Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Абе со Хлеб што ќе правиме? :sneaky:
 
Заврши операцијата на Капитенот . . . Успешно секако . . .
--- надополнето: Jun 1, 2011 4:54 PM ---
Barcelona look for an experienced striker who'd accept to be sub: Kanoute (Sevilla 33), Forlan (Atletico 32), or Guiza (Fenerbahce 30)
 
уффф.. топ :) кој и да дојде од овие екстра ќе биде,на Форлан најголема предност му давам но и Гуиза не е лош.
Кануте ми е некако многу голем за во Барса :)
 
Вчера како и во предходната недела шпекулациит беа други, затоа за Роси и Санчез се збореше најмногу на фан клубов. Денес ситуацијата е друга, се спомнуваат играчи како Кануте, Форлан, Гуиза, играчи налик на Ларсон, нешто што го спомна вчера Ајсбој.

Можеби со оглед на играчкиот капацитет на нападот на Барса ова е најдобро решение, односно да не се фрлаат многу пари за напагач а воедно да се купи солиден шпиц, еквивалент на Ларсон, играч кој ќе влага од клупата и ќе има добринос во победите на Барса, ќе знае да реши утакмица и слично, нешто што беше случај кога Ларсон беше во тимот.
 
Заврши операцијата на Капитенот . . . Успешно секако . . .
--- надополнето: Jun 1, 2011 4:54 PM ---
Barcelona look for an experienced striker who'd accept to be sub: Kanoute (Sevilla 33), Forlan (Atletico 32), or Guiza (Fenerbahce 30)

Од овие само Форлан може да ни заврши работа.

Кануте и Гуиза се тромави :)
 
Курац. Администрацијата на Росел се покажува како катастрофално лоша во трансфери.

Чики до сеа ќе го имаше потпишано Роси и ќе беше во преговори за Фабрегас.

Од кога дојде Зуби му требаше цело лето за Адриано да го донесе. Да не се умешаше Росел директно ни Маскерано немаше да го земат.

Зошто би се земале потрошени фаци како Кануте, Форлан и Гуиза не знам. Двајца од нив не одговараат на ниту една од карактеристиките на напаѓач во формацијата на Пеп.

Роси, Фабрегас и централен бек. Просто, едноставно и остварливо. А очигледно истото го сакаат и Пеп и Виланова.
 
Едноставно е. Дотолку се донесе Роси, тоа ќе значи нарушување на хармонијата во тимот, бидејќи е релативно млад, но и секако тој не би прифатил да биде резерва. Виља, Педро и Меси ќе бидат прва опција напред и следната сезона.

За Роси ке се потрпшат сигурно над 20милиони евра, што дефакто му става етикета на првотимец, а откако ќе грее клупа неколку натпревари веднаш медиумите ќе му го наметнат притисокот на промашен трансфер и слично, што секако ќе има влијание на неговата игра, па нема да може да го искаже цел потенцијал кога ќе влегува во игра.

Дотолку дојде Форлан, останативе двајца споменати би биле промашај, докажан шампион и убица.. од него ќе се очекува, а и самиот е свесен дека би бил само како подршка цела сезона, бидејќи е во залезот на кариерата, а воедно е достапен за многу пониска цена.
Првенствено, треба да се бара напаѓач кој би се помирил со статусот резерва, а тоа неможе да се очекува од млад играч. Со клвалитетен и искусен центарфор на клупа, спремен да одговори квалитетно на предизвикот во било кое време, Виља и тоа како ке ја сфати сериозно конкуренцијата и тогаш ќе почнеме да ги гледаме вистинските партии од него.

Несмее да се заборави дека наредна сезона ќе имаме адаптиран Афелај, и една година поискусен Бојан.. никаков млад напаѓач не е потребен.
 
Затоа најпаметно е да земаат некој млад оти Виља има 30 години па тој ке биде некогаш резерва некогаш стартер тоа е најпаметниот потег, Наредната година кога Виља ке има 31 година после Роси/Вилиан/Санчез/Афелај може да си биде стандартен првотимец.
Што мислите да прајме со старци во тимот мие Јувентус дане сме ?
Да треба да се земе и еден млад стопер убаво си кажа Стар даст, оти Пујол и Абидал се над 32 години најидеално е да се бара некој што ке биде рамо уз рамо со Пике и тоа да биде млад колку него, и да бидеме полни со сила за во иднина.
за Средина незнам што да речам Фабрегас ако дојде исиот случај ке биде што и со Чави затоа што и Чави има 31, само го имаме Тиаго во тимот затоа незнам што да речам доколку се оствари овој трансвер мислам дека Тиаго ке има многу помалку минутажа наредната сезона.
Да бев јас воопшто немаше да го ангажирам ке си најдев некоја солидна замена за Чави и Иниеста а ке го имав и Тиаго како уште подобро опција, мое мислење е да се донесе среден ред што може да игра на Сите позиции од средината пример некој од типот на Денилсон од Арсенал, Банега од Валенсија, Борха Валеро од Виллареал итн..
Нашите играчи се наијстрошени затоа што играат најмногу натпревари тоа според мене не е работа.
Треба да се решиме од некој играчи како што се Милито, Максвел, Џефрен.
 
Едноставно е. Дотолку се донесе Роси, тоа ќе значи нарушување на хармонијата во тимот, бидејќи е релативно млад, но и секако тој не би прифатил да биде резерва. Виља, Педро и Меси ќе бидат прва опција напред и следната сезона.

За Роси ке се потрпшат сигурно над 20милиони евра, што дефакто му става етикета на првотимец, а откако ќе грее клупа неколку натпревари веднаш медиумите ќе му го наметнат притисокот на промашен трансфер и слично, што секако ќе има влијание на неговата игра, па нема да може да го искаже цел потенцијал кога ќе влегува во игра.

Дотолку дојде Форлан, останативе двајца споменати би биле промашај, докажан шампион и убица.. од него ќе се очекува, а и самиот е свесен дека би бил само како подршка цела сезона, бидејќи е во залезот на кариерата, а воедно е достапен за многу пониска цена.
Првенствено, треба да се бара напаѓач кој би се помирил со статусот резерва, а тоа неможе да се очекува од млад играч. Со клвалитетен и искусен центарфор на клупа, спремен да одговори квалитетно на предизвикот во било кое време, Виља и тоа како ке ја сфати сериозно конкуренцијата и тогаш ќе почнеме да ги гледаме вистинските партии од него.

Несмее да се заборави дека наредна сезона ќе имаме адаптиран Афелај, и една година поискусен Бојан.. никаков млад напаѓач не е потребен.

Нема ништо по што може да се заклучи дека ќе има нарушување на хармонијата ако дојде Роси. На Пеп му успеа да седне на клупа многу поголеми имиња од Роси и никој ништо не му кажа. Не ни помисли да му каже.

За Маскерано Барса пљукна скоро 30 милиони (сега кога освоивме Ла Лига и ЛШ ќе ги платиме дополнителните клаузули во договорот и ќе стигне до 30 милиони сигурно цената) па Пеп немаше никаков проблем да не го користи како првотимец.

Форлан нема да му претставува апсолутно никаква конкуренција на Виља затоа што не може да игра лево каде што Виља игра цела сезона. А и да може, годинава грееше клупа во Патетико камо ли во Барса. Огромни се шансите да не се врати во форма, а и да се врати колку време ќе му треба? Не може до денес да игра лошо од Септември да се врати во форма.

Роси нема да има проблем да не игра цело време, барем не првата сезона. А е многу подобар од Педро така што ќе игра како првотимец веднаш штом ќе се адаптира. Плус е тоа што може да игра било каде во нападот. Што значи ќе добива солидна минутажа и како замена.

Афелај можеби ќе биде подобар следната година ама ништо од оваа сезона не покажа дека може да игра како крило. Далеку подобар беше во средината, а таму може да биде само резерва.

Бојан е очаен. Нема доволно самодовреба да се погледне во огледало. Цело време има некоја кисела фаца ко сите да се криви што он утнал 100% шанса. Така што да се збори за една година поискусен Бојан кога оваа година изигра 10 утакмици се на се не е реално. Само на хартија е една година по искусен. Веќе е очигледно дека Пеп не смета на него. Ќе си најде нов клуб летово или ќе го избркаат следната година.

Искрено, мислам дека никој не сака да го види Бојан како влегува на терен ако губиме на важна утакмица, а тоа кажува многу.
 
Ај гледај вака:
Роси млад играч кој што си е навикнат на првотимски статус,никогаш не греел клупа,ќе го купиме за поише од 20м.,нема да игра ќе се буни и така.
А Форлан е искусен напаѓач,може да влезе на 10 утакмици 20 гола да дае пак да седи на клупа и ИЧ КУР ДА НЕ ГО БОЛИ.
 
Ја глеам така ама акo Форлан влезе на 20 утакмици и не даде ни еден гол?

Глупост е да збориш дека Роси ќе се буни затоа што нема одма да добие првотимски статус. Што он глуп е и не знае у кој клуб доаѓа?

Не е навикнат на греење клупа? Манчестер јунајтед, Њукасал, Парма??? Па и првата година во Виљареал. Што беше тоа ако не греење клупа?
 
abe se zboruva li nesto za maskerano i afelaj
ke ostanat li i narednata godina vo barsa
 
Што побрзо ги решиме трансферите толку подобро.Тогаш од почетокот на подготовките ќе бидат со тимот и ќе имаат повеќе време да се вклопат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom