Депилирани мажи: да или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата Mädchen
  • Време на започнување Време на започнување

Depilirani mazi-da ili ne?

  • Вкупно гласачи
    37
  • Гласањето е завршено на .
Депилирано машко на нозе и раце, како билдерине, ауу бљак. Под мишки може, сфаќам, ама нозе и раце. Кам он луѓе, сериозно, не знам по што ќе се разликуваме ние женските од машките ако продолжите вака. Депилирање сегде, веѓи чупање, носење розево, кај е крајот?

Се извинувам за :oftopic: Значи забрането ни е нам машките да носеме розево кошулче,маичка и тн. ? може и по порака да одговориш да не ја тапиме темата.
 
Се извинувам за :oftopic: Значи забрането ни е нам машките да носеме розево кошулче,маичка и тн. ? може и по порака да одговориш да не ја тапиме темата.

Не бе дека ви е забрането, зборев за оние што се` од ова погоре што набројав го практикуваат, не се дообјаснив во постот, се извинувам :smir:.
 
Арно е со машинка за шишанје да се поминам груда тепихчето да го соберам?
 
јас не сум имал проблем со влакнетост никогаш , на градите немам ич ниту пак на рацете , на нозете имам во нормална мера малце, иначе сум плав така да и влакната секаде ми се светли и не ми се познаваат, а се депилирам само на веѓи , и јас мислам дека тоа е морално во денешно време, мора да бидеш свеж и + многу похигиенски е да немаш влакна и не се потиш толку :)
 
па да се среди да, ама целосно депилиран НЕ ФАЛА!!!!
 
Не сакам депилирани мажи.
Ми изгледаат многу ... женско:confused:
Не сакам депилирани мажи.
Ми изгледаат многу ... женско:confused:

Секако дека е така. Мислам јас сум за полова еднаквост али ова што се дешава е создавање на еднополовост. Се знае бе луѓе што е машко и што е женско. Глеам (и се чудам воедно) доста другари мои преку лето се депилираат по нозе. А не дека имаат не знам претерано многу влакна. Прифаќам да се депилира некој што е влакнест ептен да не речам ко мајмун и единствено бричење под пазуви и на груди тие што се ептен влакнести. А оваа по нозе по раце машки некоја чудна мода,не. Уште малце ке почнат на лице трајна депилација...:confused:
 
Искрено, јас не прифаќам депилација на гради, освен ако не е некој тип со развиени мускули па да сака да си ги покаже.

Ок, тоа не значи дека треба да толерирам и влакна од 20 цм. :p
 
Искрено, јас не прифаќам депилација на гради, освен ако не е некој тип со развиени мускули па да сака да си ги покаже.
Да да и тие што се бават професионално со бодибилдинг нормално дека треба да бидат тасма и да светат и се тоа
Ок, тоа не значи дека треба да толерирам и влакна од 20 цм. :p
Многу јасно. Тоа и го реков,некој што е стварно влакнест пожелно е да си се депилира на груди (или да си се поминува со машинка редовно) нели доколку му сметаат било како влакната или заради неговата поубава половина да се осеќа попријатно кога ќе го стави главчето на неговите гради :)
 
Јадење говна со извинение од страна на жените на темава,се е до вкусот ама дека преферираат завунети мажи со споредба со средени малце тешко да поверувам,барем јас.
 
Депилирање..само на непосакуваните влакна ;)
 
Депилирам нозе уште од 1ва година средно, едно од што морам друго за уметнички дојам. Кога ќе се издепилирам ногата го добива правиот изглед. Многу пати имам дискутирано на ова тема со девојки и коментарите биле "е да бе дечкото помазен од девојката" па среди се бе срце. Башка гледам секогаш прво мене да ми е убаво а тек после на некоја таму дотична :p
 
Депилација само кај тетоважите да ми се познаваат , И тоа внимателно само врз нив.
Инаку не сакам депилирање и некако смешно ми изгледаат депилирани мажи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom