"Заборавени" играчи

  • Креатор на темата Креатор на темата The Dude
  • Време на започнување Време на започнување
Најверојатно мислиш на Педро Паулета. :)

Клеберсон, беше и во поширокиот список на Бразил 2002, дојде во Манчестер, одигра неколку натпревари, направи мал милион грешки и не направи ниту еден правилен пас дури и на 5 метри и сега продава сирење на еден пазар во Бразил. :)
Или ужива во мајсториите на Роналдињо.
 
Алваро Рекоба , Едмилсон, Смоларек , Сорин , Колер и Вилторд.Ни трага ни глас нема од нив :pos:
 
Најверојатно мислиш на Педро Паулета. :)

Клеберсон, беше и во поширокиот список на Бразил 2002, дојде во Манчестер, одигра неколку натпревари, направи мал милион грешки и не направи ниту еден правилен пас дури и на 5 метри и сега продава сирење на еден пазар во Бразил. :)

Тој де, од што беше славен и името сум му го заборавил :)

Да ја продолжам листата од претходно, Славковски - не мора да објаснувам јасно ви е на сите за него.

Дариус Васел - надежен англиски напаѓач, ама не стана нешто посебно од него иако го најавуваа како добар играч.

Матеја Кежман - исто и тој, Партизан, Челзи, Атлетико и кај заврши? На 32 години игра во Хонг Конг кутричкиот.

Адријан Муту - надежна кариера која си ја уништи поради дрога.
 
Рикелме, од Барса, Виљареал....
 
Џовани дос Сантос беше талентиран играч. Доби шанса дури и во првиот тим на Барса, таа сезона беше одличен, на 18 години играше во прв тим. Изигра повеќе натпревари и од Роналдињо. Меѓутоа, по завршувањето на сезоната замина во Тотенхем, од каде што постојано е по позајмици. Од јануари е на позајмица во Расинг, каде што се надевам ќе се врати на вистинските патеки. Има време за него. Има само неполни 22 години.
 
Дмитри Сичев беше најавуван како најголем руски талент и поврзуван со големи клубови но си остана во Русија и од поодамна немам ништо слушнато за него.
 
Дмитри Сичев беше најавуван како најголем руски талент и поврзуван со големи клубови но си остана во Русија и од поодамна немам ништо слушнато за него.
Па овој си има сосема солидна кариера,како и повеќето тука што ги спомнавте.Игра во прва руска лига,која е 6-7 во светот по квалитет.Игра доста,дава голови.....Јебига не може секој да направи светска кариера.
Како заборавени играчи би ставил јас некој како Славковски.Чудо од дете,кое има само 1 утакмица во кариерата изиграно.И други такви на тон што ги има.На пр. во Хрватска Јањетовиќ и Абрамовиќ.Едниот на у-17 еп,каде Хрватска заврши трета беше меѓу најдобрите играчи,сега на 26 години игра малце прва,малце втора лига.Другиот бил еден од најдобрите јуниори на Хрватска,кариера направи во Босна.Имаше и уште еден Србин за Реал што има играно,а сега е или во пензија или по некои ливади во Србија игра.Овие се стварно пропалитети.....
 
Пабло Ајмар.. Не дека е изгубен, игра во Бенфика.. Ама очекував ако замине од Валенсија да оди во некоја посилна екипа, а не во Сарагоса, па после Бенфика.. :)
 
Некои од вас комплетно ја утнале поентата на темата...
Ако не се лажам не е работата да ставате играчи кои играле 10 години добро на 30год направиле трансфер и после ги нема...
поентата е за играчи како Макси Лопез, ДАлесандро, Џемба Џемба, Сичев итн кои биле најавувани како силни засилувања и големи звезди после 1-2 добро одиграни сезони и тука се губат...
А не да ги ставате Редондо, Салас, Мендиета, Аимар и Баштурк...
 
Федерико Џунти- Дојде во Милан заедно со Пирло и Гатузо, потоа се шеташе низ просечни екипи во Италија, а направи и една кратка до Турција

Дарио Силва- солиден напаѓач во Примера. Одличен во Еспањол, Осасуна. Играше и за Уругвај. За жал после една сообраќајна несреќа му ја ампутирале ногата. :(

Хуго Ибара- Десен бек во тимот на Монако кој загуби во финалето на ЛШ од Порто. Ѕвер беше, ама не бидна ништо, се врати дома во Бока.
 
Па овој си има сосема солидна кариера,како и повеќето тука што ги спомнавте.Игра во прва руска лига,која е 6-7 во светот по квалитет.Игра доста,дава голови.....Јебига не може секој да направи светска кариера.
Како заборавени играчи би ставил јас некој како Славковски.Чудо од дете,кое има само 1 утакмица во кариерата изиграно.И други такви на тон што ги има.На пр. во Хрватска Јањетовиќ и Абрамовиќ.Едниот на у-17 еп,каде Хрватска заврши трета беше меѓу најдобрите играчи,сега на 26 години игра малце прва,малце втора лига.Другиот бил еден од најдобрите јуниори на Хрватска,кариера направи во Босна.Имаше и уште еден Србин за Реал што има играно,а сега е или во пензија или по некои ливади во Србија игра.Овие се стварно пропалитети.....

На Славковски други работи (читај мода) му биле поинтересни и побитни од фудбалот. Во смисол, ако сакаш да успееш мора само едно нешто да ти е на памет (во случајов фудбал). Ова од сигурни извори.

--- надополнето ---

Да ја надополнам листава - Дин Ештон (Dean Ashton)

Кој прати Премиер Лига нема шанси да нема чуено за него. Многу добар напаѓач, стигна и до репрезентацијата на Англија. Имаше некои повреди, ама таман почна да се истакнува, заработи и репрезентативен настап - идиотот Шон Рајт Филипс го повреди така гадно што сега не може ни да го движи воопшто зглобот на ногата.
 
Лиам Милер, беше најавуван како замена на Рој Кин, но ништо не бидна со него :) Баш проверив, во 2 сезони изиграл 9 натпревари и сега е во Хиберниан

Хоакин и Висенте, имаа потенцијал да станат најдобрите крила во светот, немам појма шо им се случи. Хоакин гледам последниве 2 сезони крена форма колку толку, ама ни блиску не го искористи потенцијалот.
 
Ми текна сега на Карлос Алберто, фантастичен беше сезоната кога Порто освои титула во ЛШ. После тоа играше катастрофално, се сеќавам пред 2-3 години играше и во Вердер, пуштил коса ко предатор некој и тотално заборавил да игра фудбал.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom