Државата ќе субвенционира половина од учеството за купување на стан или куќа?

Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.380
Поени од реакции
1.972
Ај вака сега, за да не кажете дека гледам и коментирам од политичка гледна точка, кажете ми што има лошо во оваа идеја, која се надевам ќе стане реалност?

Значи млад брачен пар кој не зема повеќе од 900 евра месечна плата добива стан од државата и државата му плаќа 6500 евра учество а другото да се плаќа како месечна ќирија на долги години? Значи државата ти дава покрив над глава, народски кажано за без пари, а многумина гледам реагираат како за јајца да ги фатил некој. Ако вие сметате дека имате пари тогаш купете си стан и платете си го во готово во строгиот центар на Скопје или на Водно ако сакате, но многумина да не кажам 90% од народот ги нема тие услови и ова за нив би било повеќе од одлично. Значи прво народот се жали дека државата не води грижа за нив, дека само се крадат народните пари и.т.н а сега за оваа идеја, каде патем парите што се собираат од народот ќе се даваат пак за народот не ви се допаѓа.
Да не мислиш дека Ставревски од џеб ќе ги даде тие пари? Ќе ги земат од тие што нешто ствараат во оваа држава а кои веќе глава не можат да дигнат од арачот што им го зимаат а го трошат за глупости.Ако не се тие ни Д од држава нема да има.Затоа некои реагираат како за јајца да ги фатиле,оти знаат што значат ваквите популистички потези - уште поголем арач.

Од економска гледна точка ова е тешка глупост,ако не ти е јасно зошто прочитај ги на постовите на Томсасо и на тоа додади ги и зголемените давачки кои неминовно ќе уништат некои од капацитетите кои и вака едвај составуваат крај со крај...

Како тргна работава вие кај да е некоја врста на комунизам ќе воведат,ќе ги собира државата сите пари и ќе решава како ќе бидат распределени.

Што е најтрагично моронскиве партии наши се копираат една со друга па читам и СДСМ нешто вакво имале во изборната програма.Значи како и да свртиш, катастрофа ..
 
S

Shellshock nam67

Гостин
има една реченица на Ајнштај вака вели само„ Вселената и човечката глупост се неограничени за оваа првата не ум сигурена ама за втората да“ ти му ја потврдуваш неговата теза
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.794
Поени од реакции
12.276
Но за да се добијат овие пари, куќата или станот што ќе се купува треба да биде новоградба. Корисниците на вакви кредити да не поседуваат имот, да немаат друг станбен кредит и вкупните примања во семејството да бидат помали од 900 евра месечно.
Новите станови знаеме колку се "ефтини", месечна рата им е од 300-700 евра. 6000 евра се многу малку али ако некој се излаже негова работа...ме интересира како овие граѓани (без свои недвижнини, приход до 900 евра...) ќе гарантираат враќање на долг ако после одреден период останат без работа или воопшто ако не се више кредитоспособни, ако нивниот кредит отиде во ризична група? Дали каматите ќе ги мењаат со девалвација или со пораст/трошоци на живот... Дали ќе се стави хипотека на станот кој се купува или државата ќе гарантира отплата? До 80-100 илјади евра треба некој да ги најде тие пари. Ако државата се нафаќа за долговите...колкав дел имаат одвоено за оваа "мерка"? И што со оние чии станови (ако се во хипотека) ќе ги земе банката, што со делот кој го дала државата за учество и камати...дали одат во бунар, т.е. во банката? Кизнај, не се разбирам од воа со буџетов и банкиве ама ми е сумЉиво. Па нешто изгледа ќе ги богатат банките.
Средствата ќе бидат обезбедени од Буџетот и ќе се однесуваат само на станбени кредити до 50 илјади евра. Максималната поддршка од државата ќе биде до 6.500 евра.
Не можев да го сфатам ниту овој дел. Ако немаат свој стан/куќа, како може да добијат кредит до 50 илјади евра?
Дадените пари ќе се враќаат по дваесет години без камата на пет годишни рати.
ова важи само за испод 30 или за сите па и за пензионери? Дали важи за земјоделци (кои имаат приход, но имаат и имот) со приход до 900 евра или не?
Јака категорија...граѓани до 900 евра без имот, стан, куќа...

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Гадафи мадафи мафија они се се разбираат,а најмногу економија. Се ни дадоа компјутери вили и секири и пак не ви е доста сега и за станови 6500 евра. Абе да земеш еден стап и да маваш од прв до последен меѓу очи. Економистиве наши без смисла за економија ни оправаат овде криви дрини. Ако 5 души го разбраа Томасо јас од Ацета ќе се фрлам клинец.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Гадафи мадафи мафија они се се разбираат,а најмногу економија. Се ни дадоа компјутери вили и секири и пак не ви е доста сега и за станови 6500 евра. Абе да земеш еден стап и да маваш од прв до последен меѓу очи. Економистиве наши без смисла за економија ни оправаат овде криви дрини. Ако 5 души го разбраа Томасо јас од Ацета ќе се фрлам клинец.
Ако разбираат повеќе од 5 мина тогаш немаше да имаме влада каква што имаме:tapp:
Нареден чекор да субвенционираат погреби. Уште тоа остана.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.794
Поени од реакции
12.276
Ако 5 души...
на шајка ...богатењето на банките и цицањето на пари од семејствата под закрила на државата е подолготрајна мерка и не ме ни чуди. Новите станови и така се недостижни за просечен граѓанин па затоа више ме интересира семејниот буџет и можностите.

Субвенционирањето за недвижнини велите е лошо во МК. Социјалистичка Република Македонија субвенционираше 1000 посто од недвижнините со инфлација од 100-10000 и постојан пораст на плати/лични доходи. Зашто да не чини субвенција или помош ако целосно ти ги покрива трошоците за стан и ако плаќаш 100 денешни денари рата за стан од 80000 евра, а тогаш чинеше и скоро сите се снабдеа со станови и куќи? Не чини што сумата е 1/10 или 1/20 од цената на станот. Другите пари цацко не може да им ги најде.

Редно е да се поднови народ со станбен простор (како со возила од странство) затоа што во 1 куќа веќе живеат по 3-4 семејства...барем Скопје и барем околината кај што живеам (не е Водно и Злокуќани, не е Беверли Хилс).
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Јас како член на радничка класа со не многу високи примања и без никаква можност за купување на стан(било со кредит или во кеш) сум против сите субвенционирања(земјоделци,станови, тракатанци). Умре комунизмот, не гледам јас што имам од тоа што владата им дава мои пари на земјоделците.
Треба да се развие, реалниот производен приватен сектор, вака само фрлаат пари во бунар.Поради вакви потези кога ке се пензионирам нема да можам кикирики да си купам од пензијата.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.794
Поени од реакции
12.276
ППС: Пак ќе кажам, за мене оваа идеја е повеќе од добра и мислам дека со ова конечно ќе може да се решат станбените прашања на многу граѓани кои досега живееле со своите родители и немале можност да си обезбедат кров над глава.
Како ова ќе се изведе Икси? Со 50 илјади во Скопје барем, осим ќенеф ко што вели Томиџери, можда ќе добиеш и тоалетна хартија. Нов стан (според условите за помош) чини 80-100.000. Јас би требало да го ставам тој стан под хипотека (хм, хипотека се одредува на поголема висина од сумата на кредит) плус да иам за учество, плус да планирам за рати... и рестото да го измислам или украдам од некаде. Не мојт со максимум 50 илјади денари да си дозволиш да си поиграш со таков ризик во услови на постојано зголемување на цицање на пари од семејниот буџет. На страна фактот несигурноста што денес си-утре не си на работа или намалената плата.
Дај бе нека одврзат бесплатно за оние кои стварно се џган у една куќа, да живнеме малце...не вака, вол и зелка.
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Како што би рекол Реган, прашајте се дали ви е сега подобро од пред четири години и така гласајте на изборите. Во овој случај, ако јас имам стан, кој е моја сопственост, а претходно сум живеел со татко ми, или уште поинтересно, на улица/ под кирија, тогаш ми е подобро. Макроекономските показатели за Папуа Нова Гвинеја и експертските мислења на ММФ, Светска Банка и Таки Фити ака министерот со тренерки ќе ги пратам од мојот нов стан.
п.с. Како тоа, кога богаташите купуваат мерцедес од 100 000 евра, тогаш нема проблем, се е супер тој ја помага економијата. Ако покачиме плата на работниците, пензионерите или недај боже ако им дадеме да имаат по едно мизерно станче готово, банки, макроекономија, ММФ.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Не би требало да ја поистоветуваш нашава ситуација со економската криза и причините за нејзиното настанување. Барем засега, според мене, банките се многу внимателни на кого даваат кредити и како ги даваат, за разлика од американциве кога даваа кредити на кој ќе стигнат зашто знаеа дека утре ќе ги продадат тие заеми и свесно ја носеа економијата во пропаст. Можеби ти држи вода она за тоа дека некој близок има вишок станови за продажба :)
Тој своето тврдење го темели на претпоставка дека доколку владата би се одлучила да учествува со 50% во кредитот тогаш ќе се креира дополнителна побарувачка која уште повеќе ќе ја дигне цената на становите која и сега е многу висока во однос на малата побарувачка која постои. Во таков случај вредноста на киријата станува помала во однос на напумпаната цена на становите до тој степен што би било неисплатливо да се зема кирија. Во услови кога цените на становите ќе бидат пренапумпани поради иницијалната побарувачка, понатаму интересот за нови станови би се свел на минимум, се до оној момент додека некој не реши да продава по пониска цена. Во случај кога газдите кои земале кредити нема да можат да ги исплаќаат и ќе им бидат реализирани хипотеките тогаш банките на пазрот ќе мораат да продаваат по ниска цена поради што ќе претрпат загуби и доколку се појави некаква вест дека банките се неликвидни тогаш луѓето масовно ќе сакаат да си ги вадат парите од банките што би донело да нивен банкрот.

Иако заборавивме да спомнеме дека владата би учествувала со буџетски пари само доколку кредитот би бил до 50 000 евра а каматната стапка би била максимум 4,99 %. Не ми е јасно како саммо каматната стапка ќе стане 4, 99 % за една година кога сега се движи некаде од 6,5 % до 7 % во просек, плус економската состојба (растечкиот дефицит) не налага намалување на каматните стапки. Ставревски тврди дека и банките и градежните компании сами требало да го понесат тој товар и дека требало да постои заеднички договор помеѓу нив и владата дека цените по квадрат треба да се намалат а каматите да паднат, ова се толкува како притисок од страна на владата и популистички потег. Како може владата да влијае на цена по квадрат од стан освен ако самата не ги градела тие станови?
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Јас како член на радничка класа со не многу високи примања и без никаква можност за купување на стан(било со кредит или во кеш) сум против сите субвенционирања(земјоделци,станови, тракатанци). Умре комунизмот, не гледам јас што имам од тоа што владата им дава мои пари на земјоделците.
Треба да се развие, реалниот производен приватен сектор, вака само фрлаат пари во бунар.Поради вакви потези кога ке се пензионирам нема да можам кикирики да си купам од пензијата.
Ти свесен си што збориш..? нејќеш субвенции во земјоделие? знаеш ли за колку е зголемен извозот на земјоделски производи последнава година ..? за + 400 милиони евра ..свесен ли си колку се тоа пари за Македонија..да не се земјоделците и градежниците овој период,можевме комотно да си го цицаме...прстот у уста.. Во секоја нормална држава има субвенции,не лупетајте.. Ти ако си за укинување на субвенции за земјоделие, ја сум ондак да се укине и бесплатното здравство и сините картони ! Што к*р ние .. и тоа е комунистичка мерка во некој вид :tapp:..
 
Точно но и повисоки цени на земјоделските производи и домашно создадена инфлација
 
I

Iblis

Гостин
Кај дава уште не чини.. Само стапот за овој народ хаха..

Ено не ми е јасно.. Оваа влада досега ни даде бесплатни учебници,компјутери,слободни.. Пак нечини..
Еве едно мало олеснување ни ова нечини..

За нас само Гадафи треба.. Па да видите после како ќе чини :)
:eek:ftopic:
100% со тебе се согласувам, даде владата ама и јас можам да дадам, се додека друг плаќа, јас давам ко Бог, за компјутерите ивини на зборовите ама дај не сери, тоа шо беа ваучери повеќе од 50% се искешираа, она шо отиде на школите, највеќе се користи за ФБ И ЈТ и сурфање, за време на час, унапредување во образованието,константно, планирано, стратешки, .......NOT
П.С. ако ми спомнеш само за отварање дисперзирани студии по градовите,ќе те кажам по дома дека тресеш зелени од ракав :(
Е сеа назад за субвенционирањето за учеството во стамбен кредит, мене ми стои дека освен популарност пред избори, мерката ќе стави и некое евро во џебот на "блиските" и секако оние кои навистина имаат под 900 евра приходи а планираат да земат кредит можно е да видат некое олеснување.:tapp:
Е сеа шо ке се задолжат до гуша следните 20-тина години, кој е на мака ќе си бира меѓу двете зла.
П.П.С Прашај ги Либијците колку им е бил "лош" животот со Гадафи и види си нас како ни е:toe:

--- надополнето ---

Ти свесен си што збориш..? нејќеш субвенции во земјоделие? знаеш ли за колку е зголемен извозот на земјоделски производи последнава година ..? за + 400 милиони евра ..свесен ли си колку се тоа пари за Македонија..да не се земјоделците и градежниците овој период,можевме комотно да си го цицаме...прстот у уста.. Во секоја нормална држава има субвенции,не лупетајте.. Ти ако си за укинување на субвенции за земјоделие, ја сум ондак да се укине и бесплатното здравство и сините картони ! Што к*р ние .. и тоа е комунистичка мерка во некој вид :tapp:..
Субвенциите во нормалните земји не доаѓаат од ДДВ-то и од сличните даноци кои го полнат буџетот од Физичките и правните лица регистрирани во самата држава.
HINT: CAP во EU Како се исполнува?

--- надополнето ---

Ти свесен си што збориш..? нејќеш субвенции во земјоделие? знаеш ли за колку е зголемен извозот на земјоделски производи последнава година ..? за + 400 милиони евра ..свесен ли си колку се тоа пари за Македонија..да не се земјоделците и градежниците овој период,можевме комотно да си го цицаме...прстот у уста.. Во секоја нормална држава има субвенции,не лупетајте.. Ти ако си за укинување на субвенции за земјоделие, ја сум ондак да се укине и бесплатното здравство и сините картони ! Што к*р ние .. и тоа е комунистичка мерка во некој вид :tapp:..
Субвенциите во нормалните земји не доаѓаат од ДДВ-то и од сличните даноци кои го полнат буџетот од Физичките и правните лица регистрирани во самата држава.
HINT: CAP во EU Како се исполнува?
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Точно но и повисоки цени на земјоделските производи и домашно создадена инфлација
Koлку имаме инфлација ? Колку претходно имавме? Колку имаат другите земји од соседството?
 
TheIks

Fork & spoon operator
Член од
1 октомври 2007
Мислења
712
Поени од реакции
469
(Малку така офтопик...)
Субвенциите во земјоделието можеби се добри, растот на извозот е супер (ако го има), НО грозјето, на пример, пошо мене ме интересира тој продукт, никогаш не било со пониска цена. Всушност, ти даваат некоја субвенција, ама грозјето го даваш бесплатно. На крај математиката вели дека пакетчето е тоа, само сега е во поинаква хартија завиткано.

(Авторот е информиран за грозјето од прва рака) :wink:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom