мкд владе
arch-enemy
- Член од
- 21 ноември 2009
- Мислења
- 19.378
- Поени од реакции
- 24.088
точно така во големите корпорации има повеќе луге кои одлучуваат со гласање со просто мнозинство.ако можеш ти мене да ми најдеш просто мнозинство од двајца ок.Прво, и основно, во повеќето големи корпорации одлуките ги донесуваат многу повеќе од двајца. Само миникомпанија има еден човек кој одлучува. А во бракот, барем во РМ, е дозволено да бидат само двајца, така да, да може да одлучуваат двајца.
Јас мислам дека баба ми била пресреќна жена, зошто дедо ми заработувал и повеќе од доволно за да ја издржава неа, уште тогаш, да живее посебно, а не со неговите родители, да им пружи се што треба на децата, и на крајот, баба ми работела кога децата и пораснале, зошто и било досадно по дома. Ама таков маж денес не се наоѓа! Меѓутоа, ако не биле среќни ПОВЕЌЕТО жени тогаш, а и денес, не се разведуваат заради ,,децата,, и ,,што ќе рече светот,,, потоа, финансиски ако се зависни од мажот, што би правеле без него? Ти прави се слеп, ама не сум јас слепа и добро знам колку жени се јавуваат на СОС линијата за семејно насилство, и сите тие уствари, само сакаат да се пожалат, а ретко која има храброст да се разведе или да го пријави мажот. Јас 1000 пати кажав, веќе е глупаво да повторувам, секој треба да ја има онаа улога која го прави среќен. Ти си сакал да бидеш доминантен во бракот, и ете си нашол жена што и одговара така. Ако де, убаво за неа ако и одговара. Нека проба татко ми, да го видам, да го каже ,,последниот,, збор. Или мајка ми. Не сум слушнала нешто такво, а и не сум видела да ти кажам.
Потоа, ти кажа една ситуација, која е нормално да се случи, и ете мене ми се случила, мн. повеќе од еднаш. Ако е тоа инцидентно, и не се случува секој втор ден, се може да се среди. Не еднаш дечко ми се вратил од работа со некого, иако во 99 проценти ми пишувал бар СМС да знам, зошто може јас по пижами седам во дневна на крај краишта, или ми стој куп за пеглање на даска во сред дневна, итн. И секако, кога доаѓал, јас сум ги послужувала со тоа што сакале, и ако се луѓе кои мене не ми се пријатели се повлекувам во друга соба. Истото и тој го прави за мене, кога јас изненадно ќе дојдам со некого. Не паметам кога последен пат јас сум направила кафе за моите другарки кога доаѓале, ако е тој тука. Него му одговара да го прави за мене истото, што го правам јас за него, зошто така е праведно.
И има рамноправни врски, не го видов тоа на филм, го гледам секој ден во моето семејство, и престани нема, та нема. Ако ти не си видел не значи дека нема.
после гледам бабати била среќна пошто дедоти заработувал доволно.....
значи како што можам да заклучам опсесија ти се парите.или ги немаш доволно или ги имаш премногу.
за сос линијата можеби и се јавуваат не велам не.и јас сум против семејно насилство.ама колку се јавуваат од што си го барале.швалерај ова она паметна од поке и ред други работи.
и за крај ако го прочита цел мој пост внимателно а не преку редови ке забележеше дека кај мене е далеку од феудално опшетство само се има ред, а кога се има ред се има и мир.да сакав да се убедвам и да се нагодувам за се секој ебан ден ке учев за адвокат.и во најголемите демократии не се дозволено.си има ред.
и да можеби има рамноправни врски не велам не , но јас тие што ги знам завршиле со рамноправен редослед на гледање на децата( еден викенд тој еден таа, за нова година кај тато за божик кај мама).
ако и некоја опстанала не го исклучува правилото туку само го потврдува.при мојата неодамнешна посета на мои роднини во германија каде нели се многу понапредни од нас( посебно жените) рокот на тарење на бракот е во просек некои 3 до 4 години.после секој на своја страна и затоа младината име таква каква што име е. и аман прекини да мешаш врска со брак.не е тоа исто.не е исто ако си ја скршиш раката и некој да ти рече леле знам колку боли а никогаш си ја нема скршено.бракот е обврска откажување созревање одговорност.а врската е демо сметка .служи за вежбање.
и еве ти една дефиниција филозофска пошто мислам дека филозофијата ти лежи.
Бракот е место каде взаемно се делат и се решаваат проблемите кои всушност не би постоеле доколку не сме во брак