Björn
Does Your Mother Know?
- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.023
- Поени од реакции
- 83.446
Да, да, веќе ги знаеме желбите на уличниот албански протестирач (направив и споредба со македонскиот).realno so kur Srbija moze da bara od Kosovo?
pa i da bara so kur moze da dobie?
Меѓутоа реалноста е поинаква. Преговори како што гледате има. На едната страна седат косовски Албанци, а не некои луѓе донесени од Марс.
Ја ви реков, ако баш сите вие сакате да нема преговори со Србите, онда што не ставите такви луѓе на власт.
Кај нас Македонците состојбата е слична. Само што меѓу нас (за разлика од кај вас) има еден слој од луѓе кои сакаат промена на уставното име во замена за наводни социо-економски придобивки. Па втората по големина, условно кажано, македонска партија ја протежира промената на името. Па тука се и сите албански партии кои исто така ја подржуваат бесмислената политика на анационализација на Македонецот, секако од аспект на нивните интереси тоа не делува бесмислено.
За разлика од тоа, мислам дека сите Албанци се против преговори со Србија. И ако е стварно така, тогаш мислам дека е многу лесно тој национално монолитен став да се артикулира политички на некои идни избори на Косово, дали преку Самоопределување или пак преку некоја друга партија која ќе вети прекин на преговорите со Србија...
Реално, преговорите ќе продолжат, па лаеле вие или не. Што ќе се случи со понатамошниот процес на самостојност на Косово зависи од Косово, но и од Србија (ако ова не ви е јасно, тогаш се самозалажувате). Заокружувањето на тој процес води преку Србија. А можда и нема да се случи, дури и Србија да даде согласност (такво е расположението на некои фактори во СБ на ООН).
Ако мислите дека е 100% надвор од игра некаков територијален пакет (Српска, Северно Косово, Прешево...), се лажете, затоа што преседани веќе се направени. Не велам дека е тоа најверојатната опција, ама не е надвор од игра (макар и после подолг временски период).
А тоа, да нема преговарање, во моментов е многу далеку од реалноста. Тоа го знае кој и да е у парламент. Ја тврдам дека и Курти да биде премиер ќе преговара.