Би отишле ли да живеете на село?

T

Torchyrus

Гостин
Едноставно кој работи ќе има кој не работи не зависно дали е во село или во град ќе си остане без ништо , во град можеш да имаш стална работа и сигурна плата и помалку да работеш но за разлика од селото помалку пари ќе земаш(секако се зависи до работата која ја работеш ) , сепак за да земаш пари во село ти треба доста макотрпна работа исполнета со труд и знаење нели за да работеш нешто треба барем колку толку да се разбираш во тоа ...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Едноставно кој работи ќе има кој не работи не зависно дали е во село или во град ќе си остане без ништо , во град можеш да имаш стална работа и сигурна плата и помалку да работеш но за разлика од селото помалку пари ќе земаш(секако се зависи до работата која ја работеш ) , сепак за да земаш пари во село ти треба доста макотрпна работа исполнета со труд и знаење нели за да работеш нешто треба барем колку толку да се разбираш во тоа ...
Знаеш од работа во нашава ни земја што може да се заработи само, грбка ете тоа. Затоа што секогаш ќе се најде некој крлеж што би живеел на туѓ труд паразит измамник, инвеститор наш или странски...
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
имаш зеленко за постов...
 

MartinFCB

Fcb
Член од
22 октомври 2010
Мислења
317
Поени од реакции
47
Ќе ги замолам модераторите да ја чуваат темава од зајадливите коментари од типот:

-Овој пак со неговите фикс идеи.

-Да беше лесна земјата никој немаше да појде во град итд...


Инаку еве една интересна вест.

Со државна земја и субвенции до заработувачка

Со државна земја и субвенции до заработувачка. Стојанчо Спасиќ од Иванковци е пример дека аграрот во последните пет години станува атрактивен бизнис од кој може и да се живее и да се инвестира.



На своите три хектари земја, овој земјоделец ги додал и 27 хектари кои на плодоуживање ги добил од државата. Ги засадил со анасон, кромид и житарици. Од субвенциите што ги добил за една година купил и сопствен трактор.

- Добиваме субвенции за сите култури и со тие пари можам да платам и осигурување и кирија и да остане за трошоци. Олку добро не било никогаш, да беше вака порано, македонското земјоделство ќе беше многу понапред - вели Стојанчо Спасиќ од Иванковци.

Спасиќ вели дека субвенциите се исплаќаат редовно, а во некои случаи дури и пред време. Токму државната поддршка за земјоделство го врати и животот во неговото село.

- Во село Иванковци само од субвенции влегоа околу 500 - 600 илјади евра за една година. Никогаш не било вака добро - вели Спасиќ.

Минатата година државата исплати 100 милиони евра за субвенции. За годинава планирани се 15 милиони повеќе. Субвенцијата за тутунот е веќе исплатена, а за дел од другите култури пријавувањето е во тек. Ќе трае до крајот на овој месец.
Да е се така како што ти велиш сите би оделе на село и не би имало тутунари и млекари пред владата да протестираат. Дај не лажи народ тука ова повеќе личи на партиска кампања. Отиди во некои македонски села и види како живеат луѓето, ако сами не се исхранат ке умрат за јадење, дали е тоа заради овие МИЛИОНСКИ суми што ти ги спомнуваш што се даваат од страна на владата?
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Да живеам на село нема шанси, да инвестирам во земјоделие е многу можно ако проценам дека ќе се врати инвестицијата.
 

ЛеоЛе07

Не биди трол
Член од
8 октомври 2010
Мислења
879
Поени од реакции
375
Ѕирнете го клипов.
Слушнете ги славејчињата во позадина. :)
Јас би живеел на село, ама во нашиве села тешко. Остај што ти зборуваат на телевизија, а особено на Сител. Имам еден куп роднини по селата. Иако логиката со цената и недостигот на храна, држи вода.

П.С: Славејчињата пеат ноќно време. Денски, тоа може да биде чучулига.
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Да ви кажам право в’шума би отишол да живеам.Само една ’’Ева’’ да имам покрај мене,лаптоп и ваерлес.
 
Член од
11 јули 2009
Мислења
1.415
Поени од реакции
962
и селото има свои предности , пример ако имаш куќа не ги слушаш комшиите како се онадат секоја вечер :) , си имаш поголем комфорт итд .. ЈА би живеел некаде на скопска црна гора ( го сакам животот пред коперација ) :pos::pos::pos:
 
I

Iblis

Гостин
Тоа кој пробал како се работи на село и како се вади лебот си знае, кој видел бега од таа работа и има добра причина за тоа, црнчиш од сабајле од вечер, и се молиш да ти се погоди времето, да ти нарасне родот, за после да се молиш да ти го купи тоа некој.
Тоа математиката на хартина супер оди ама есапот дома и на пазар не е ист + дај стави трошоци, си направи колку приход ке имаш и оп милијарди летаат , мислиш се држи партиски говор
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Тоа кој пробал како се работи на село и како се вади лебот си знае, кој видел бега од таа работа и има добра причина за тоа, црнчиш од сабајле од вечер, и се молиш да ти се погоди времето, да ти нарасне родот, за после да се молиш да ти го купи тоа некој.
Тоа математиката на хартина супер оди ама есапот дома и на пазар не е ист + дај стави трошоци, си направи колку приход ке имаш и оп милијарди летаат , мислиш се држи партиски говор
Споменав има ОГРОМЕН недостаток на храна на светско ниво, Албанците доживуваат туристички бум како Грците своевремено во осумдесетите,Бугарија,Црна Гора и Хрватска такоге, во Кожуф имаш инвестиција од 200 милиони евра(огромна потреба за храна), огромни површини земјоделско земјиште во светот се пренаменуваат за одгледување на био-дизелни култури итд итд... значи нема многу да му ја мислиш за пласман, башка ако невреме ти го уништи родот осигурителната компанија ќе те обештети (државата покрива 60% од трошоците за осигурување).

Многу мои другари ми се жалат женските ги одбивале, корпи им мавале.
Па ќе ти маваат ропак еден низаеден, кога немаш 100 денари во џеп, кога не можеш да ја издржаваш жена ти со твојата бедна плата од 12 илјади денари, што не можеш да си обезбедиш свој стан па ќе одиш кај нејзините за домазет и ќе се понижаваш...

Кажи ми ти со која плата ќе формираш фамилија овде во Скопје каде кило јаготки се од 50 до 120 денари во ек на сезона, со која ?????
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.880
Досадно е, мислам дека не би можел, да беше добро , немаше да се испразнат селата. Па после не ги имаш сите услови во село, нашите села елементарните услови ги немаат, вода, канализација и пат. Да беше лесно, немаше да се испразнат селата.
А ако е како во развиените земји, тогаш поинаку е.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Најсељачка математика, имаме 100 000 хектари необработена земја.(имаме многу повеќе ама ќе се задржиме на оваа бројка)

1 хектар насаден со патлиџан дава 20 000 евра

100 илјади хектари * 20 000 евра=2 милјарди евра

Да влезат тие 2 милјарди евра во македонското стопанство би ја прешишале и Словенија.

Но има еден "catch" овој народ има траума од земја.
Он не не би се вратил на село па макар и Megan Fox да му ја дадеш за анама, онака да му игра у харем заедно со сите девојки од Викторија Сикрет.

Ќе мора на овој проблем да се работи, ќе биде тешко ама мора да се успее пошто друга алтернатива немаме.

Најбогатите луѓе во Америка живеат на пространи ранчови или хациенди, што подалеку од бучавата на градот и миризот на бензинот.

Ние чуден народ сме сите се бутаме во Центар.
Све је то супер, само уште да функционираше во реалност, особено па кога се работи за земјоделски производи. Ко прво сите земји од ЕУ имаат усогласена надворешнотрговска политика. Тоа значи дека стоките кои што се увезуваат од страна на ЕУ треба да бидат подеднакво третирани без оглед на тоа од која земја членка се увезуваат. Чим ја поминуваат царинската контрола на било која точка за влез во унијата производите потоа можат да се движат од една во друга земја членка без да бидат дополнително проверувани или царинети. Но ова е случај само за индустрииските производи додека не е случај и за земјоделските производи, имаат сосема посебна политика за земјоделски производи. Тоа може да се увиди и преку податокот дека највисоката царинска стапка се однесува на земјоделските производи и таа изнесува 16,1 % од вредноста на стоката. Покрај царините, Европа применува и ќе применува и други типови на инструменти за заштита на домашното производство како дополнителни увозни такси, контингенти, доброволни квоти, дозволи, разни технички стандарди, стандарди за квалитет на производите, еколошки стандарди, ознаки за органски производи. Кај нас уште месо по пазари се продава ко у Авганистан да сме, за органско производство сме слушнале дека такво нешто постои и сме донеле некаква декларација, а кога ќе се имплементира тоа еден Господ знае. Ако на светско ниво снемува храна не значи дека Европа ќе се затрча да увезува од Македонија, баш напротив ќе го брани уште повеќе домашното производство и уште повеќе ќе ја субвенционира земјоделската дејност. Од СТО на ЕУ дури и наметнаа дека мора за 33 % да ги намали мерките контингенти и до лани требаше да ги исфрлат сите типови на субвенции освен нели зелените субвенции. Е арно ама Европјаниве сите нивни претходни субвенции ги трансформираа како зелени и пак си цепаат по старо, тоа ќе го увидиш и по фактот дека 43 % од буџетот на ЕУ се трошат за субвенции во земјоделието
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
@Трелковски Европа е 500 милиони жители па Кинезите во овој момент(не зборам за 10 години) со се партали ќе ги купат САД и ЕВРОПА у пакет заедно.
Кина,Бразил,Русија,Индија и блискиот Исток тоа се огромни пазари.
Плус европјанинот не може да ти го сопре производот ако ги исполнува сите стандарди, знам за македонска фирма која успешно го пласира патлиџанот во Франција, имаат добиено некаква декларација на нивната роба со ознака АА+ (или нешто слично, поскап е нашиот патлиџан за 30% од останатите домати од немакедонско потекло) поволностите од таа декларација се: колку и роба ќе им достават нашиве французите се обврзани да им ја купат до последен килограм.

Инаку за стандардите се согласувам, луѓето кои се занимаваат со земјоделие овде во Македонија се бајаги неписмени, применуваат методи од чукун дедо што им останале.
Ние сме мала земја една шака народ со паметно работење можеме доста да успееме.

Само неписмени сме тоа е она што ни фали, едукација ни треба, после успехот сам ќе си дојде.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Изгледа дека кај нас фали таа едукација и модернизација на земјоделецот што ја спомна погоре Чоузен, инаку да не претеруваме мислам дека квалитетот на живот нема некоја голема разлика село-град во моментов, дури можам да кажам дека селаните се економски постабилни од многумина кој живеат во градот. Интересен факт е за Словенија дека младите брачни парови и општо млади се повеќе заинтересирани да живеат во село наместо во Љубљана или Марибор (пример). Дали е тоа до менталитетот или пак државата ги мотивира со некакви субвенции навистина не знам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom