УЕФА го казнува Динамо заради петарди и македонски знамиња!

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.854
Поени од реакции
23.277
УЕФА го казни Динамо Загреб со 20.000 евра, заради 'нередите' од натпреварот со грчкиот ПАОК во Лига Европа.

Делегатот на натпреварот во својот бележник забележал неколку петарди на атлетската патека и неколку македонски знамиња во публиката. И тоа очигледно многу им пречи на делагатите од УЕФА.

-УЕФА само се изживува врз Динамо. Па погледнете, зошто не казнуваат, заради петарди и македонски знамиња. Неверојатно. Нема смисла да се жалиме, бидејќи тогаш казната може да биде двојно поголема. - вели Здравко Мамич, од раководството на Динамо Загреб.

Се чини дека УЕФА тренира строгост на 'модрите' од Загреб, бидејќи на натпреварот на Максимир, немаше ни 'н' од нереди, а казната заради неколку петарди и македонските знамиња е во најмала рака срамна.

:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 
а слики/видеа нешто од утакмицата ??
иначе браво за хрватите , од секогаш сум ги сакал :D
 
Убаво тоа со македонските знамиња увек ке се веат на грчки натревари за провокација хахах ама немат право да ги казнат ради тоа
 
Од читања на социјалниве мрежи, Хрвативе извадиле македонски знамиња бидејќи Грците ваделе знамиња од Србија. Но Грците не биле казнети.
 
Од читања на социјалниве мрежи, Хрвативе извадиле македонски знамиња бидејќи Грците ваделе знамиња од Србија. Но Грците не биле казнети.

И на крај тие на наша страна казнети? лелеее
 
хахахаха-одлична вест ! ова оди во наша корист како мала реклама за името и брендот.....фала УЕФА и мислам дека владата треба да плати дел од казната
 
Хрватите сигурно не ги извадиле тие знамиња пошо многу не сакаат, не се палете безвезе..
 
^ Нашле предмет на провокација во нашето знаме но како и да е,во најдобри односи сме со нив.
 
1995 година еден фраер со рошаво лице (види фотос:првиот од лево) во името на Македонците потпиша договор, со кој изложувањето на македонско знаме (16 кракото сонце од Кутлеш) на спортски натпревари ќе се смета за кривичен прекршок.
Што сме дробеле тоа ќе сркаме. :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom