На кому му се лутат верниците?

  • Креатор на темата Креатор на темата Господ
  • Време на започнување Време на започнување
Не напишав дека „...не препознаваат...„ туку дека „...слабо разликуваат...„ добро од лошо, оти да беше поинаку, полесно ќе се разберевме. Лесното прифаќање на денешните злодела, кои атеистите Му ги припишуваат на Бога, е знак дека тука работиве се подоста помешани. Лесното прифаќање па дури и озаконување на делата кои се од Бога забранети, е уште еден доказ дека денес не важи разликувањето „...црно или бело...„ туку се станало „...сиво...„, што значи, „...може и вака ама може и така...„.

Вие сте добрата страна?
 
Само Еден Е добар, а секој жив поединец, кој решил да живее согласно волјата од Добриот, самиот станува сличен на Добриот.

--- надополнето ---

Не е секој христијанин па да треба да ги прифати тие текстови како “закон“.

Тоа е „ствар„ на личен избор: или ќе ја прифатам волјата од Севишниот или ќе си „терам по свое„. Нема „трета„ можност.

--- надополнето ---

Прост пример е со прељуба - некој тоа го гледа како нешто најгрешно и најстрашно на свет, а друг не гледа што има лошо во тоа. Не можеш да ги ставаш луѓе во клопче according to your own perception.

И сега, во случајов со прељубата, кој е во право?
 
Веќе имам напишано: атиестите/неверувачите, изнаоѓаат најразлични начини да оправдаат своето неверие, а тоа оправдување вклучува и повикување на злото, кое не е од Бога дадено, туку е својство од богопротивникот и од сите оние човеци кои свесно или помалку свесно му служат на ѓаволот.

И веќе имам напишано: атеистите слабо разликуваат што е добродетел а што се злодело, така да со неподнослива леснотија све ставаат во ист кош, кога саакаат да Го „држат„ Бога понастрана од своите животи.

Ќе требит троа појќе да се потрудиш, за да ги оправдаш своите ставови, разбираш...
Еве да речеме дека ние слабо разликуваме, не сваќаме, погрешно разбираме.....вие до сега имавте безброј шанси да објасните, појасните, оправдате....ама ништо! Линковите кој ти ги посочив се доказ за тоа. Неможе нешто да биде добро, праведно, вистинито...само затоа што ти така си решил, а логиката очигледно посочува нешто друго!
 
Само Еден Е добар, а секој жив поединец, кој решил да живее согласно волјата од Добриот, самиот станува сличен на Добриот.

Тоа е „ствар„ на личен избор: или ќе ја прифатам волјата од Севишниот или ќе си „терам по свое„. Нема „трета„ можност.

Многу патеки водат кон врвот на планината.

И сега, во случајов со прељубата, кој е во право?

Во чии очи? Во мои, твои, на прељубникот, на оној што е прељубен или оној/аа со која прељубата се извршила? Не е све црно-бело, има доста сиво измеѓу.
 
.....вие до сега имавте безброј шанси да објасните, појасните, оправдате....!

Тоа и го сторивме: кој разбрал-разбрал, кој не-другиот пат..

--- надополнето ---

Линковите кој ти ги посочив се доказ за тоа.

Линковите са биле „доказ„???

--- надополнето ---

Неможе нешто да биде добро, праведно, вистинито...само затоа што ти така си решил, а логиката очигледно посочува нешто друго!

По која и по чија логика расудуваш „што е што„?

--- надополнето ---

Во чии очи? Во мои, твои, на прељубникот, на оној што е прељубен или оној/аа со која прељубата се извршила?

Одбери по чии сакаш и дај едноставен, јасен и разбирлив одговор а јас ќе го прочитам.

--- надополнето ---

Не е све црно-бело, има доста сиво измеѓу.

...или што би рекол Јас (со големо „Ј„, од скормност, нормално...), „...може вака ама може и така...„? Нели?
 
Тоа и го сторивме: кој разбрал-разбрал, кој не-другиот пат..

--- надополнето ---

Линковите са биле „доказ„???

--- надополнето ---

По која и по чија логика расудуваш „што е што„?

--- надополнето ---

Одбери по чии сакаш и дај едноставен, јасен и разбирлив одговор а јас ќе го прочитам.

--- надополнето ---

...или што би рекол Јас (со големо „Ј„, од скормност, нормално...), „...може вака ама може и така...„? Нели?

Па нема едноставност бе Мики, тоа сакам да ти кажам. Се си зависи од личните морални кодови на една особа. Нашиот поглед кон светот и настаните е обоен и гледаме преку призма од сопствени вградени стандарди - а не онака како што вистински е.
 
Како беше „онаа„ од Кант: да имавме црвени рожници, се ќе гледавме „црвено„ така?
Ако дадените одговори на едно и исто прашање се субјективни, тогаш: се е дозволено, се е можно, се е вистинито...Ма може се!
 
И двајцата не ве разбирам и тебе и Мики? Што сакате да кажете? Дека по дефолт атеистите се прељубници, а верниците не се? Или лошо сум разбрал?
 
И двајцата не ве разбирам и тебе и Мики? Што сакате да кажете? Дека по дефолт атеистите се прељубници, а верниците не се? Или лошо сум разбрал?

Не, не, не...погрешно си разбрал :) Јас зборев општо, поентата ми беше да не се става тоа “по дефолт“. Секој гледа кон настани преку свои очи. Мики напиша дека атеистите по дефолт слабо разликуваат добро од лошо. Сакав да му кажам преку пример дека секој нема иста перцепција и дека што е лошо за еден, е добро за друг. Може погрешно се изразив.

Како беше „онаа„ од Кант: да имавме црвени рожници, се ќе гледавме „црвено„ така?
Ако дадените одговори на едно и исто прашање се субјективни, тогаш: се е дозволено, се е можно, се е вистинито...Ма може се!

Секако дека постојат кодови по кои се ориентираме - во контекст на општество и по социјални норми. И зависно од околината, човекот си ствара (или му се уградува) норми по кои ќе живее и според кои ќе се ориентира. А кога станува збор за лични убедувања и не/верувања во бог - тука да, све е можно. Каѓав, многу патеки водат кон врвот. И секоја патека си има свои бездни во кои може да се падне.
 
Н
Секако дека постојат кодови по кои се ориентираме - во контекст на општество и по социјални норми.

Воа е омилено социолошко толкување на релацијата „поединец-општество„, а не нечиј личен став.

--- надополнето ---

. И зависно од околината, човекот си ствара (или му се уградува) норми по кои ќе живее и според кои ќе се ориентира.

А кој е „ставачот„ на тија норми? Хмммм, знам: општеството, средината, околината и то...

--- надополнето ---

А кога станува збор за лични убедувања и не/верувања во бог - тука да, све е можно. .

...што значи, вистината или вистинитоста прешле во субјективна категорија. А Св. Ап. Павле, убо ни пренесе дека се му е дозволено, но се не е полезно...
 
Воа е омилено социолошко толкување на релацијата „поединец-општество„, а не нечиј личен став.

--- надополнето ---

А кој е „ставачот„ на тија норми? Хмммм, знам: општеството, средината, околината и то...

--- надополнето ---

...што значи, вистината или вистинитоста прешле во субјективна категорија. А Св. Ап. Павле, убо ни пренесе дека се му е дозволено, но се не е полезно...

Знаеш што, сите ние живееме во тие општества и човечки е да сакаш да се вклопиш и да се сложуваш со сите. Пример ти се децата - само што ќе тргнат во школо, за нив тоа е нивното општество и битно им е да се склопат со другите деца и другите деца да ги сакаат и да играат со нив. Да бевме солитарни суштества, ќе живеевме сите самостално во пештери.

А кој ги поставува тие норми тогаш Мики? Бог?

Вистината е секогаш субјективна. Добро/лошо е субјективно. Правилно/неправилно е субјективно.
 
...што значи, вистината или вистинитоста прешле во субјективна категорија. А Св. Ап. Павле, убо ни пренесе дека се му е дозволено, но се не е полезно...

Значи и тебе ќе те прашам. Дали по дифолт, атеистите се прељубници, а верниците не? Дали се атеистите надвор од сите доблести? Тоа ли ти е поентата?
 
Тоа и го сторивме: кој разбрал-разбрал, кој не-другиот пат..

--- надополнето ---

Линковите са биле „доказ„???

--- надополнето ---

По која и по чија логика расудуваш „што е што„?

Нареден пат немој цели реченици да цитираш, цитирај збор по збор вака многу долги се цитативе не се дочитуваат.
Инаку да, линковите се доказ итекаков, твојот инает нема да го смени тоа. И колку да знаеш логиката си е логика (барем за оние со здрав разум) Нема повеќе "логики".
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom