THE_CHOSEN_ONE
1903-2012
- Член од
- 13 август 2007
- Мислења
- 3.724
- Поени од реакции
- 1.333
Во близина на тетовско Желино поставен камен темелник за фабриката Енфло Продакшн која ќе произведува ветерни турбини. Инвестор е швајцарска компанија.
Во Македонија ќе изработуваат турбини за ветер. Фабриката Енфло продакшн започна да се гради денес во близина на тетовско Желино.
Во првата фаза инвеститорот ЛСД Холдинг од Швајцарија ќе вложи вкупно 5 милиони евра, а ќе вработи 100 луѓе во еден од 4-те производствени погони што се очекува да проработи до крајот од годинава.
Според генералниот директор на Енфло, Дирк Сус, тие се решиле да инвестираат на свое земјиште кое го купиле во близина на Желино затоа што иако слободните економски зони нудат поволности, според нивните проценки, евтината работна сила на овој простор, како и пристапноста на регионот биле одлучувачки што се решиле тука да го отворат својот погон и очекуваат овој проект да биде профитабилен, успешен и долгогодишен.
- Се работи за инвестиција што не само што ќе овозможи нови работни места, туку и трансфер на технологија бидејќи компанијата „Енфло“ во својот погон ќе употребува последна генерација на технологија во оваа област што е многу важно за нас бидејќи станува збор и за трансфер на знаење, рече Пешевски.
Во останатите фази во Енфло продакшн ќе се градат уште 3 фабрички погони каде се очекува да се вработат до 1000 луѓе.