Се намалува невработеноста, 30,9% невработени

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување
^Ај види мајката јас знам луѓе по 10-15 години работат за 150 евра(толку зимаат денес) и не се пријавени, сигурно работат оти им е ќејф аргатл'кот
 
Ајде бе неспособни кењатори доста плачете по форуми дека нема работа.За тој што сака да работи секогаш имало работа.Утре да сакам ќе најдам работно место.Никој не ти дава од старт 30 000 плата,ама скоро во секоја фирма имаш шанса да напредуваш.Познавам многу луѓе кои почнале со плата од 12 000,па после 2-3 земаат дупло поголема плата.Во приватна фирма.Секој момент може да те отпушти,ама никој не отпушта добри работници(Кој продава добар коњ? :D).Е сега ако некој е неспособен,не му е крива ни државата ни владата.Преку таквото ми е од плачипички што само се лигават нема работа нема работа,а да им речеш дојди бе од утре кај мене јас ке те вработам - одма ќе почнат да бараат во јајцето влакно.Проблемот кај нас е - тражим послу,боње да је ненаџем.

Работните места кои ги нудат "приватњаците" се ограничени.
Во недостаток на странски инвестиции спасот јас го гледам во земјоделието.
Кога сите би се вратиле на село и би биле фармери невработеноста ќе падне испод 7%.
 
Така е,ама младиве,особено од скопскиве села продаваат њиву за да возат бемве.Не им се работи на нива.И на крај го маваат бемвето у стуб и остануваат со прстот во уста.Познавам доста вакви од црногорскиве села.И секако кој е крив?Па државата де.......она е крива.
 
Па и крива е.
Треба Грујо ова да им го плесне во лице.
Ако не го слушаат нека ги плаши со рошавата гнаса убеден сум дека ќе ги предомисли.
 
стегнаа инспекциите насекаде - резултат се намали невработеноста.....прашање е до кога заради драконските законски казни и капиталот со кој располага народот колку ќе се издржи,ама од кожата не се бегааааааааа
 
Работните места кои ги нудат "приватњаците" се ограничени.
Во недостаток на странски инвестиции спасот јас го гледам во земјоделието.
Кога сите би се вратиле на село и би биле фармери невработеноста ќе падне испод 7%.

Mајку му, убаво звучи, него ај врати се ту у село и обработувај земја, мислиш лесно е ..

--- надополнето ---

Ти мора да си будала!
Порано ќе кењам на форум дека неам пари седејќи пред компјутер, отколку да идам да копам пченка на 30+

А да си жив и здрав..Ти ја отсликуваш 80% од Македонскава омладина..
 
Омразата која ја имате спрема бладата(намерно е со б) е тотално оправдана.

Груевски излезе на телевизија и рече
-"Не брините о ништа јас ќе направам се "

Ова му е катастрофална грешка.

Требаше да рече,
-Луѓе земјава има 300 илјади хектари необработена запустена земја.

Јас ќе обезбедам механизација,ѓубриво,експерти ,а од вас барам вашите инфатилни деца кои безделничат до касно и по цел ден јадат гурабии како ништо не им чини, да ги пратите на нива да научат како се заработува лебот...

300 илјади хектари засадени со било која од доходовните култури * 10 илјади евра =3 милјарди евра +моменталниот буџет кој е 2 милјарди = 5 милјарди евра !
просечна плата во Македонија=700 евра
невработеност=7%

THE_CHOSEN_ONE за премиер !

:pos2: Ме изнасмеа да си ебеш векот , абе какво давање бе на земјиште о море будал. Абе овде за да дојдеш до земја да обработуваш ке те растргнат на сите страни локалните шерифи и моќници. Нема за обичниот човек земја има само за педерите од високата класа.
Идејава не ти е баш нова во тие стопанства во руралнитѕе средини се вработуваа по 60% од населението, систематски им ебаа мајката на комбинатите за да можат да ги купат по багателни цени , прост пример зик скопско поле сопственик трифун костовски располага со 27% од најдоброто обработливо земјиште во Скопската котлина да не ги набројувам и виновите насади, краварската фарма, која што на времето имаше над 5000 грла стока сега има едвај 100 тина грла.
Имаше преку 2000 вработени,сега има 50 сетина вработени кој ја обработуваат истата земја како и тогаш само што сега произведеното не се употребува за сточна храна туку,се продава и сега некој под изговор на стопанство джи толку земја као за производство на сточна храна за сопствената фарма , а всушност трпа милиони од продавање на житото детелината пченката итн итн.
Сега кога е жетва трактористите ораат 24 / 7 за 8000 денари плата за шетва не се симнуваат од тракторите и комбајните кога нема за орање одат кројат лозје чистат прачки итн итн.
 
Сега кога е жетва трактористите ораат 24 / 7 за 8000 денари плата за шетва не се симнуваат од тракторите и комбајните кога нема за орање одат кројат лозје чистат прачки итн итн.

Сигурен си ?
Чим таква работа, еве иде лето ќе жнееме. Сезонска работа, 20 дена 600 евра. После ќе дојде есен, ќе береме грав 800-1000 ден дневница, се работи од 7 до 4.
Има заинтересирани ?
 
Сигурен си ?
Чим таква работа, еве иде лето ќе жнееме. Сезонска работа, 20 дена 600 евра. После ќе дојде есен, ќе береме грав 800-1000 ден дневница, се работи од 7 до 4.
Има заинтересирани ?
Абе Ице ти ја кажувам фактичката состојба, а за на жетва што за 20 дена ке земеш 600 еу жими ашимов, освен ако немаш сопствен комбајн.
Инаку благодарам на понудата таква работа сезонска работев пред 20 сетина години, сега не ми треба :)
 
Абе друже, јас ти гарантирам дека 500 до 600 евра им плаќаа на сезонските работници за жнеење ама не, не сакале "аргати" да бидат, па прашина имало, жешко било.
Епа било, нема од дома седење и дремење пред ПЦ да ти врнат пари, па крај на краишта не може сите директори да бидат и да не креваат потешко од пенкало.
Инаку понудата не беше конкретно за тебе, туку за сите кои викаат дека немало работа :smir:
 
Ајде бе неспособни кењатори доста плачете по форуми дека нема работа.За тој што сака да работи секогаш имало работа.Утре да сакам ќе најдам работно место.Никој не ти дава од старт 30 000 плата,ама скоро во секоја фирма имаш шанса да напредуваш.Познавам многу луѓе кои почнале со плата од 12 000,па после 2-3 земаат дупло поголема плата.Во приватна фирма.Секој момент може да те отпушти,ама никој не отпушта добри работници(Кој продава добар коњ? :D).Е сега ако некој е неспособен,не му е крива ни државата ни владата.Преку таквото ми е од плачипички што само се лигават нема работа нема работа,а да им речеш дојди бе од утре кај мене јас ке те вработам - одма ќе почнат да бараат во јајцето влакно.Проблемот кај нас е - тражим послу,боње да је ненаџем.

Бладаш. Сериозно. И тоа не го викам за да те навредам туку за да ти укажам дека грешиш. Еве најлесно ќе ти покажам преку себе без никаква намера да кукам. Е вака имам 24 години, во средно бев меѓу првите во генерација, на додипломски студии исто, а на посдипломски во првите тројца во моја насока. Океј до тука сме добри. Завршувам факс во рекордно време и почнувам да барам работа. Да спомнам ли дека зборувам два јазици совршено, а за два имам основно познавање. Океј идеме понатаму. Почнувам да барам работа поднесувајќи ЦВ-ја, нити плата ми била битна нити дали сум пријавена (ова да те демантирам дека на никој не му се работи за малку пари). И што се случува, во државна администрација пиши икс пошто таму само преку книшка се влегува, а приватните фирми или даваат оглас за веќе примен човек или пак одиш те малтретираат максимално (ама нејсе така оди тоа), гледаш пред нив куп од 50 ЦВ-ја. Шансата да те одберат е логично 1-50 во најдобар случај. За пракса кај адвокат кај кој бев самиот ми кажа дека има речиси 80 ЦВ-ја.
Е сега некој ќе ми каже, абе пребирате што сакате да работите. Не е точно. Работев и сама угостителска работа за да платам посдипломски студии, со цел да видам како се заработува и што значи да се грижиш за себе. Процесот на барање работа кај нас оди вака: Барам работа барем да ми е поврзана со струка, после тоа со нешто што го знам, за на крај да завршиш со барам било каква работа. А било каква работа пријателе во нормална земја не треба да бара човек првенец. Затоа, поштедете ме од муабети не ви се работи, додека од друга страна Владава као огромен поттик им дава на дечкиве да учат факс.
За оној што ќе проба да ми рече дека сум меѓу ретките со ваков проблем, одма фино лепо ќе те упатам кон многу луѓе кои ги познавам, а кои не можат да најдат работа иако учеле и од дома нивните штеделе за да студираат. Друга работа е што од моиве пријатели, двајца работат по струка. Дури двајца.
Затоа муабети од типот секој може работа да најде продавајте во земји со баснословна економија. Во оваа тој муабет пропаѓа во вода.
 
да си жив и здрав за муабетов... сведок сум на десетици мои познаници кои во последниве 6 месеци заминаа од тука, со надеж дека некад можеби ке се вратат, зашто им дојде преку таквото од оваа држава, транзициите и лоповите на власт што се вртат и ротираат цело време... симни се мурто, качи се курто...

заминаа луѓето огорчени од сопствената матична држава... и мене влакно ми фали веке 3-4 години да го направам истото и размислувам... на клацкалица сум лево-десно дали да идам или не... сериозно ми е прекурчено од МОЈАТА МАТИЧНА ДРЖАВА која одкако знам за себе само ми зима и ми зима и ми зима и ништо не ми дава...

немој да се сврти муабет дека ДРЖАВАТА МЕ ШКОЛУВАЛА И ИНВЕСТИРАЛА ВО МЕНЕ... не, тоа не го направила државата за никого туку вашите родители го направиле тоа... плаќале даноци, давале пари, работеле, давале на државата, што значи моето и вашето школување го платиле и одработиле родителите, бабите и дедовците а не државата... таа со се сите нејзини властодршци до сега само зимала и има тенденција да зима... не за друго на господава треба да им се плаќа летањето со авионите, луксузни коли, скапи состаноци, камбани, скулптури, згради....

I jas se slozuvam so ova vo potpolnost i jas sum eden ot tie sto bi sakal da zaminam od tuka nego onak kaj otidoa tie sto gi poznavas vo koja drzava

Јас добив виза денес и досадено ми е да плаќам за државата даноци и акцизи а да возам по дупки со неквалитетен бензин. Нова кола од 2007 ја искршив по нашиве патишта. Да не споменувам дека факсот ме чинеше десет илјади евра и пак стојам без работа три години.

Ја сакам Македонија, во срце ми е но преку кур од медиуми, влади, политичари и какви не лажговци што не држат во место веќе дваесет години.
 
RocknRolaa , ти не сакаш да работиш, ете собери пластични шишиња или оди на село работи тутун (иронично).
 
тие работи се резервирани за белокапците!
 
RocknRolaa , ти не сакаш да работиш, ете собери пластични шишиња или оди на село работи тутун (иронично).

Знаеш како завршуваат приказните слични на мојава. Си одам одовде..:wink:

А за малку ќе заборавев да ви ја кажам најфантастичната приказна која да не му се случеше на човек што го познавам немаше да ми се верува. Дечкото е моја генерација. Дипломирал во IT струка на Харвард преку доделена стипендија. Завршува со највисоки можни оценки. Го земаат да работи во Влада. Кога ми го кажа ова дечково се изненадив на добро, си викам, добро е кај нас почнаа да почитуваат туѓо образование, и тоа најквалитетно што може. Пред некоја недела другарка ми ми кажува дека ќе земал докторат и тоа пак преку стипендија доделена од универзитетот Колумбија. Добил две понуди за стипендија, ама ете ја одбрал таа од Колумбија. Зошто решил да продолжи да студира надвор откако веќе е земен да работи во Влада, сосем заслужено? Одговор, шест месеци од Влада не му дале ни денар. И дечково видел, не видел си заминал со следниов муабет: Дојдов дома за да работа и да се обидам да просперирам. Ако овде не ме сакаат, немам што да барам повеќе. Е така.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom