Расизам и дискриминација !!!
Модерна и еманципирана жена, а го квалификува мажот преку должината на пенисот, како во камено доба...ццц...
...Клара Цеткин се врти во гробот сега...
Србијанецот ќе те израдува со сланина, пршута, кременадли пржени во свинско сало, крвавица...
Тоа беше шала, мислам дека сите освен ти сфатија.
Погоре имам објаснето што барам кај мажите.
Прво интелигенција и еманципираност, флексибилност, потоа се друго.
Додека да стигнам јас до должината на пенисот, има мн други работи да измерам.
--- надополнето: May 31, 2011 6:54 PM ---
Vidi sega, ova e kompletno nova slika koja ti ja davas, i koja ne korespondira so slikata za svojata vrska koja ja nudese do sega. Ako poentata e deka ti si zena vo vistinska smisla vo odnos na se, osven na gotvenjeto, ok. Megutoa ti kazuvase bajki za totalna ravnopravnost, tesko odi seto toa...
Inaku bas mi e interesno da gi slusam razmisluvanjata na 20-24 godisni devojki okolu vrskite i brakovite, mojata segasna devojka ima 22, ama ne zboruva mnogu...
А мислиш дека не сме рамноправни? Мислиш дека тој мене ми кажува и јас го слушам? Всушност, поголемиот дел од времето, јас донесувам одлуки. Но, рамноправно во секоја смисла на зборот се грижиме еден за друг. Мене ми е тешко да готвам, и не готвам, и не ме ни тера тоа да го правам. Ама затоа не паметам кога сум била јас последен пат во маркет да купувам, правиме список и тој оди, како магаре се товари и доаѓа. Полесно му е тоа отколку да исчисти. Исто така, јас не мијам садови, тој мие, ама не знае што е тоа да испере или испегла облека, за прашина да не зборувам или правосмукалка. Делбата на обврски, не значи и дека еден наредува, друг слуша. Значи ДОГОВОР.
Баш прееска го шетавме кучето заедно, и го прашав околу работиве, што и како мисли. Се утепа од смеење кога му го спомнав готвењето и мојот недомакинлук. Ми рече, парафразирам ,,А јас тебе те запознав на ,,Вешта жена,, или на трки?? Потешко ќе ми падне да ми речеш ,,више не ти мењам уље,, отколку ,,од утре тост не ти правам!,, ... и иако не сакав да го кажам ова, ама ајде тоа се негови зборови ,,само глупак се замара со ручеци, и онака не се ни толку важни,,..... Е сега, тоа се зборови на маж, а како што кажав, до ден денес, не сум видела мајка ми нешто да зготви, а татко ми да се притресе околу тоа... итн...
--- надополнето: May 31, 2011 6:56 PM ---
Ќе го напушти ради непремостливи карактерни разлики и идеолошки несогласувања...
Ех сега и ти...ги ставаш модерните жени пред дилеми, дали да си скршат филм или да одговорат искрено...
Ај да видиме, може и ќе одговорат...
Еволуираниот маж не треба да биде моја слугинка. Тоа е крајната граница на феминизмот - да си ги смениме улогите со мажите. А јас не сакам мажот мој да стане жена, ниту пак јас маж да станам. Ќе си ги задржиме половите, и ќе ни бидат изедначени и еднакво важни во одлучувањето.
Е сега, сексуалниот однос е и премногу важен за една врска, брак... Голем дел од несогласувањата и напнатоста и нетолеранцијата излегуваат баш од спалната, а не верувам дека некоја некого оставила оти не и бил добар сексуален партнер, мислам дека ако е мутава, ќе ќути и ќе си вика ,,не е важно,, а ако е паметна отворено ќе му каже дека нешто не штима и дека треба да се поработи на таа проблематика....
--- надополнето: May 31, 2011 7:01 PM ---
Има и тука такви само треба да се побара. Модерна жена не значи дека дома има помошничка, дека мажот и готви и ...сметам дека кога би збореле озбилно, овој став дека модерна жена не треба да фати ни чинија без мажот ги навредува сите оние госпоѓи/ци кои се модерни (што и да значи тоа), а притоа си го одржуваат домот, децата и сопругот домаќински, како што треба. Испаѓа дека тие жени не влегуваат во оваа категорија.
А тоа со вери и религии нема врска. Ја до пред 15-тина години не сум ни помислувал на вери, нити сум читал и се интересирал за такво нешто...Има со домашното воспитување, немањето трауми од детството, родителите и подредената положба на мајката во домот и со ставот...да се почитуваат и да му се знае местото на секого и во семејството и во системот.
Јас се согласувам со секој твој збор. СЕКОЈА ЧЕСТ на оние кои успеваат да бркаат кариера, и да имаат време да бидат домаќинки, плус да имаат време за квалитетно посветување на децата (кои нема да паметет што ручале, ама ќе паметат што зборувале или доживеале со родителите) и на крајот да има време за себе си и за маж и. Баш ме интересира 1 адвокатка, патолог, инспектор, хирург, стјуардеса, извршен директор, маркетинг менаџер што има одлична кариера и го прави сето тоа....
--- надополнето: May 31, 2011 7:07 PM ---
КАКО НЕМА ЦРВЕНКИ?!?!?!?!
КАКО ?!?!?!?!?!
Иди стани професор на факс, немој да имаш деца НИКАД ! Н И К А Д !
Ќе ти бидат лошо воспитани пошо ќе имаш многу за работа, ќе пијат, ќе пушат на 12, твоите ќерки нека и кажат чао на невиноста на 15, ќе имаат доволно пари од тебе за да си идат со такси па ќе си дозволат да седат со „другарите“ до 5 сабајле, ќе имаат двојки (евентуално двојки, кецови по дифолт) у школо, ќе гледаат само по искачање, забава, а тебе нема да те почитуваат ко родител. Воопшто.
Знаеш зошто?
Пошто и децата не се глупави.
Децата чувствуваат кога некој се грижи за нив.
Децата сакаат кога некој се грижи за нив.
Децата сакаат да поминат што е можно повеќе време со своите родители.
На децата им треба внимание.
Им треба љубов.
Ама модерната жена, впрочем, модерниот свет, не може да им го пружи тоа.
Иди сеа убиј се и ти.
Пошо појма немаш од животот.
Пошо паметот уште ти е у кариера неголи у посветување внимание на љубените.
Има еден куп ко тебе. Има некои и шо имаат 50 години и уште размислуваат ко тебе. Ги бркаат децата од дома после 25.
„Иди работи нешо, не ми дреми дома тука. Не знам на кого се метна ваков мрзлив, ништо да не се работело, јас и татко ти се измачивме цел живот да ти обезбедиме се што имаш.“ КАКО ПА ДА НЕ !
Обезбедиле, my beautiful ass. Се тепале да имаат повеќе пари од пријателите.
Се бореле да го запишат у најдоброто училиште у Скопје(приватно, нали).
Да го пратат у странство на студии, тешејќи се дека го прават правилниот избор со тоа што „ќе учи од подобри професори“, а уствари длабоко од внатре и самите знаат дека ќе им се растеретат обврските и нема да мораат да се гржиат толку многу за детето свое.
Ми се гади од ваквите родители. Што мислат дека побитно е да имаат пари у семејството, отколу блискост и топлина.
Родители што мислат дека нема да имаат време да се посветат на домашните, среќните ствари у животот, пошо (те цитирам) „планираат да бидат инжинери, или не знам, адвокати, и очекуваат да имаат поголема плата, а помалку време“ Плитки сте. Поплитки од мене.
Маж ти за шо служи у животот? Шо ќе праи он ако ти „градиш кариера“? Ќе дреме дома? Ќе чисти? Ќе пере? Ќе пегла?
Аха, а кој ќе мења сијалици? Или ќе кречи? Или ќе глетува ѕидови? (ова на сексилишс ретардираните примери) Пак он?
Кои фаци ЕЈ !
Не можам да ви се изначудам на паметот.
Радо би заработувала пари неголи да праам јадење, да перам, да чистам, да пеглам дома.
За мене, за мојот љубен, за моите деца.
До каде отиде светов. Ако треба и улици ќе бришам да ми даат пари, да ми дадат повеќе пари отколу што имам, ама да жртвувам нешо, ко тоа да направам ручек, да се убијам од чистење по дома, да пеглам секој ден...да го правам ова од љубов кон некого, НЕ ДАЈ БОЖЕ !
Модерен свет.
Модерни жени.
Модерни мажи.
Све модерно.
Одете по ѓаволите.
Толку си неписмена, што дури не знам ни каков речник да употребам за да ти одговорам. Кај не ги прочита сите мои постови, каде што ЈАСНО наведувам дека времето место да го поминам во готвење ќе го поминам во ВОСПИТУВАЊЕ на децата. Не знам ти дали си неинтелигентна, или само те мрзи да прочиташ нешто повеќе. Да, ќе плаќам некој да ми чисти, за во недела да си ги однесам децата во ЗОО, на ручек кај баба им, во парк, на викенд на планина итн.
Јас не добив ни приватно школо, ни студии во странство, а мајка ми е секој ден до 5 на работа, па од кога знам за себе, кога ќе дојдела дома, ручала, па седела со мене и правела муабет, ме советувала, пишувала домашни со мене, ми помагала. Нејзиниот прв факултет е педагогија кој го заврши со 10 просек и доби 2 стипендиран од државата, па според тоа, за воспитување деца знае многу повеќе од тебе.
И нема да се убијам. Имам за што да живеам, и се што правам сама без ничија помош правам.
Пофали се и дека ти го можеш тоа, или мама и тато уште ти плаќаат се, од многу љубов према тебе, ти ич ќерко не просперирај, доста ти е плата од 15 000, а децата твои можеш уште од 9 месеци да ги тупнеш во градинка, па да се чудиш што се болести ќе ти фатат.
Ај не ме цитирај повеќе, следниот пост со навреди, те пријавувам. Има нешто што се вика правила, ако не знаеш што е тоа, прашај ја мајка ти кај била првите 5 години од твојот живот.