни, насмеани и услужливи, за тоа тој ресторан впрочем и е познат, една од неговите главни карактеристики. Исто така и услугата во Џино, Енрико и сл. е перфектна.

Ама оние од Пјаца Либерта спроти ЈБТ се на Господ бељата. Дека учев во ЈБТ средно и еднаш неделно најмалку таму бевме, само една келнерка од кај нив е културна, поцрна девојка и уште еден помлад дечко кој мислам дека им е главен на персоналот. Тие двајца и кога се расправаат со останатите и ќе ги викнеш одма насмевка ставаат на нив. Другите се кои од кои. Едни двајца постојано се опседнати со кладилници, вртат на телетекстот секои 15 секунди во просек, не гледаат ако креваш рака, ако ги викнеш ти праќа поглед како да си му убил фамилија и ти ја треска чашата од маса. Еднаш се учеше во сабота и дојдовме во сабота на кафе и едниот од тие кладилничарите какви фаци ни правеше ко ние да сме му биле криви што е во сабота во 9 на работа.
Од женските има една плава што никогаш не се смее и префрлува очи кога ќе и порачаш нешто, а не дај Боже вода да и порачаш, ќе ти ја донесе топла со едно топче мраз, таква вода подобро не пиј, на 200 метри фонтана имаш од тука.
 
Многу слично на еден исфрустриран келнер од Плаза дел Торос. Инаку оваа плавата исто понекогаш е и во Плаза, пошо е истиот газда на двете.

Од местава кај што сум бил низ Скопје, најубаво услужен, онака најпријателски, било во поранешно Пипл позади Пјаца (не знам сега како се вика). Таму скоро секогаш имаше различни келнери, ама сите беа расположени, ведри, насмеани...
 
Во палма во рамстор што е таа плавата келнерка е ко Lurch од фамилија Адамсови. Многу нељубезно суштество. Којзнае дали уште работи таму.
 
Никаде нема добри келнери. Џабе им е. Се вработиле како келнери а не сакаат да те услужуваат. Ќе им нарачаш уште една чаша вода и го гледаш со брадата до под спуштена се влечка до шанкот, како да си го пратил на смртна казна. Ти доаѓа по 2000 години и 4 месеци со чашата вода, која е толку топла што моеш за бричење да ја користиш. Мраз добиваш само од убитачниот поглед од келнерот поради тоа злодело што си го направил што си нарачал вода. Иначе тактики за да бидат со тебе поуслужливи нема. Ако си построг - уште полошо, те мразат. Ако си пофин - ееее братче извини зафатен бев, еве ја водата. Единствено се брзи коа им завршува смената коа треба да ти ја донесат сметката.
 
Многу слично на еден исфрустриран келнер од Плаза дел Торос. Инаку оваа плавата исто понекогаш е и во Плаза, пошо е истиот газда на двете.

Од местава кај што сум бил низ Скопје, најубаво услужен, онака најпријателски, било во поранешно Пипл позади Пјаца (не знам сега како се вика). Таму скоро секогаш имаше различни келнери, ама сите беа расположени, ведри, насмеани...
Да се надоврзам, бившото Пипл сега се вика Remezzo, сум бил во поново време и сум презадоволен, баш пријателски се однесуваат
А за услугата, менаџерот/газдата треба да води сметка... На крај краева, не е ни секој за келнер...
 
Никаде нема добри келнери. Џабе им е. Се вработиле како келнери а не сакаат да те услужуваат. Ќе им нарачаш уште една чаша вода и го гледаш со брадата до под спуштена се влечка до шанкот, како да си го пратил на смртна казна. Ти доаѓа по 2000 години и 4 месеци со чашата вода, која е толку топла што моеш за бричење да ја користиш. Мраз добиваш само од убитачниот поглед од келнерот поради тоа злодело што си го направил што си нарачал вода. Иначе тактики за да бидат со тебе поуслужливи нема. Ако си построг - уште полошо, те мразат. Ако си пофин - ееее братче извини зафатен бев, еве ја водата. Единствено се брзи коа им завршува смената коа треба да ти ја донесат сметката.
дај им 20 денари бакшиш
Следен пат види како има да се тепаат да те услужат , особено во маалските поефтини кафичи
 
ако газдата му дава 200 денари дневница или пак го лаже и ич не му дава зошто тогаш да се мачи да биде услужлив.. Мој другар работеше цел месец и газдата уште пари му нема дадено како сакаш да имаат мотивација за работа? Според мене газдите си играат играчки со луѓето.. Нека му даде процент од прометот па ќе видиш дали нема да биде услужлив..
 
Нека напушти работа ако е таква ситуацијата... Зошто да работи и да не добива ништо, кога може да не работи и пак да не добива ништо. Бар нема да шири негативна енергија и да прави луѓето што се муштерии да се чувствуваат ко да го збрцале со вилушка.
 
Најголемата вина е секако до газдите. Не можеш да очекуваш добра услуга ако газдата си ги третира вработените како стока, не им плаќа редовно, или пак ако става по еден вработен на 200 (тропам) маси, во најголемиот шпиц. Бавната услуга е знак на лоша организација, а келнерите не се задолжени за организацијата, значи не е нивна вина. Понатаму, келнерите се само луѓе, нормално е да им се случува да имаат лош ден. Е доколку секој ден им е лош ден, вината е повторно кај газдите, што ги чуваат ваквите вработени.
Од кај впечатокот дека работат ради реда? Голем (ако не и најголем) дел се студенти кои МОРААТ да работат. И замислете, академски граѓани послужуваат типови/типки со 2 грама мозок, кои се однесуваат како да им се господари. Зарем е логично да се очекува да нема фрустрација? Од друга страна, и од гостите има купишта искомплексирани кои мислат дека со парите го купуваат келнерот, што е далеку од вистината. Гостите плаќаат само за она што го нарачале, додека персоналот го плаќа газдата, а со чии пари, не е воопшто битно.
Сепак, во суштина, проблемот е во непрофесионализмот. Доколку си се нафатил на нешто, направи го како што треба. Но, покрај толку непрофесионализам во секоја пора на државава, мене лично, ни на крај памет не ми е да ги критикувам келнерите.
 
Брза услуга и фини келнери имам сретнато во Кафе Кафе, ептен се пријателски настроени. Тука најверојатно улога си има и газдата кој е претерано другарски настроен со нив и добар со сите гости.
 
За жал не се само келнерите во вакви ситуации.
Се погоди вчера да поднесувам за мастер картичка во нлб ,и што да кажам , јас како нов корисник наместо да бидам услужен на ниво тие ме пуштија пенкало да си барам затоа шо на госпоѓата и било едно ...
Незнам дали ова само го има кај нас и во некои други балкаснки земји ,али во други држави каде што сум бил вон балканов секаде тие што требало да те услужат,тоа го правеле на фин начин.
 
Помислив темата е нешто у стил “Леле, сте ги виделе ли келнерите низ локалите, колку јаки типци се...“ а оно било за послугата :)

Шегата на страна, девојките и дечките кои го работат ова во голем дел се почетници, непрофесионални, во борба за некој денар, луѓе со проблеми како и сите ние, па може да им се погоди и лош ден.

Работа цел ден на нога не е лесно, посебно за грбот и вените... затоа имам разбирање и кога не ми носат вода со еспресото или не ја донесуваат ако им речам.

Во исто време додека го носи еспресото, во анцерот може да стави и вода ; )
 
А за тоа колку еспресото е еспресо да не збориме...
 
Да се само келнерите "услужливи" ајде де. Ама мислам дека кај и да влезеш ретко ќе налеташ на услужлив, љубезен, културен и насмеан персонал. Влегуваш у аптека и чекаш вработената да си напраи муабет со ќерка и шо да зготви, колку сол да стаи у ручекот. Одиш во бутик уште ќутек да добиеш шо си влегол. Во продавница за чевли наместо да те услужат, те гледаат како теле додека прашуваш за одреден модел. Во пицерија те услужуваат после пола саат чекање, за да ти кажат дека пицата ќе ти биде готова за 15-20 минути, а ти ја носат после 1 саат. Од банка ти стига порака дека ти е готова картичката, одиш да си ја земеш, а кутрите немаат информација дека ти е готова и нормално те шетаат по неколку пати. Се јавуваш кај кабелскиот оператор за да прашаш зошто немаш кабелска и покрај тоа шо ти се платени сметките, а вработениот ти вика дека задремал и по грешка стиснал некое копче.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom