Скопје се гради. Добро ли е тоа?

Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Видоа дека USAID части гратис фасади http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=E4359F0CE36BF7488A2889B1467BF39 4 па и тие да не останат покуси :)
Еве колку ти го развија селото абе милина да живееш во миладиновци бе , дури сега сваќам зошто толку се бориш за влиделот
Абе се си имате таму бе
 
spaso

Search Pretty Girls from your city for night
Член од
5 септември 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
779
NE E UBAVO DA SE GRADI , UBAVO E DA SE RUSI ... TEMAVA E ZAKON , DALI E UBAVO DA SE GRADI :) :)
 
М

Мартин`

Гостин
Се е таман со ова со градењево и е одлично тоа што се гради само треба уште повеќе да намалат со крадењево, иако за разликато од предходните влади не крадат до толку. Јбг кај нас бираме помеѓу зло и помало зло за жал!
 
Член од
2 август 2010
Мислења
100
Поени од реакции
38
Јас искрено не знам веќе какво потекло имам. Да ме праша некој странец ќе треба да изберам помеѓу: антички македонец/хунза/словени/Гоцева раса/барок/терминатор/аватар
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Скопје треба да се гради, зашто Скопје споредено со еден Загреб, Белград, па дури и Тирана, личи на провинција на Либија.

Прашањето е, како и кога треба да се гради. Прашање е дали не е дегутантно да се прават копии на споменици актуелни во Париз и Лондон од пред 2 000 години. Дали имаме толку сомнителна, неавтентична историја, да немаме ништо автентично? И спојот на футуристички зградби, стари излупени фасади, антички барокни зданија, социјалистички коцки, не прилега. Нападно е.

Скопје треба да се гради, ама со усул, со концепт и со претходна консултација со граѓаните.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902

1 болд - Мислиш на триумфалната капија.. не е копија од Париз,низ цел свет има капии, само во САД безброј..

2 болд - А која е нашата автентична историја, ја не ја знам ај кажи ми ја.. Треба да градиме турски амами,безистени и џамии тоа е наше автентично.. ? Или да градиме како од 45-90-та..? Тоа ли е наше автентично

3 болд - Тука се слагам со тебе..треба полека грдите згради од "Tитиво'' полека да ги снемува од видик

4 болд - Како со усул..епа или ќе се гради, или не.. Во Скопје има многу празен простор, и ниви во сред град неурбанизирани и мора да се изгради таму.. Ако мислиш усул-полека да се гради, па до кога ќе чекаме, нели до сега доволно време ништо не се градеше,редно е да се забрза

--- надополнето ---

со народни пари да направиш улица која истиот народ ќе ја користи...ок, лајк. Да направиш тротоари и паркинзи, ок. Но да правиш фасади од граѓански пари за приватни објекти е ...чија е таа зграда, фала да им каже. Како што кажуваат оние од странство, за фасадата е должен сопственикот. Во спротивно следат казни. Дали има примери каде државата дава пари за приватни објекти?
Ако станарите ја реконструираат фасадата , тешко на зградата :pos: Нити има закон нити па воља колку што гледам ја
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
1 болд - Мислиш на триумфалната капија.. не е копија од Париз,низ цел свет има капии, само во САД безброј..

2 болд - А која е нашата автентична историја, ја не ја знам ај кажи ми ја.. Треба да градиме турски амами,безистени и џамии тоа е наше автентично.. ? Или да градиме како од 45-90-та..? Тоа ли е наше автентично

3 болд - Тука се слагам со тебе..треба полека грдите згради од "Tитиво'' полека да ги снемува од видик

4 болд - Како со усул..епа или ќе се гради, или не.. Во Скопје има многу празен простор, и ниви во сред град неурбанизирани и мора да се изгради таму.. Ако мислиш усул-полека да се гради, па до кога ќе чекаме, нели до сега доволно време ништо не се градеше,редно е да се забрза

Ако станарите ја реконструираат фасадата , тешко на зградата :pos: Нити има закон нити па воља колку што гледам ја

Тоа е уште поголем доказ, дека таа градба не е никаква потврда за национален идентитет и самоидентификација. Не гледам ништо македонско во капијата, бикот, шмизлата. Зашто нема. Треба да симболизира грандиозност, чиста фирерска, не и е целта национално и културолошки да се напредне, туку кога ќе ја види човек да гледа грандиозност, грамадност, триумф... Самиот факт што во светот постојат уште 100 триумфални капии (стварно ме мрзи да барам точна бројка на Гугл), покажува дека ние го копираме тоа, без никаков бенефит. Градбите не се функционални, а кога се наредени така набутано и конфузно, нестилски - не се ни естетски.

Немам поима, не ме интересира античка историја, искрено ама ич. Не паѓам ја на тие финти за национален занос, што ни ги наметна актуелната власт. Мене ме интересира иднината, јазикот и културата. Тоа е за мене патриотизам. Ако пред многу години било патриотизам да создадеш држава, денес патриотизам е таа држава да напредува. Само несвесен човек може да тврди дека скопската архитектура наликува на складна целина. Тоа се исцепкани парчиња социјалистички коцки, нови „телекоми“, триумфални капии, бик со мадиња, некои фасади и палми, на радиус од 50 метри. Градот не ми се допаѓа воопшто.

Сметам дека му се потребни години за да напредне и за да се надгради. Треба да се обновува на темелот што го има, а не да се додаваат неавтентични елементи. Што се однесува до џамиите, тие се составен дел од нашата понова историја, заедно со чаршијата и со Калето. Тие се културно наследство, значајно за муслиманскоот население во Македонија, било да е албанско, турско, или пак ако се работи за Торбеши. Градењето на Калето, подгреа меѓуетнички тензии. И не само на Калето.

Супер им тргна со меморијалните центри, музеите. Тоа се исто така градби од историско значење. Реализацијата не ме потсетува на нешто што е мое. Извини, оние стубови се апла Партенон. Со должна семакедонска гордост. Со смешна накитеност, до дупките по улиците и неофарбаните фасади до нив. И палмите карши судот. Не ќе садиме брези.
И последно, да се гради со усул, значи да се гради секој ден, неприметно, а значајно. Да се гради без помпа, да се гради од што се сака, да не се носат коњи во три ноќе.

И нормално, да се консултира народот, да се опипа пулсот на јавното мислење. Секако, не со референдум, ама некое анкетче, летоци... И да се почитува мислењето дека повеќето од половина жители на центар, не ги сакаат градбите на Скопје 2014. Плус забрана од Уставен суд. Прекрасна „уставност“.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
^^^^^^^^^^^^^

Kратко само.. Па капијата не е некој споменик кој треба да буди некои национални чувства..капијата е скулптура.. во ранк со бикот и шмизлата.. Во свет има разно-разни скулптури, па не сите пренесуваат некое одбележје на народот.. пример пирамидата пред Лувр, дали пирамида како форма има некоја врска со Француската култура и историја..НЕ .. во Србија на Брус Ли споменик му направија, он сигурно не е Србин..

Второ, не се форсира античка култура, ни па историја,погледни ги спомениците и ќе видиш дека само Александар е од тој период, никој друг ! Сите други се кој од среден век, кој од Илинден, кој после Илинден... А ни барокот не е антички стил на градба, мада тоа не е барок,повеќе е нео-класицизам, ама некои упорно трубат барок па барок..

Се слагам дека Скопје е несреден град, со многу контрасти и има уште мнооооогу да се средува.. И ме радува што се градат здради со современ стил,т.е. стакло..убаво е да се остави белег на денешното време.. Стубовите што ги викаш апла Партенон, нема баш врска..тој стил на градба се применува сеуште многу низ светот..па види ја белата куќа на Обама..личи ли на Партенон ?

И не се баш слагам дека народов е толку против, мислам дека повеќе е народов ЗА.., други се За ама сметаат дека сега не е време криза е ова - она.. Ја мислам дека редно време беше
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Абе брат Брус Ли не кошта толку... да се разбереме за градење сум, ама не за одредени глупости кои очигледно се за перење пари... А антиката не се фура толку преку проектот туку со други работи , со Градски - Филип Втори, аеродромот итн.

Па што тоа е само име.. стадионов не е у антички стил направен, ние збориме тука за стилот во архитектурата .. И што ти смета ако се вика Филип 2, и Александар Велики, или ради тоа не не примаат у ЕУ , а ?
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
E od kaj deka mi smeta ? :D Samo onaka si kazav, mozebi e mala provokacija so ni oteznuva da vlezeme vo EU, ama ne e pricina sigurno :)

Па провокација е де.. па редно беше,нас цел живот не провоцираат, уште од пра-дедо ми , па дедо ми го провоцирале, па татко ми.. е сега ја ќе провоцирам
 
Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Нејќам да звучам локал-патриотски ама морам: уште од самиот старт на проектот Скопје 2014 бев убеден дека е добар и корисен за Скопје, заради тоа што конечно после xy години, центарот на градот (не цел град, но сепак приоритет е центарот) ќе заличи на центар на метропола, а не на некоја паланка/село.
Јас имам една „мала“ забелешка: кога истите пари што влегоа/ќе влезат во Скопје 2014 (200 милиони евра) би се насочиле кон еден Охрид, повратниот ефект за државата би бил долгорочно поисплатлив, а за општината (дури и за регионот околу општината) тоа би била вистинска преродба, вистинска ренесанса.
Значи, добро е што се инвестираа парите во Скопје, мораше нели, не смее „центарот на центарот на Македонија“ да биде запоставен, сега на ред е Охрид, да се инвестира за да се поврати.
Ќе посочам еден „лаички пример“: 30 млн. евра во современ (авто)пат Охрид-Свети Наум-Поградец, на долгорочен план би генерирале десетпати повеќе пари, кога имаш современ пат за источното (најпосетено) крајбрежје имаш инвеститори, имаш (елитни) хотели, казина, станбени комплекси, рекреативни центри, цели населби...
Државата би инвестирала (навидум) неповратни средства, но на долг рок истата инвестиција е економско-финансиски оправдана и може да го полни буџетот на државата, а општината би имала дури и вишок на средства.
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.556
Мачкање очи?
-Не фала.

По 100-ти пат се докажа дека Скопје е шминка град и дека од чалам се живее и муабети рекла казала.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom