САД, Франција и Британија ја нападнаа Либија!

  • Креатор на темата .:makedonec:.
  • Време на започнување

Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
САД,Велика Британија,Франција,Турција,Италија,Канада,и други питачи за НАФТА што се, да не се мешат во Либија,ако се толку силни,нека одат во Северна Кореја,или во Иран, и таму нека се чаламат..:tapp:

Масонски пиуни едни..:tapp:
Некако застанаа со нив, едно време ќе се срамнуваше Иран и Северна Кореа, ама одкако Јонг се подзакани за нуклеаризирање ги нема некако.......
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.092
Мене не ми е јасно зошто мислат дека демократија е најдобриот облик на владеење, и ај што мислат, туку и си земаат за право да го имплементираат по светов, во земјите кај што нема демократија. Еве чекам кога ќе решат во Кина да одат да им однесат демократија. Бог да чува...
 
Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Мене не ми е јасно зошто мислат дека демократија е најдобриот облик на владеење, и ај што мислат, туку и си земаат за право да го имплементираат по светов, во земјите кај што нема демократија. Еве чекам кога ќе решат во Кина да одат да им однесат демократија. Бог да чува...
Во основа демократија е исполнување на војлата на НАРОДОТ*, они не си го фермаат своето сопствено население кое бара да прекинат со интервенциите, а камоли ’ ширење демократија’ наоколу

*само колку да знаете се додека мнозинството подржува брутален диктатор кој ги исполнува желбите нивни е подемократски од америчкиот, нашиот и било кој систем во западот.
 
Па јасно де, како што беше Садам за Ирак пред 90тите, и како што е Гадафи сега. Тешко народот таму што му следи..
 
Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Конфузија во воената операција во Либија

Општ хаос и конфузија владее меѓу сојузниците при нападите во Либија. Не се знае кој предводи, ниту чии се надлежностите, додека на теренот цивилите и натаму гинат, оценува денеска Асошиејтед прес(АП). Агенцијата подвлекува дека пред почетокот на воената операција во Либија, американскиот претседател Барак Обама изјави дека американското учество ќе биде кратко, во насока на заштита на цивилите, но на терен состојбата е поинаква.

„Сè уште може да се сврти во наша полза, но за да се случи тоа, мораме да примениме значително појака воена сила за да успееме“, изјави Арон Дејвид Милер, соработник на центарот „Вудро Вилсон“ и поранешен американски преговарач за Блискиот исток.

„Земајќи ги предвид ограничувањата со кои се соочуваме, како и нашата сопствена воздржаност, не ми изгледа дека сме подготвени тоа да го направиме...Изгледа дека се движиме кон мртва точка која на Гадафи нема многу да му пречи“, додаде Милер.

Американскиот Конгрес исто е скептичен кон операцијата во Либија, нагласува АП.

Како што оценува агенцијата, изгледа дека нема согласност меѓу претседателот и военото раководство на САД, бидејќи Обама нагласува дека САД се едни од сојузниците, додека генералите на прес конференција оставаат впечаток дека Пентагон ја води операцијата во Либија.

Експертот за Африка во вашингтонскиот Центар за стратешки и меѓународни студии Ричард Дауни, очекуваше водечката улога на САД во Либија да трае пократко.

„Мислам дека сите учесници имаат доста проблеми со усогласувањето на своите активности...во овој момент очигледно не се сигурни дали можат тоа да го решат, а што повеќе време ќе им треба, потешко ќе биде за САД,“, смета Дауни.

Еххх беее, ами замислете да се закасаат со некоја земја од нивно рамниште сила овие конфузните??? Не знаат што да прават освен убивање на цивили... ц ц ц ц
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522

знаат... добри се во крадењето нафта
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Еден ден ќе им се суди на нато профитерите.
Нема врска ниту демократија ниту човекови права, овој филм што сега го прават одамна е скинат.
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
Германија ги повлече воените бродови од Средоземно Море.Германската опозиција обвинува дека земјата се турка во изолација.Дрн,дрн,дрн...
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
ги повлече пред да се испотепаат меѓу себе.....кој стига мава каде стига бррррр
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
Германија ги повлече воените бродови од Средоземно Море.Германската опозиција обвинува дека земјата се турка во изолација.Дрн,дрн,дрн...
овие изјави http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=F6517B8E73E38A4C9F9D8A704C3A066A ќе бидат СЕ погласни и ќе исплови на виделина колку НАТО е сигурен во самиот себе,односно во земјите членки на истото......НАТО беше креиран како одбранбен штит,а сега некои земји сакаат да го свртат во обратна насока
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.473
Поени од реакции
5.171
Германија ги повлече воените бродови од Средоземно Море.Германската опозиција обвинува дека земјата се турка во изолација.Дрн,дрн,дрн...
Се оддалечуваат полека, полека... Изгледа не им се најдобри сојузници комшиите и САД...
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Мене не ми е јасно зошто мислат дека демократија е најдобриот облик на владеење, и ај што мислат, туку и си земаат за право да го имплементираат по светов, во земјите кај што нема демократија. Еве чекам кога ќе решат во Кина да одат да им однесат демократија. Бог да чува...

Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Турција се приклучи на акцијата на НАТО во Либија

23/03/2011

Турција се понуди да обезбеди бродови како дел од операцијата на НАТО за спроведување на ембаргото за оружје на ОН воведено за Либија, објави во средата (23-ти март) новинската агенција Анадолу, цитирајќи извори на алијансата и владата. Анкара вели дека може да придонесе со четири фрегати, подморница и помошно возило.
Вкупно шест земји понудија да испратат 16 бродови за да помогнат во спроведувањето на ембаргото, рече генералот на НАТО, Пјер Сент-Арнанд, на прес-конференција. Тука спаѓаат еден италијански команден брод, фрегати од Турција, Велика Британија, Шпанија, Грција, Италија, Романија, Канада и Соединетите Држави, подморници од Турција, помошни бродови од Италија и од Турција.
Во вторникот амбасадорите на НАТО се согласија со планот за распоредување возила и авиони во областа, покрај брегот на Либија. „Тие ќе спроведуваат операции за следење, известување, и ако биде потребно, забрана на возила осомничени дека носат нелегално оружје или платеници“, рече генералниот секретар на НАТО, Андерс Фо Расмузен, објавувајќи ја одлуката.
Консензусот беше постигнат по два дена тешки разговори за улогата на алијансата од 28 држави во воздушната кампања која почна минатата година со цел да се спроведе зоната на забранети летови под мандат на ОН за Либија и да се заштитат цивилите од режимот на полковник Муамер Гадафи.

http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/features/2011/03/23/feature-01

Mora da se povlece Gadafi, ili da se opameti, nemozes da vladees cel zivot so diktatura,a vo edno da stanes veciti predsedatel...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom