Или според овие теории што подолг период тоа "полесно" за докажување, односно неможно да се докаже било што и се зема како готов факт, без критички да се размисли дали и колку држат овие тези со водни суштества, водоземци и менување на водниот ареал.
По сто педесет и први пат ќе повторам дека "ах мене не ми се верува" не е релевантен фактор во науката. Без критички да се размисли? Еволуцијата се студира, испитува и проучува цел век! Зошто не би држеле вода (
) овие тези со водни суштества.
Имам одлични вебсајтови кои убаво и темелно објаснуваат што-како ама освен ако не сакаш, нема да ти ги пратам зошто нели ние не дискутираме со линкови и видеа. Можеби ќе дозволиш еден quote:
Extracting oxygen from water is more difficult and requires a greater expenditure of energy than does extracting oxygen from air. Water is a thousand times more dense (heavier per unit volume) than air, and at 68 degrees Fahrenheit it has 50 times more viscosity (resistance to flow) than air and contains only 3% as much oxygen as an equal volume of air. Fishes, therefore, have necessarily evolved very efficient systems for extracting oxygen from water; some fishes are able to extract as much as 80% of the oxygen contained in the water passing over the gills, whereas humans can extract only about 25% of the oxygen from the air taken into the lungs.
Еве една причина зошто би се тежнеело кон копно. Исто така, земјата во тоа време била сосема празна од какви било предатори или конкуренти. Ете друга причина
Има и риби што живеат надвор од водата, често и за долги периоди. Како што ја посочив претходно -
mudskipper е водоземска риба. Таа ги исполнува своите жабрени комори со вода како нуркач кој користи боца со кислород. Ова и овозможува да потскокнува околу брегот се додека не треба да си ги наполни своите резерви повторно. Многу други риби, исто така, можат да се движат околу земјата. Тие немаат нозе, но затоа имаат засилени перки.
The oriental snakehead е вид кој претставувал сериозна закана за американските езера поради тоа партал ги правел сите други риби во езерото. Тој како вид се шири во текот на ноќта затоа што можат да патуваат по земјата и тоа долги растојанија под услов земјата да е влажна.
Многу риби како
дводишалките имаат дробови и всушност можат да дишат воздух. За нив се смета дека имаат заеднички предок со првите водоземци. Покрај тоа што можат да дишат воздух, можат да се заградат во еден вид на кожурец и опстанат до една година во исушена бара од кал. Тие живеат во езера, кои знаат да пресушат во текот на летото.
Денес нема риба која има нозе, но некои од нивните предци имале и за тоа сведочат бројни фосили на такви видови. Уф, се изморив.
Можеби ти си тој кој што то треба убаво да размисли, зошто гледам многу работи за еволуцијата не знаеш и размислуваш селективно. Проучи ја убаво, со отворен ум, па ако пак не ти држи вода одбиј ја.