- Член од
- 30 јули 2008
- Мислења
- 2.066
- Поени од реакции
- 71
НЕ ГО САКАМ ШАКОТ СО ТОЛКУ УБАВА ИГРА КАКО PSE OD KONAMI
И мене исто.Интересен спорт. Не бара физичка способност, туку бара памет и снаодливост. И мене, како и повеќето, дедо ми ме научи да играм кога бев помал. И памтам секогаш ми ги местеше фигурите да ги земам и мене радости ме јадеа :kesa:
ЗОТЕ
Играње шах on-line си има свои предности и мани како во секоја работа не идат две добра заедно. Предноста е во тоа што нема враќање потег назад, што кога играш во живо често се случува и доаѓа до карање. Нема крадење на фигури зашто каде си ја поставил таму ќе си стои. И на крај ако губиш ќе го немаш тоа задоволство да ги срушиш сите фигури на таблата .
Иначе Дани би сакал да играм шах со тебе од проста причина што до сега во животот не сум играл со женска особа. Па кажи некој термин по македонско време кога ќе бидеш слободна да видиме дали може жена да победи маж.
епа затоа младината во мк затупува по нет,игри и слични глупости. Кажи ми една работа кај ПСЕ која е подобра од шахот??НЕ ГО САКАМ ШАКОТ СО ТОЛКУ УБАВА ИГРА КАКО PSE OD KONAMI
Каде да се регистрирам??? Па може и некоја партија да изиграме.Многу интересна игра, гимнастика за мозокот.
Од мала научив како одат движењата на фигурите па уште од основно си ги собирав другарите и другарките и си организиравме натпревари. Сега во живо немам играно многу одамна, понекогаш после полноќ кога ми е досадно ако има некој заинтересиран играм online ама не е исто кога не го гледаш противникот до себе.
Како само еден погрешен потег може да ти урне се` што си замислил.
Кралска игра.