Поентата ми беше дека политиката на ЕУ ја диктираат интереси кои се премногу силни за да и делуваат вакви - релативно - ситни скандали, ниту пак ние ние можеме да им влијаеме на нив со некои си наши аргументи, а сигурно не со писма на Мирка и Латас.
Има нешто што се вика дипломатија, а проблемот е што овде има некои кои не знаат, или не сакаат да знаат како функционира - или пак се прават дека не знаат како функционира. А, би требало.
ПС. Калимеро секогаш го јаде стапот на крајот на цртаниот, да не зборувам како е во реалноста.
"Поентата ми беше дека политиката на ЕУ ја диктираат интереси кои се премногу силни за да и делуваат вакви - релативно - ситни скандали" - се сложвам, ке има влиание но не многу големо, бирократијата е расипана од внатре, се знаат какви се не дека многу ке ги потресе...
„ниту пак ние ние можеме да им влијаеме на нив со некои си наши аргументи“ - тука не се сложувам, можиме да влиеаме на одлуките што не тангираат нас, но за вакво нешто треба консензус во МК
„а сигурно не со писма на Мирка и Латас.“ - На некои лиге мирка многу им пречи, па гледам во секој 2 коментар ја стават безразлика дали било соодветно или не, но ти си знаеш голем си...
„Има нешто што се вика дипломатија, а проблемот е што овде има некои кои не знаат, или не сакаат да знаат како функционира - или пак се прават дека не знаат како функционира. А, би требало.“ - искрено добро се опиша самиот себе тука...
„ПС. Калимеро секогаш го јаде стапот на крајот на цртаниот, да не зборувам како е во реалноста.“- го јадиме стапот затоа што години имавме елементарна непогода а не надворешна и внатрешна политика
Македонија е мала земја која поради лошата политика внатрешна и надворешна се наога во незавидна сотуација, точно. Но тоа незначи дека секоја будала од ЕУ има право да ни казува како ке се викаме. Најголем проблем во МК е нејзината внатрешна политика. Како тоа ни една партија во Грција не попушта во спорот со името. Зарем Грција ке има толку јака позиција ако 70% од Грчките партии немаат проблем со нашето име? Како тоа Грција со 11 мил жители му удри шлаканица на Америка на Самитот на нато кога Македонија требаше да добие покана ? Знаеш ли која е разликата помегу Грција и Америка? Многу поголема отколку помегу Македонија и Грција !!!
Најголем пробем во МК е што имаме партии кој пред секоја средба со Нимиц излегуваат 5 пати на прес и казуваат како тие би го смениле името без проблем... Ако тоа не е саботажа на сопствената држава тогаш кажими што е ? Значи, ние не можиме да делуваме врз политиките на бирократијата, но можиме да делуваме врз одлуките поврзани за МК. Но за ова на МК му е потребен внатрешен консензус, сите партии да застанат цврсто на неменување на името. Но за концензус потребни се вистински политички партии а не остатоци од поранешни инсталации...