И да успееш да се запишеш на академијата, работа после многу тешко, и да ја најдеш највероватно ќе биде ептен слабо платена.
Ти препорачувам некој факултет кој ќе ти носи поголема шанса за вработување и поголема плата, мада со нашава држава за било кој факултет е тешко да се најде работа.
Струката од средно ти е убава, можеш полесно да најдеш работа како козметичар, него како академски музичар.
Јас лично би ти препорачал стоматолошки, медицински, фармацевтски, хемиско инженерство, електро и слично. Односно нешто што на пазарот за работа фали.
Моја препорака ти е медицински факултет, средно козметичко има медицински предмети, така да нема све непознато да ти биде. Имаш 3 годишни смерови за радиолози, логопеди, физиотерапевти, со кои што можеш одма да најдеш работа после завршување. А ако си поминувала скроз одлична можеш и на општа медицина.
Поздрав и со среќа со изборот на факултет.