Државата ќе субвенционира половина од учеството за купување на стан или куќа?

?

..........

Гостин
условите се такви какви се наше е што бараме и сакаме останатите земји се интегрираат во европа и нато само ние ќе останиме слепо црево патриот е само оној кој ја води земјата напред во интеграција а не излоација термините од типот не ни треба нато еу и слично се ноторни глупости една Србија го изгуби косово центар на својата државност и патријаршија со сите сили се бори за влез ние се правиме фраери секој земја си има предизвици и мора да ги надмине за да оди напред не сме само ние во Светот напатени
Дете ти ништо не разбираш. :)
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Дете ти ништо не разбираш. :)
се додека не мислиш со својата глава ами со туѓа , тоа е ќе си останеш во мрак и изолација заедно со филозофот кој ти продава ефтина демагогија. :drk::drk::drk:
 
?

..........

Гостин
се додека не мислиш со својата глава ами со туѓа , тоа е ќе си останеш во мрак и изолација заедно со филозофот кој ти продава ефтина демагогија. :drk::drk::drk:
Знаев дека нешто слично вакво ке напишеш, реков дека ништо не разбираш, и наместо да ме убедуваш во спротивното, ја потврди мојата теза.....
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.324
Поени од реакции
15.576
Школски пример што значи мешање на државата во економијата и ефектите т.е штетата од таквото мешање денес може да се најде во повеќе земји во светот. Ова се земји кои доживеаа бумови во недвижнина вештачки индуцирани од владини субвенции. Впрочем економската криза настана поради иста ваква мерка воведена од страна на владата на САД.

Во растот на БДП 2010/2011 скоро половина се должи на растот на градежништвото(whooping 40%) кое пак е 90% станбен простор. Она што се случува моментално во Македонија касни едно 10тина години од тоа што се слулчуваше во светот. Ние тек сега индуцираме балони во недвижнина..

Кои ќе бидат ефектите од ова?

1. Недвижнината ќе порасни на цена а ќе падни на вредност. Цените ќе бидат испратени повисоко поради субвенциите. Иоанака преголемата понуда на станови и градње ќе стане уште поголема. Односот на ќиријата/цената ќе продложи да се намалува и еден ден ќе достигне негативен принос кога ќе се вкалкулира одржување, амортиазија и слично.ж
2. Еден ден некој ќе продаде ефтино, ќе настани паника ќе следи масовно продавање... Многу од луѓето нема да осеќаат потреба да продаваат по така ниски цени... Но тогаш ќе имаме илјадници презадолжени Македонци кои нема да можат да ги платат ратите и банките ќе им ги повикаат хипотеките... Тогаш банките ќе продаваат по секоја цена, ќе се соочат со загуби а можеби со банкроти (ова останува да се види оти засега 1/3 е изложеноста кон хип. стан. кредит).
3. Ендгејмот ќе биди што и владата ќе мора да ги враќа тие кредити од каде што ги зела. Со новиот политчки подобен гувернер верувам дека сето има добри шанси да легни и на денарот...
4. Ако саката стан/куќа земете под ќирија и собријате евра во наредните неколку години. Еден ден ќе го решите вашето станбено прашање многу многу многу ефтино без владини субенции.. За ваше добро немојте да ги искорисите овие субвенции и да станите роб на долгот и банките.

Само да напоменам дека не ја знам мотивацијата за ваквиот недоветен потег на нашата влада, но она што го знам дека пазарот уште сега е во доста незгодна позиција. Дали неколку станови се продаваат во скопје месечено, т.е волуменот е намален значајно пред се поради што цените се високи и нема купци. Дали можеби ова е обид на владата да го спречи веќе надуваниот балон на недвижнина во Македонија ? Или можеби има одредени интересни групи кои се заинтересирани за градње - т.е побарувачка за нивните градби ? Јас очекував цените да почнат да паѓаат во секој момент но ова ја променува сиутација, ова создава маригнална побарувачка и работите можи да одат во спротивен правец некое време... Но By all means please не купувајте стан. Тоа ќе биди најопсаното нешто што може да го имате во наредните 10 години.

Всушност веќе секој бизнисмен-полуписмењак од типот на Велија (да тие се тразициски олигарси, во капиталистичко општество ќе бидат тоа што треба да бидат - офчари) почна масовно да гради згради во Скопје.
Порасот на градењето на станбен простор во македонија треба да 38*0.9= 34% изминатата година... Ова е основа на понуда т.е фундамент на понуда... основата на побарувачката т.е детерминацијата на побарувачката е од % пораст на населението, % пораст на доходот, и % на луѓе со веќе решено станбено прашање. Можите да ги побарате тие податоци и да ги собирате, да ги множите, и да ги степенувате нема да ситгните не ненормалниот 34% пораст на понуда. Значи фундаментите се сосема јасни - исто како среброто само обратно.
Како што кажав од овие 34% пораст можеби некоја фирма има проблем да ги проададе становите па владата е тука да ја стимулира побарувачката на барање на бизнис интересите. Ова значи дополнителна маргинална побарувачка на луѓе со можеби веќе решено станбено прашање, пр. во внатрешноста, кои ќе земат кредити што не можат да ги вратат и ќе купат станови во кои не планираат да живеат...туку од кои планираат да живеат(ќирија која ќе оди надолу во наредните години)...

Исто уште да додадам дека поради тоа што фундаментите на побарувачката не растат за да ја стигнат понудата, во наредниот период се повеќе од недвижнината ќе се финансира на кредит што е трагично за македонската иднина. Секако кредитот се движи и наназад кога цените ќе паѓаат и има credit crunch.
Не би требало да ја поистоветуваш нашава ситуација со економската криза и причините за нејзиното настанување. Барем засега, според мене, банките се многу внимателни на кого даваат кредити и како ги даваат, за разлика од американциве кога даваа кредити на кој ќе стигнат зашто знаеа дека утре ќе ги продадат тие заеми и свесно ја носеа економијата во пропаст. Можеби ти држи вода она за тоа дека некој близок има вишок станови за продажба :)
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Кај дава уште не чини.. Само стапот за овој народ хаха..

Ено не ми е јасно.. Оваа влада досега ни даде бесплатни учебници,компјутери,слободни.. Пак нечини..
Еве едно мало олеснување ни ова нечини..

За нас само Гадафи треба.. Па да видите после како ќе чини :)
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Не би требало да ја поистоветуваш нашава ситуација со економската криза и причините за нејзиното настанување. Барем засега, според мене, банките се многу внимателни на кого даваат кредити и како ги даваат, за разлика од американциве кога даваа кредити на кој ќе стигнат зашто знаеа дека утре ќе ги продадат тие заеми и свесно ја носеа економијата во пропаст. Можеби ти држи вода она за тоа дека некој близок има вишок станови за продажба :)
Јас се согласувам со томсасо, работата е што во случајов не кредитира банка туку држава. А знаејќи ги нашиве, од чист популизам ќе даваат пари на кој стигнат. Самата државна економска политика може да ги однесе недвижнините во амбис, нешто што и без оваа мерка мислам дека е прашање на време кога ќе се случи.
Инаку износот е смешен. Ќе ти дадат 6500 евра кои треба да ги враќаш, а ти да си имал доволно средства немало ни да ти треба толку мизерна сума.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Кај дава уште не чини.. Само стапот за овој народ хаха..

Ено не ми е јасно.. Оваа влада досега ни даде бесплатни учебници,компјутери,слободни.. Пак нечини..
Еве едно мало олеснување ни ова нечини..

За нас само Гадафи треба.. Па да видите после како ќе чини :)
Тоа тоа...и ја сум за Гадафи,само Гадафи за нас..нормално во Македонска верзија
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.324
Поени од реакции
15.576
Јас се согласувам со томсасо, работата е што во случајов не кредитира банка туку држава. А знаејќи ги нашиве, од чист популизам ќе даваат пари на кој стигнат. Самата државна економска политика може да ги однесе недвижнините во амбис, нешто што и без оваа мерка мислам дека е прашање на време кога ќе се случи.
Инаку износот е смешен. Ќе ти дадат 6500 евра кои треба да ги враќаш, а ти да си имал доволно средства немало ни да ти треба толку мизерна сума.
Па парите и ќе бидат давани на оние што ќе исполнат услов, односно помала месечна плата од 50.000 мислам. Е сега, таквите не можат да купат стан па ќе мора да земат хипотекарен кредит, е тука доаѓа улогата на банката да ја провери способноста на кредитобарателот да го врати кредитот т.е. кредитниот ризик. За ова реков дека нашиве банки се повнимателни, за разлика у Америка каде што одма ги продаваа и се ослободуваа и делуваа како медијатори помеѓу оние што ги купија од нив заемите и оние што земаа кредит, понатаму па се осигуруваа тие заеми(кај нас оваа опција ја нема мислам) итн...

А за износот нема потреба од коментирање, јасно ни е на повеќето :)
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Па парите и ќе бидат давани на оние што ќе исполнат услов, односно помала месечна плата од 50.000 мислам. Е сега, таквите не можат да купат стан па ќе мора да земат хипотекарен кредит, е тука доаѓа улогата на банката да ја провери способноста на кредитобарателот да го врати кредитот т.е. кредитниот ризик. За ова реков дека нашиве банки се повнимателни, за разлика у Америка каде што одма ги продаваа и се ослободуваа и делуваа како медијатори помеѓу оние што ги купија од нив заемите и оние што земаа кредит, понатаму па се осигуруваа тие заеми(кај нас оваа опција ја нема мислам) итн...

А за износот нема потреба од коментирање, јасно ни е на повеќето :)
Лонг стори шорт, многу малку луѓе ќе ја искористат "меркава". :)
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
секоја помош е добредојдена и не може државата да ве части по една куќа а вие да му ја мислите само да трошите пари во албанија или грција на море......кај нас сите кукаат а истовремено возат нови коли и трошат на одмори ..... МОЈАТА МАКЕДОНИЈА
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Не би требало да ја поистоветуваш нашава ситуација со економската криза и причините за нејзиното настанување. Барем засега, според мене, банките се многу внимателни на кого даваат кредити и како ги даваат, за разлика од американциве кога даваа кредити на кој ќе стигнат зашто знаеа дека утре ќе ги продадат тие заеми и свесно ја носеа економијата во пропаст. Можеби ти држи вода она за тоа дека некој близок има вишок станови за продажба :)
Хехе, како да не ја поистоветуваме кога кризата настана поради ексесивно кредитирање кое што беше последица на субенции и ниски камати ? Кај нас како што кажав на друга темата каматите се најниски во последниве десетина години а пак еве воведуваме и субвенции. Точно дека банките се внимателни.. Но нема да бидат повеќе.. оти владат го субвенционира ризикот..
Па парите и ќе бидат давани на оние што ќе исполнат услов, односно помала месечна плата од 50.000 мислам. Е сега, таквите не можат да купат стан па ќе мора да земат хипотекарен кредит, е тука доаѓа улогата на банката да ја провери способноста на кредитобарателот да го врати кредитот т.е. кредитниот ризик. За ова реков дека нашиве банки се повнимателни, за разлика у Америка каде што одма ги продаваа и се ослободуваа и делуваа како медијатори помеѓу оние што ги купија од нив заемите и оние што земаа кредит, понатаму па се осигуруваа тие заеми(кај нас оваа опција ја нема мислам) итн...

А за износот нема потреба од коментирање, јасно ни е на повеќето :)
Во конектст на претходното, уште потрагично е што ќе се даваат на луѓе со помалку од 50.000. Не мешам морал и правичност, туку чисто од ризик-аспект ќе се субвенционираат ризичните кредитобаратели. т.е се пореметуваат пазарните услови и прецепцијата на ризикот со тоа што маргиналните дополнителни кредитодобитници ќе бидат од ризик категорија која во слободен пазар нема да добие кредит. Ова значи невоља. Субвенцинирање на ризикот по примерот на subripme morgtrage видовме каде води. Кон конечен пропаст, уништени заштеди, намалено национално погатство што ќе ја повелече цела економјија надолу.

Наивно е да се тврди дека луѓето се сиромашни и му треба помош за станбено прашање. Тоа ја префрлува дебатата на моралнизирање и идеализирање што не смее да се случи во општествена дебата каде што одлуките треба да се носат врз основа на општевен кост-бенефит. Што ќе добиеме со субвенциите, и што ќе изгубиме со субвенциите. Според мене ќе изугбиме многу, и многу повеќе одколку што ќе добијаме. Ќе створиме вештачки инвестициски бум и ќе насочиме ресурси и капитал кон градње станбен просор наместо истите ресурси да се употребат за инвестиции во капитал и опрема на компании кои ќе донесат производство и раст. На крајот штедачите чии заштеди ќе бидат мисалоцирани ќе го платат цехот. Screw the savers (заеби ги штедачите) не само што е доминанта економска политика на светско ниво, туку и целата доминатна Кејнзова теорија револвира околу таа полтика на заебување на штедачите.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.324
Поени од реакции
15.576
^Не верувам дека ќе дојдеме тоа дереџе, премногу сме неразвиени, не може да ти снема бмв-то бензин ако ти уствари и немаш бмв :)
Останува да видиме, последици ќе има, ама не толкави. Кога цело ова субвенционирање би се употребило некако за да се зголемат доходите на граѓаните, би биле каде каде подобро од ова килаво субвенционирање... али...
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Интересно от кога почнува програмата и колко пари са заделени по таа програма на владата за првата година?
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Ај вака сега, за да не кажете дека гледам и коментирам од политичка гледна точка, кажете ми што има лошо во оваа идеја, која се надевам ќе стане реалност?

Значи млад брачен пар кој не зема повеќе од 900 евра месечна плата добива стан од државата и државата му плаќа 6500 евра учество а другото да се плаќа како месечна ќирија на долги години? Значи државата ти дава покрив над глава, народски кажано за без пари, а многумина гледам реагираат како за јајца да ги фатил некој. Ако вие сметате дека имате пари тогаш купете си стан и платете си го во готово во строгиот центар на Скопје или на Водно ако сакате, но многумина да не кажам 90% од народот ги нема тие услови и ова за нив би било повеќе од одлично. Значи прво народот се жали дека државата не води грижа за нив, дека само се крадат народните пари и.т.н а сега за оваа идеја, каде патем парите што се собираат од народот ќе се даваат пак за народот не ви се допаѓа.

Значи неможам да разберам каков народ сме, кога ни е лошо судиме дека секоја добра идеја е пак лоша, а и кога ни е добро и кога има добри идеи и проекти судиме дека е уште полошо.

ПС: Може нема многумина да ме разберат што сакам да кажам ама го пишувам ова со очите до пола затворени, сега си дојдов од работа затоа без судење )

ППС: Пак ќе кажам, за мене оваа идеја е повеќе од добра и мислам дека со ова конечно ќе може да се решат станбените прашања на многу граѓани кои досега живееле со своите родители и немале можност да си обезбедат кров над глава.
 
Јас викам да ги растуриме фамилиите и секој да живее во посебна куќа... Дури предлагам и владата да дава 90% учество со тоа што 10% ќе треба поединецот да ги исплати во рок од 10 години по 1% годишно. Посебно да се гарантираат кредитите за сите со понизок доход. Слични мерки имаа во америка, и реално-прилагодена невработеност и подвработеност т.е истиот начин на кој се сметаше невработеноста во минатите 80 години е на 20%... хмм 20% тоа ти е близу невработеноста од Големата Депресија... 50 милони од нација од 300 милони се на државни бонови за храна...

Поентата ми е, владата не создава богатство за да го распределува. Владата одзема веќе создадено богатство и задолжува идни поколенија. Како што спомнав предходно многу наивно е да се гледа само како луѓето ќе си купат станови, треба да се видат реперкусиите врз општество во наредните 10 години кои се трагични.

Можеме да субвенционираме станови, но еден ден ќе ни требаат бонови за храна.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom