САД, Франција и Британија ја нападнаа Либија!

  • Креатор на темата .:makedonec:.
  • Време на започнување

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Ае доста ае види ги замо ознаките и ќе ти стане јасно не оти ако го украдат они ќе му ги сменат зелените точки (ознаки) ама просто е невозможно да задржиш толку долго украден авион ќе проработат САМ системите за 2 минути! :toe:

--- надополнето ---




Ај оди гледај некој филм таму ај ќе им дадат така лесно со авиони да си летаат они абе чукни ја главата ејјјј......
Абе покажувам ви МиГ23 бе дечки,можам да ви пакажам и со руски ознаки...сопрете да гредате ознаките. Уште повеке не е украден авиона и во ваква ситуациja на нив им е само да го фарбат. :tv: Ама логика аа...
Чукнете малце глава и видете медиумите(во часност AFP) от 3-4 Март.
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Ае доста ае види ги замо ознаките и ќе ти стане јасно не оти ако го украдат они ќе му ги сменат зелените точки (ознаки) ама просто е невозможно да задржиш толку долго украден авион ќе проработат САМ системите за 2 минути! :toe:

--- надополнето ---




Ај оди гледај некој филм таму ај ќе им дадат така лесно со авиони да си летаат они абе чукни ја главата ејјјј......
Да не забораваме дека и некои генерали и дел од армијата се одметнаа и застанаа на страната на бунтовниците.
Под базата во Бенгази се мисли базата и целиот воен персонал во неа.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Јас уште еднаш ќе прашам.Зошто Америка не интервенира во Јемен и Саудиска Арабија каде масовно се убиваат цивили???
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.655
Поени од реакции
22.731
Јас уште еднаш ќе прашам.Зошто Америка не интервенира во Јемен и Саудиска Арабија каде масовно се убиваат цивили???
Не сум сигурен, ама претпоставувам дека таму нема нафта.
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Јас уште еднаш ќе прашам.Зошто Америка не интервенира во Јемен и Саудиска Арабија каде масовно се убиваат цивили???
Еве ти одговор, момче. Затоа што во Саудиска Арабија, Јемен и Бахреин не им е во интерес да се сменат владите.
Се е до интерес.
Американците се нешто како рекетари. Најлесно е така да се сфатат.
Кога ќе почнат демонстрации или вооружена опозиција во некоја држава, Американците пуштаат еден дипломат кај моменталната влада и еден кај бунтовниците.
Која страна ќе вети повеќе, таа ја добива подршката.
Simple as that.
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Поздрав до брача Либијци


 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.655
Поени од реакции
22.731
САД и Франција ја нападнаа Либија!

ИСТРЕЛАНИ СТОТИЦИ БОМБИ И РАКЕТИ ВРЗ ЦЕЛИ ВО ЛИБИЈА

Над сто ракети од типот Томахавк се истрелани вечерва од американски воени бродови врз цели во Либија, претежно врз западниот брег, како и врз Триполи. Пентагон потврди дека САД влегоа со воени операции против режимот на Гадафи. Во воена акција се и британските авиони. Врз Триполи најнапред бомбардираа француски авиони. Во воздух се и авиони на Италија и Канада.

Државната либиска телевизија јави дека над Триполи е соборен еден француски авион. Цел на воздушната кампања врз Либија, како што тврдат западни воени извори, е либиската противвозудшната одбрана.

Либиската телевизија јави дека во воздушните напади биле погодени цивилни цели. На прес-конференција за странските новинари вечерва во Триполи владини претставници изјавија дека има цивилни жртви и дека ракетирани биле цивилни објекти, станбени згради, како и едно училиште. Либиската влада оцени дека се работи за варварски напади со цел да се урне Гадафи и да се воспостави контрола врз нафтата. Владата побара меѓународна набљудувачка мисија, но составена од луѓе кои не припаѓаат на „злосторничката коалиција“. Во таа мисија, како што беше речено, може да учествуваат и претставници од Германија. Владата оцени дека се работи за напад во моменти кога армијата на Либија не напаѓа врз бунтовниците, туку само ги заштитува цивилите од терористите на Ал каеда-огранокот за Магреб.

Се очекува либискиот водач Моамер ел Гадафи да и се обрати на нацијата. Во исто време, продолжуваат жестоките борби за контрола врз Бенгази. Некои агенции јавија дека зеленото, државно знаме се вее кај зградата на Судот во Бенгази, што значи центар на градот.

Наспротив воздушните напади, странските новинари јавија дека стотици граѓани, со зелени знамиња во знак на поддршка на Гадафи се собираат во Триполи, Сирт, и други градови, со жив штит да ги бранат целите на странскиот воен напад.

Првиот напад врз Либија го изврши француски авион -ловец во 17.45 часот - бомбардираше и уништи либиско воено возило, што е прв удар нанесен на либиска цел во воената операција со мандат на ОН во Либија, објави француското Министерство за одбрана. Портпаролот на вооружените сили соопшти дека во операцијата за запирање на офанзивата на Гадафи против бунтовничките сили учествуваат околу 20 авиони, од типот Мираж, Рафал и Авакс, во област од 100 на 150 километри околу источниот град Бенгази.

Ал Џазира јави дека француските авиони уништиле четири тенкови.

Се очекува вклучување и на канадски авиони.

Независните воени аналитичари за западни агенции коментираат дека војската на Гадафи во првите моменти од воздушната кампања нема да одговори на нападите од воздух со цел да не ги открие своите радари. Во исто време, проблематично за Западот е што владините сили навлегоа во Бенгази, па ќе биде проблематично што ќе биде цел на воздушните напади - војската или бунтовниците. Доколку има цивилни жртви или жртви кај бунтовниците тогаш воената кампања ќе се компромитира, велат експертите. Според нив, на прашањето колку може да издржи војската на Гадафи, велат дека тоа ќе зависи од моралот на војниците.

Саркози го отвори патот за воена интервенција во Либија

Францускиот претседател Никола Саркози веднаш по завршувањето на самитот посветен на спроведувањето на резолуцијата на Советот за безбедност на ООН, во краткото обраќање до медиумите истакна дека француските авиони кои во моментов ја наделетуваат Либија ќе ги спречат нападите против Бенгази и ќе бидат подготвени да интервенираат против оклопните возила на либиската армија.

Никола Саркози, како што јави дописникот на МИА од Париз, ја остави вратата отворена за дипломатијата, порачувајќи му на Гадафи дека „може да го избегне најлошото, почитувајќи ја без одлагање и воздржаност резолуцијата на ООН“.

Францускиот претседател кој се појавува како лидер на меѓународната интервенција против режимот на гадафи, даде до знаење дека „вратата на дипломатијата ќе се отвори повторно, кога ќе прекинат нападите“ на силите верни на Гадафи против бунтовниците од опозијата.

Обама: САД и коалицијата се подготвени итно да дејствуваат

Американскиот претседател Барак Обама изјави денеска дека САД и на коалицијата на земји се подготвени итно да дејствуваат за да се стави крај на насилството против цивили во Либија.

- Нашиот консензус е силен, како и нашата решеност да се заштити народот на Либија, изјави Обама за време на посетата на Бразил.

Непосредно пред оваа изјава на Обама, највисоките државни функционери на САД, Европа и арапскиот свет се состанаа во Париз денеска и најавија претстојна воена акција против либискиот лидер Моамер Гадафи.

Жупе: Воените дејствија во Либија ќе продолжат додека Моамер Гадафи не почне да се придржува кон одлуките на ОН- Воените дејствија во Либија ќе продолжат додека либискиот лидер Моамер Гадафи не почне да ги почитува одлуките на Советот за безбедност на ОН, изјави францускиот министер за надворешни работи Ален Жупе.

- Операциите ќе продолжат во текот на следните неколку дена, додека Либија не почне да ја почитува резолуцијата на ОН, истакна Жупе во интервју за француската телевизија Франс 2.

Тој додаде дека целта на операцијата е „да биде ослободен либискиот народ од Моамер Гадафи“.

Камерон: Гадафи го прекрши примирјето, време е за итна акција

Либискиот лидер Моамер Гадафи го прекрши прекинот на огнот и ќе се соочи со ургентна акција со цел да се спречи понатамошна смрт на цивили, изјави денеска британскиот премиер Дејвид Камерон по завршениот самит во Париз, посветен на ситуацијата во Либија.

- Полковникот Гадафи доведе до ова, ја лажеше меѓународната заедница, вети прекин на огнот, нешто што беше прекршено, изјави Камерон за новинарите во Париз.

Камерон додаде дека акцијата треба да биде итна и дека мора да се наметне волјата на ОН, со цел да се избегне понатамошен масакр над цивилите.

Берлускони: Италија ќе обезбеди бази

- Италијанскиот премиер Силвио Берлускони изјави денеска дека Италија ќе обезбеди само бази од каде што би тргнал авион за акција во Либија.

Берлускони додаде дека предложил центар за координација да биде базата во Неапол.

Германската канцеларката Ангела Меркел изјави по самитот во Париз дека светот е обединет во мислењето дека насилството во Либија мора да престане, но потврди дека нејзината земја нема да учествува во воена акција.

Москва изрази жалење заради преземените воени дејствија во Либија

- Русија изрази жалење поради тоа што западните земји се одлучија да започнат воени дејствија во Либија.

- Москва изразува жалење поради тоа што серија земји започнале воена операција во Либија врз основа на итно донесената резолуција на Советот за безбедност на ОН, изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Александар Лукашевич.

Во меѓувреме, Кремљ го отповика амбасадорот во Либија Владимир Чамов. Руски медиуми објавија дека разрешувањето на амбасадорот се
случило неколку часа пред гласањето на резолуцијата на Советот
за безбедност на ОН во четвртокот, со која се дозволи воена интервенција во Либија.

Засега Кремљ не прецизира кои се причините за тоа разрешување.

Катар и неколку европски земји потврдија дека ќе учествуваат во воена операција во Либија

Катар и неколку европски земји, меѓу кои Белгија, Холандија, Данска, Норвешка и Шпанија, на денешната средба на врвот во Париз изразија подготвеност да учествуваат во воениte операции во Либија, јави БТА, повикувајќи се на дипломатски извори, пренесени од странски агенции.

Канада веќе соопшти дека испраќа седум авиони-ловци за оваа операција. Позицијата на САД, кои ја поддржуваат операцијата, се уште не е јасно дефинирана.

Претходно денеска по состанокот во Париз францускиот претседател Никола Саркози објави дека француски авиони веќе летаат над Либија, за да спречат воздушни напади врз градот Бенгази, бастион на бунтовниците. Тој истакна дека француската авијација е подготвена да ги нападне тенковите на Гадафи, доколку е потребно.

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу, во Париз рече дека Грција може да обезбеди на располагање на коалицијата против Либија грчки бази.

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони рече дека неговата земја ќе обезбеди бази за операцијата, но нема да учествува во воздушните напади против Либија. Берлускони сепак истакна дека не ја исклучува можноста за поголемо учество на Италија во операцијата во подоцнежна фаза.

Шпанија ќе учествува во создавањето на зона, забранета за летови над Либија, како обезбеди авион за надополнување и четири авиони Ф-18, кои ќе полетаат подоцна денеска од Шпанија кон италијанска база, соопшти шпанскиот премиер Хозе Сапатеро.

Белгискиот премиер Ив Летерм изјави дека неговата земја ќе обезбеди авиони Ф-16, кои сега се распшоредени во јужниот дел на Грција.

Нечас: Од Чешка не беше побарано да се вклучи во воената интервенција во Либија

Чешкиот премиер Петр Нечас денеска повтори дека неговата земја нема да се вклучи во воената операција во Либија и дека никој од неа тоа не го побарал, јави дописникот на МИА од Прага.

Чешка, според Нечас кон плановите за евентуална воена интервенција во Либија заземала сериозен став и за тоа не поседува потребни капацитети.

Исто како и шефот на чешката дипломатија, Карел Шварценберг и премиерот прецизираше дека на чело на иницијативата во моментов е поставена Франција.

Нечас смета дека воената акција ќе биде предводена од „ад хок“ коалиција, а не меѓународните институции, како на пример НАТО.

- Не бевме контактирани и не сме изненадени поради тоа. Ние спаѓавме во земјите кои заземаа сериозен, „трезен“ став и не повикувавме на воена акција. Како второ, нашите воени капацитети не се од тој тип, кои сега би можеле да бидат вклучени, изјави Нечас за чешката државна телевизија. Тој додаде дека Франција е еден вид „портпарол на таа коалиција на подготвените“.

Чешка, според Нечас е подготвена доколку е потребно на Либија да и обезбеди хуманитарна помош. Тој најави дека Владата на вонредна седница ќе разговара за сегашната ситуација во оваа северноафриканска земја додавајќи дека со министерите за надворешни работи и одбрана константно ја подготвуваат чешката позиција во разговорите со НАТО и ЕУ.

http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=5&item=6742
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
бре бре ... значи поголемо племе од америве и коалицијава нема ...
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.133
Поени од реакции
4.007
Така е, удри, скрши му кичма на тој идиотот...
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Си порачувал пејачки по 2 милиони долари да му пеат на семејни забави крадел милијарди од својот народ.Се заканува на сопствениот народ.Нека го обесат на сред Триполи.
 
T

Tetro

Гостин
Ќе страдаат недолжните граѓани само. Пуста желба за контрола. :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom