Тирана 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин
Сите на кои прва асоцијација за нашиот западен сосед Албанија им е снимката од зградата на парламентот која од 93-та година ја користеше МТВ во прилозите за вестите од Тирана, треба да се подготват за културен шок :)
tirana-455-3.jpg

Интернационалното жири под раководство на холандскиот архитект Ханс Ибелингс го одбра проектот на австриското проектантско биро Coop Himmelb(l)au како победник на интернационалниот конкурс за новиот комплекс на албанскиот парламент во Тирана. Макетите на учесниците на конкурсот биле две недели изложени на јавен увид, а преку интернет сите граѓани на Албанија имале можност да се вклучат во одлуката за победникот на конкурсот.
tirana-455-4.jpg

Тамошните медиуми пишуваат дека основните демократски одредници како отвореноста, транспарентноста и учеството на јавноста во одлучувањето се вредностите со кои Албанија сака да покаже дека е подготвена за влез во Европа. Проектот за отворениот албански парламент на Австријците токму овие метафорички демократски вредности ги враќа во нивното првобитно значење и врз нив Coop Himelb(l)au го градат својот проект.
tirana-455-2.jpg

Wolf D. prix, раководител на проектот на архитектонското биро изјави: „Нашиот нацрт за парламентот во Тирана ја претставува транспарентноста на демократијата.“
Различните сегменти на новиот комплекс коегизистираат во еден единствен простор на современата естетика кој би требало да отвори нови можности и да им даде нови значења на функциите кои ги обединува. Од градскиот плоштад преку широки скали граѓаните ќе може да се качат на кровот/терасата на комплексот кој ја опфаќа парламентарната дворана, канцелариски блок и влезниот дел. Пристапот на оваа нова градска јавна површина ќе им биде овозможен на сите, односно покрај погледот на урбаниот пејзаж на Тирана од тоа место граѓаните ќе може да ги следат случувањата во самиот парламент.
Самата транспарентна обвивка на јадрото на комплексот, парламентарната дворана, го претпоставува транспарентното политичко делување во објектот.
tirana-5.jpg

Водена е и сметка за активната и пасивната потрошувачка на енергијата, чија оптимализација е една од појдовните точки во пристапот кон проектот за новиот албански парламент. Објектот ќе ги користи природните ресурси од непосредната околина, а посебната конфигурација на волуменот како и изборот на материјали треба да гарантираат ефикасен енергетски план и намалување на зависноста од употребата на фосилни горива. Во изборот на материјализација за обвивката е водена сметка за употреба на материјали кои ќе придонесат кон подобро искористување на дневната светлина, контролата на одблесокот, подобрата топлинска изолација, вентилација и контрола на буката.
tirana-455-1.jpg

Ова е прв проект на австриското биро во Албанија, а новиот комплекс ќе се гради на парцела од 28.000 м2 во близина на останатите владини објекти. Coop Himelb(l)au во 2009. го добија конкурсот за новата зграда на Централната европска банка во Франкфурт.

http://kajgana.com/zivot/tirana-2014
 
А што ги складираме како грав во тепсија, и што сите права им ги дадовме тоа не не прави нас повеќе вредни за поканата за ЕУ?
 
Извини. Кому му имаш ти дадено права? Или по инерција да им се судело одма на секој напредок кој го имаат соседите. :)
 
Овој културен шок одамна го чекаме,ама слабо некако оди...последен пат кога бев во Албанија ни музика не пуштаа по кафани...се надевам следниот пат ке видам некои новости..
 
БАРЕМ У БАРОК СТИЛ ДА БИЛО
 
Зградата делува современо и најверојатно ќе биде функционална во поглед на заштеда на енергија. Ќе треба да се уреди средината околу зградата за истата да се вклопи во сроден амбиент, да не биде парче железо среде еден куп комунистички бетон.

Имаат доста внатрешни проблеми- речиси слични како и нашите- се надевам дека нема да биде кочница за комшиите.
И посакувам многу среќа и напредок на Албанија.
 
Овој културен шок одамна го чекаме,ама слабо некако оди...последен пат кога бев во Албанија ни музика не пуштаа по кафани...се надевам следниот пат ке видам некои новости..
хахаххах катастрофа што збориш ти не е вистина :tapp: какви кафичи има у албанија ти не можеш да размислиш и у сон нема да го гледаш,АЛБАНИЈА ТИРАНА за нас овде у македонија е бпој 1 :toe:
 
milo mi e ako nekoj napreduva, kako sto razbrav imalo i tamu mnogu korupcija i nikako rabotite da trgnele na dobro od tie finti, iskreno se nadevam deka ke im trgne na podobro, za da nema posle so kogo da se vadime deka e beter od nas
 
Наместо да одат назад тие напред.
 
хахаххах катастрофа што збориш ти не е вистина :tapp: какви кафичи има у албанија ти не можеш да размислиш и у сон нема да го гледаш,АЛБАНИЈА ТИРАНА за нас овде у македонија е бпој 1 :toe:

Што кажа сега...:) ај прочитај уште еднаш што напишав господине увреѓени момак...
 
Извини. Кому му имаш ти дадено права? Или по инерција да им се судело одма на секој напредок кој го имаат соседите. :)

Извинето. Јас лично никому, државата во која живеам, и во која сум роден им го има дадено тоа право.
Повеќе од доволно за тензија, затоа што кај нив е обратна ситуација.
Освен ако не си од нивната припадност, не би требало да се буниш.
 
Барем како бункер да го наприле... со зграда во калашников стил... за коа ке го видиш.. право да ти текне оти си у албанија...
инаку браво за албанциве... таква да напраат у скопје.. и чавки нема да ја серат...
 
Џабе им е бе, кога немаат триумфална порта. :)
 
Извинето. Јас лично никому, државата во која живеам, и во која сум роден им го има дадено тоа право.
Повеќе од доволно за тензија, затоа што кај нив е обратна ситуација.
Освен ако не си од нивната припадност, не би требало да се буниш.
Хмм, ноуп. Погрешно си разбрал. Тука станува збор за Албанците. Тие Албанци кои живеат и работат во Албанија. :)
А не за оние кои се лоцирани претежно во Западна Македонија. Појасно е сега, се надевам. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom