Па муабетот мој има факти.Ако имаш гледано пресудата што глупости тропаат и кој доказ е искористен за да се осудат генералите ќе видиш каква пресуда е донесена.Разговорите од Бриони каде што се цел муабет е изваден од контекст е искористен како главен доказ.Плус што има докази дека воените злосторства се случени после Олујата,а во тоа време Готовина е веќе во Босна и раководи со операции таму(а тој што е одговрен за повратените територии после Олуја не е ни обвинет),па после тоа докази нема никакви дека Книн е прекумерно бомбардиран кога на сите снимки тој е скоро цел читав.После тоа зашто е само Готовина кој раководи само со јужниот сектор обвинет,а заповедникот на северниот не е?Не ти личи тебе се ова на политичка пресуда?Си имаат зацртано во Хаг, Србите 70%,Хрватите 20%,Муслиманите 10% од кривицата да ја земат и дека ниту една страна не е целосно виновна за почетокот на војната,нема победници,нема поразени,сите се криви.
Плус Олујата,акција за враќање под своја контрола на делови од земјата кои меѓунардоно се признати како дел од Хрватска, е прогласена за злосторнички потхват и злосторничко здружување.Ајде бе,а што требаше да им прават,освен воено да интервенираат?На крајот од краиштата Хрватска беше таа која прифати да преговара за Z-4 планот,а Србите тоа го одбија.Кога не може да се реши мирно,што останува?
А со таа акција е исто спасен и Бихаќ.Спречена е нова и поголема Сребреница.
Башка ова е судија кој до сега нема ниту една потврдена пресуда.Сите негови пресуди се или доста намалени после жалбите или се укинати.
Јас не викам дека немало воени злосторства и дека не треба тие што ги правеле да се казнат,но ова не е правда.Тој што опљачкал некоја куќа и убил некој си е на слобода,а Готовина ќе скапее 24 години во Хаг.
П.С Тебе 10(прво на 5 години го осудија,па после жалбата на обвинителството на 10) години за организирање на убиство на 200 ранети цивили и војници ти изгледа како праведна пресуда?