Велешанец прегази шест пешаци. Тешката сообраќајна несреќа се случила денес, еден час по полноќ, на главната сообраќајница во Велес,вна улицата Благој Ѓорев, во населбата Тунел. Автомобилот „Ланчиа дедра" кој со голема брзина се движел по сообраќајницата бил управуван од 22 годишниот А.Р.
Неприлагодената брзина со која се движело возилото била причина А.Р да го изгуби правецот на движење и дирекно да удри во пешаците
П.П (18), Б.Р (19), Д.З ( 23), И.К (27) Б.М (27) и В.С (26) од Велес.
Од силниот удар со скршена коска на десната нога се здобил осумнаесет годишниот П.П, додека останатите негови пријатели се здобиле со полесни повреди на глава, граден кош и на екстремитетите.
Пешаците се движеле по тротоарот во правец кон своите домови во населбата Тунел додека автомобилот во правец кон центарот на градот.
На местото на несреќата увид направиле полицијата, заменик јавен обвинител и истражен судија.
Полицијата против А.Р (29) од Велес ќе поднесе кривична пријава за загрозување на безбедноста во сообраќајот.
Преземено од лисица.мк на следниот линк -
http://www.lisica.mk/statija/8219
Жално бре.....Без осет се вози...