Нејќам да звучам локал-патриотски ама морам: уште од самиот старт на проектот Скопје 2014 бев убеден дека е добар и корисен за Скопје, заради тоа што конечно после xy години, центарот на градот (не цел град, но сепак приоритет е центарот) ќе заличи на центар на метропола, а не на некоја паланка/село.
Јас имам една „мала“ забелешка: кога истите пари што влегоа/ќе влезат во Скопје 2014 (200 милиони евра) би се насочиле кон еден Охрид, повратниот ефект за државата би бил долгорочно поисплатлив, а за општината (дури и за регионот околу општината) тоа би била вистинска преродба, вистинска ренесанса.
Значи, добро е што се инвестираа парите во Скопје, мораше нели, не смее „центарот на центарот на Македонија“ да биде запоставен, сега на ред е Охрид, да се инвестира за да се поврати.
Ќе посочам еден „лаички пример“: 30 млн. евра во современ (авто)пат Охрид-Свети Наум-Поградец, на долгорочен план би генерирале десетпати повеќе пари, кога имаш современ пат за источното (најпосетено) крајбрежје имаш инвеститори, имаш (елитни) хотели, казина, станбени комплекси, рекреативни центри, цели населби...
Државата би инвестирала (навидум) неповратни средства, но на долг рок истата инвестиција е економско-финансиски оправдана и може да го полни буџетот на државата, а општината би имала дури и вишок на средства.