Либија е огромна земја, со огромни извори на нафта. „БДП по жител изнесува 12.000 долари. Просечната плата е 700 евра. Постојат бесплатно здравство и школство. Од извозот на нафта и гас државата кешира 27 милијарди долари годишно, со што се финансира изградбата на инфраструктурата и сите други јавни потреби. Со децении Либија е едно големо градилиште и работодавец на многу европски и азиски фирми. А има само шест милиони жители. И 1,5 милион емигранти, главно од посиромашните околни африкански држави.“
Од ова следи прашањето: ЗОШТО ВО ЛИБИЈА БИ ИМАЛО РЕВОЛУЦИЈА?
„Поради две ситници: нафта и стратегиска местоположба.“ Африка има 9 проценти од светските резерви на нафта, а во Либија се наоѓаат 46,4 проценти од африканските резерви. Некој сака да ја контролира таа нафта и целата нафта во Африка и со тоа да ја фрли „Европа на колена“.
Од друга страна Саудиска Арабија изврши воена интервенција во Бахреин, против револуционерите, а САД не побараа ни резолуција ни санкции.
Цитатите се од Нова Македонија: „
Гадафи не загуби, Америка не победи“.