Ове е човек малце да се подразмисли,шала на страна.
"Но ако се анализираат демографските показатели, тогаш лесно може да се заклучи, дека доколку сегашните трендови продолжат сотојбата радикално ќе биде изменета. Наталитетот кај етничките Бугари е се помал, и тој веќе одамна не може да го покрие морталитетот. Па така секоја година околу 30 илјади Бугари повеќе умираат отколку што се раѓаат.
За разлика од нив етничите Турци и Роми, кои се претежно муслимани имаат позитивен природен прираст. Турците во Бугарија веќе надминаа над десет проценти, а Ромите над четири проценти."
--- надополнето ---
Се радикализираат муслиманите во Бугарија
Бугарија се соочува и со радикализација на нејзините муслимани.
Во последните години во оваа земја изградени се околу
350 нови џамии. Голем број на овие џамии се изградени со пари од Саудиска Арабија, од кадешто потекнува и радикалниот ислам.
Бугарската полицијата има спроведено истрага за неколку надворешни исламски фондации и извршила неколку апсења од 2000 година, под сомнение за ширење на нетрадиционален ислам и обучување фундаменталисти.