Историски најголем извоз на земјоделско прехрамбени производи

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.735
Поени од реакции
1.341
Земјоделско прехрамбениот сектор лани забележал најголем извоз досега. Реализирани биле 424 милиони евра.

domatizaizvoz_51181.jpg

Тутун и цигари биле најбарани производи при што наплатени биле 93 милиони евра или за 22 отсто повеќе од претходната година.

Трендот на зголемување на извозот според перица ивановски се очекува да продолжи и годинава и тоа најмногу во земјоделските преработки.

- Ланскиот извоз е за 66 милиони евра повисок од износот на извезените земјоделски производи во 2009 година. Како резултат на тоа трговскиот дефицит со земјоделско-прехранбените производи е намален за 34 милиони евра, односно за 23,5 проценти во однос на 2009 година. Во 2010 година и вкупниот обем на трговска размена изнесува 955 милиони евра во кои доминитраат примарните земјоделски производи со 70 проценти, потоа следат преработките на земјоделски производи со 25 отсто и рибите и производите со риби со учество од 1 до 3 отсто, истакна Иваноски.

За 28 проценти бил зголемен извозот на домати, пипер и зелка, при што инкасирани биле 66 милиони евра или околу 40 милиони од извозот на овошје.

Драстичен пораст или 47 отсто има кај преработките од месо. Но суровина за истите пак најмногу увезуваме. Во 2010 потрошени биле 75 милиони евра за разладено и смрзнато месо.

Вкупно се одлеале 531 милион евра при што најголем дел од увезеното повторно е извезено преку преработките.

Европскиот пазар се напушта и сега е на второ место. Најзастапена е размената со земјите од регионот, членки на ЦЕФТА.
 
браво. ме радува ваквата информација. македонија може да прави многу профит од извоз за градинарски и земјоделски култури барем кај нас знаеме дека имаме убав пиперки патлижани крставици зелки кромид лубеници кајсии јаболки и слично...
 
Земјоделските култури се извезуваат на големо тоа го покажува и цената (зелката 40 денари,домати 90,крставици 70...).Но што се случува со тутунот,грозјето,оризот,житото?Лозарите аир немаат видено од грозјето последните 15 години.
 
При поскапуване на светските берзи на прехранбените производи - това е наполно нормално и нема ништо изнедувачко. Поинтересно е да се види што седи зад тези 424 милиона евра како количина. Како цело поскапуването на прехранбените производи на светско ниво може да биде многу добро за балканските држави,кои са сравнително големи производители на такви.
 
Земјоделските култури се извезуваат на големо тоа го покажува и цената (зелката 40 денари,домати 90,крставици 70...).Но што се случува со тутунот,грозјето,оризот,житото?Лозарите аир немаат видено од грозјето последните 15 години.

Тоа е поради винарската олигархија создадена во времето на СДС.
 
Тоа е поради винарската олигархија создадена во времето на СДС.
Не е битно.Нека почнат под стечај да ставаат винарски фирми кои „немаат пари да исплатат“ па да видиме дали ќе прават вака пак.
 
Не е битно.Нека почнат под стечај да ставаат винарски фирми кои „немаат пари да исплатат“ па да видиме дали ќе прават вака пак.

Тоа е најлесна работа да се направи.
Но што правиме ако неќат да ти го откупат грозјето, ќе ги тепаш?

Оваа година Свето пивара ги заеба лозарите, а глуп народ со дрва и камења фрла по Грујо.
Како што слушнав се најавува либерализирање на пазарот.
Белким така ќе се средат проблемите.
 
Земјоделските култури се извезуваат на големо тоа го покажува и цената (зелката 40 денари,домати 90,крставици 70...).Но што се случува со тутунот,грозјето,оризот,житото?Лозарите аир немаат видено од грозјето последните 15 години.

Не е толку лоша ситуацијата бе другар. Тутунарите се изигрувани политички за тоа што го правеа пред некое време, имам многу роднини тутунари и со сигурност можам да ти кажам дека се презадоволни со цените на тутунот последниве неколку години. Не е исто порано кога го продаваа тутунот за 110-120 денари, а сега го продаваат за 170 плус 60 денари субвенции тоа ти е 230 ден. од килограм што не е мала цена. Е сега, некои велат дека и тие пари се малку, да, малку се ако трошат како ненормални. Сите сакаме да имаме убав и скап живот но мора малку да штедите за да имаме за сите неопходни работи за живот. Во последно време имам прошетано низ неколку села и можам да ти кажам дека по нив има изградено куќи - палати, на 3-4 спрата, со базени, со се најмодерно што може човек да посака а тоа не е направено со ниските цени на земјоделските производи. Исто мислам дека и лозарите не се во криза, бар не 15 години како што викаш ти. Во другиве области не сум толку запознаен со ситуацијата ама за тутунарите ова го тврдам.
 
Не е толку лоша ситуацијата бе другар. Тутунарите се изигрувани политички за тоа што го правеа пред некое време, имам многу роднини тутунари и со сигурност можам да ти кажам дека се презадоволни со цените на тутунот последниве неколку години. Не е исто порано кога го продаваа тутунот за 140 денари, а сега го продаваат за 170 плус 60 денари субвенции тоа ти е 230 ден. од килограм што не е мала цена. Е сега, некои велат дека и тие пари се малку, да, малку се ако трошат како ненормални. Сите сакаме да имаме убав и скап живот но мора малку да штедите за да имаме за сите неопходни работи за живот. Во последно време имам прошетано низ неколку села и можам да ти кажам дека по нив има изградено куќи - палати, на 3-4 спрата, со базени, со се најмодерно што може човек да посака. Исто мислам дека и лозарите не се во криза, бар не 15 години како што викаш ти. Во другиве области не сум толку запознаен со ситуацијата ама за тутунарите ова го тврдам.
Не се во криза лозарите?Нема пари за грозјето продадено од пред 2 години а за лани воошто и не станува збор за земање пари.Да не се субвенциите ќе имаше уште поголема сиромаштија.А тоа што цените на грозјето се смешни,смешни се.Пред 20 години картошија 20+ денари,смедеревка 15+,а сега картошија 10 а смедеревка 5.Нема потреба да се зборува повеќе.
 
Позитивно за билансот и просперитетот.

Сепак не треба да летаме многу како тоа сме многу добри производители. Голем дел од зголемувањето на извозот се должи на начинот на мерење (вредносно). Т.е голем дел од порастот е резултат на повисоки цени а не мора да значи и повиски физички количини што е многу побитно.

Не сме силни извозници туку има многу евра наоколу - читај инфлација.
 
Тоа е најлесна работа да се направи.
Но што правиме ако неќат да ти го откупат грозјето, ќе ги тепаш?

Оваа година Свето пивара ги заеба лозарите, а глуп народ со дрва и камења фрла по Грујо.
Како што слушнав се најавува либерализирање на пазарот.
Белким така ќе се средат проблемите.
Па ќе плука нормално.Вината е делумно негова.Зошто не спроведе правна постапка против Тиквеш?Должи богзнае колку пари наводно нема пари да плати (а годинава владата им даваше субвенции за откупеното грозје) и сеуште му е дозволено да си го лади со народот.
 
Позитивно за билансот и просперитетот.

Сепак не треба да летаме многу како тоа сме многу добри производители. Голем дел од зголемувањето на извозот се должи на начинот на мерење (вредносно). Т.е голем дел од порастот е резултат на повисоки цени а не мора да значи и повиски физички количини што е многу побитно.

Не сме силни извозници туку има многу евра наоколу - читај инфлација.
Повеке би ти држела тезава ако немаше стабилен курс на денарот.Во овој случај теоријата ти се потпира на разликата во цената во евра споредбено со минатите години.Мислиш дека толкава разликата ? Официјално инфлацијата во ЕУ не е прикажана толку драстично.
Јас верувам дека главната причина лежи во реално зголемен извоз ,а постојат и многу други показатели за тоа.Од друга страна мора да си кажеме искрено, колку и да не го бива овој состав на владата ,во овој дел е со светлосни години подобар од предходните..само да не вртиме на политика те молам..
 
Тоа е најлесна работа да се направи.
Но што правиме ако неќат да ти го откупат грозјето, ќе ги тепаш?

Оваа година Свето пивара ги заеба лозарите, а глуп народ со дрва и камења фрла по Грујо.
Како што слушнав се најавува либерализирање на пазарот.
Белким така ќе се средат проблемите.

ne mi e jasno koga GLUPITE LOZARI ke svatat deka im treba VINAR so koj zaedno ke ja formiraat cenata i grozjeto ke go prodavaat spored POSTIGNATATA CENA na vinoto na pazarot......
..prviot potez e da se obrazuvaat, vtoriot e da investiraat vo takva VINARIJA ili da si kupat nekoja pogolemka od postojnite..., a mozat da izbiraat koja..bidejki dobro organizirani ..bilo koja mozat da ja donesat na prosjacki stap i da ja kupat za malku pari ..... :)
....problem e sto se glupi, neorganizirani, neskoluvani i nemaat pojma kako se stisnuvaat zabi koga treba...:)...za sega najgolemiot dostrel im e PLACENJE po ulici i na TV!!!
 
И јас ја имам правено таа математика.
20 илјади лозари * 10000 евра=200 милиони евра
Ќе ја имаат најголемата и насофистицираната винарија во цела Југоисточна Европа.
Што глуп народ ќе беше...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom