Македонија наесен почнува да го гради првиот Ветерен парк

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.735
Поени од реакции
1.341
Со финансиска поддршка на Германската развојна банка KFW , во Македонија наесен ќе почне да се гради првиот Ветерен парк.

veterenparkbogdanci_52544.jpg

За проектот вреден вкупно 55 милиони евра договори денеска потпишаа Министерството за финанси, Банката KFW и АД ELEM.

- Денеска ја затворивме финансиската конструкција за изградба на ветерниот парк Богданци. Со договорите што ги потпишавме со KFW Банката обезбедени се 32,9 милиони евра, а останатите 22,6 милиони ќе ги обезбеди АД ЕЛЕМ од сопстевени средства, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран ставрески по потпишувањето на договорите.

Во Ветерниот парк на 29 хектари е предвидена изградба на 15 до 18 ветерници секоја со капацитет од 2 до 3 мегавати. Вкупната производна моќ на Ветерниот парк ќе биде 100 гигават часови. а капацитетот 37 мегавати.

- Целта е искористување на обновливите извори на енергија при производство на струја, намалување на емисија на стакленички гасови, но и намалување на увозната зависност на Македонија од електрична енергија, истакна директорот на АД ЕЛЕМ Влатко Чинговски.

Проектот, информира тој, ќе се реализира во две фази. Првата опфаќа инсталирање на ветерниците и треба да заврши најдоцна за две години, а втората се однесува на дополнително инсталирање ветерни турбини со кои моќноста на Ветерниот парк ќе се зголеми за околу 50 мегавати.
 
Ок, ние што незнаеме - за колку одприлика домаќинства/градчиња/делови од градови и слично ќе бидат овие ветерници?
 
Па ајде мајку му стара,од кога се говори за ветерници, редно време е веќе да ги изградат
 
вреди да се проба и да се направи нешто корисно :D
иако мислам дека инвестиции во сончева и геотермална енергија би биле подобро решение :)
 
Браво за проектов. Само многу бе ова, една ветерница има капацитет од 2 до 3 мегавати, една хидроцентрала има толкав капацитет.
 
Ама од есен, малку ветрушки има овде што ќе поверуваат во ова :icon_lol:.
 
Ветерен парк... да ви ебам неписмените новинари...
 
Уште ако овие ветерници би можеле да се искористат и како холандски воденици, мелничарско- пекарската индустрија ќе може да го поефтини лебот...чисто предлог е ова, ако неможе никому ништо и за струја само да се пак ќе биде добро, сепак да почекаме...
 
najdobro reseni za makedonija e da investira vo nuklearkata koja ce se gradi vo Bugarija em nema da e na nasa teritorija, em nema da mu ja mislime za otpadot i za gorivoto em ednas zasekogas se resava problemot so nedostig na el energija iako golem del od taa struja ni ja krade Kosovo
 
тоа би било добро но пак ке бидеш енергетски зависен од нив, а моментално е стопиран (на неодредено време) проектот мислам.
Иако инвестиција во неконвенционални извори е скапа работа за една вака мала земја но сепак имаме голем потенцијал со околу 250 сончеви денови годишно.
 
тоа би било добро но пак ке бидеш енергетски зависен од нив, а моментално е стопиран (на неодредено време) проектот мислам.
Иако инвестиција во неконвенционални извори е скапа работа за една вака мала земја но сепак имаме голем потенцијал со 250 сончеви денови годишно.

сега за сега додека е јагленот лигнитот ги покрива сите енергетски потреби на македонија до едно 15 години после тоа што ни треба константен извор на енергија таков не е сноцевата енергија на крај краева сите соседи околу македонија сем косово и албанија и грција мислам немаат се уште нуклеарки.
најдобор би било да имаме своја ама се уште немаме капацитет ни човечки ни технички
 
Немаме вода за нуклеарна централа.Со што ќе ги ладиме?Не е проблем ни технологија ни работници.Ќе се пратат луѓе да учат.Тоа не е проблем.
 
сега за сега додека е јагленот лигнитот ги покрива сите енергетски потреби на македонија до едно 15 години после тоа што ни треба константен извор на енергија таков не е сноцевата енергија на крај краева сите соседи околу македонија сем косово и албанија и грција мислам немаат се уште нуклеарки.
најдобор би било да имаме своја ама се уште немаме капацитет ни човечки ни технички
Ако гледаш ти така ние дај да најдеме решение како да добиваме хелиум од водород па ќе ги решиме енергетските проблеми на целиот свет :)
сепак мене муабетот ми беше дека подобро е да се инвестира во сончева и геотермална отколку во ветер и магла :)
линк во вест имаше многу добра статија на оваа тема дека ние сепак имаме многу неискористени потенцијали
 
И најдолгиот пат почнува со еден чекор. Браво за ветернициве кои ќе бидат изградени.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom