- Член од
- 13 октомври 2007
- Мислења
- 3.175
- Поени од реакции
- 434
Асоцијација : лаже ,краде и вошки има ,: одговор БУГАРПатишта вп БГ се прават. Колко и да са лоши пак са по убави од вашите. И нема да се плашите.
Компирите не може да ви ги откраднеме оти до них со кола не можеме да идеме.
Ама пак споменици бол ке имате за сметка на патиштата:smir:
Опремен граничен премин 18 години неотворен
Безвизниот режим кон ЕУ ги раздвижи иницијаторите на идејата за отварање на незавршениот граничен премин Клепало кај Берово. Преминот е целосно завршен од македонска страна, но од бугарската недостасува 30 километарски пат. За македонскиот пограничен регион преминот е излез од сообраќајното слепо црево.
Некогаш совремниот граничен терминал со години стои празен, обраснат во трева. Кога и би почнал да функционира граничниот премин Клепало ќе биде потребна мала рекострукција на инфраструктурата. Кога ќе се дојде од македонска страна премин како и секој друг, но штом се помине граничната црта кон Бугарија цивилизацијата завршува. Од бугарска страна се чека на изградбата на 30 километарски пат. Во Берово велат бугарите немаат интерес да вложуваат во овој пат до новиот граничен премин, иако се обрзале со договор дека ќе го изградат. За беровските бизнисмени Клепало е надеж за нови партнери. Бизнисменот Предраг Монев вели дека отварањето на преминот се скратува патот за над 80 киломтетри со што може да им донесе грчки и бугарски партнери.
На развој на алтернативниот и планинскиот туризам преку проекти подолго време заедно работат невладиниот сектор и општините. По должина на патот што води до граничниот премин Клепало скопски бизнисмен со години се гради хотелски комлекс. Еден помал, на беровскиот бизнисмен Владо Мишовски стана спа центар. Мишовски со отворањето на преминот се надева на бугарски и грчки туристи, кои ќе ги привлечат цените на аранжманите.
За овие 18 години колку што стои недовршен преминот Бугарите на двапати добивале европски пари да го довршат. Патот не е ни почнат. Градначалникот на Берово Драги Наџински се надева на новиот проект на соседната општина од бугарска страна Струмјани. Со европски пари ќе се гради патеката на Апостол Павле, од кој 7 километри водат до Клепало.
Асоцијацијата Балканија обедини повеќе институции, организации и лобисти од макеоднска и бугарска страна кои ќе работат на иницијативата за довршување на работите на Клепало. За ова на последната средба во Софија разгоарале македонскиот и бугарскиот премиер. Бугарскиот Борисов ветил дека ќе ги забрза работите. Од македонското МНР пак велат дека официјално немаат никакви информации кога би продолжиле работите од бугарска страна. Неофицијално, Бугарите немаат некој интерес за Клепало.
По цели 18 години се чека да се стави во функција опремениот преминот целосно изграден од македонска страна. Со план е изградба И опремување на уште два нови.