M
.:makedonec:.
Гостин
ОН одобри воздушни напади врз Либија - Гадафи го прекина огнот
Под притисок од се поизвесната воена интервенција на западните сили, либиската влада повика на итен прекин на огнот со образложение дека постапува согласно резолуцијата на Советот за безбедност, која предвидува зона на забранети летови со цел да се заштитат цивилите од нападите на силите на полковникот Гадафи.
„Одлучивме привремено да го прекинеме огнот и да ги прекинеме сите воени операции“, потенцира Муса Куса министер за надворешни работи на Либија.
Да се започне со планирањето на иднината на земјата доколку оваа иницијатива на Гадафи е искрена - ова е првичниот одговор на франција и Велика Британија, кои беа најсилни во кампањата за меѓународна интервенција во земјата.
Сепак западот стравува дека Гадафи купува време, во обид да ги преорганизира трупите. Со синоќешната одлука на Советот на безбедност беа отворени вратите за воздушни напади, со кои би се прекинало насилството во оваа северно африканска земја.
НАТО ја поддржува резолуцијата и е спремен за акција. Генералниот секретар на Алијансата, Расмусен, најави дека НАТО ги завршува подготовките за воздушните напади кој би требало да стават крај насилството во Либија.
Извор: http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=135669
--- надополнето ---
Да видиме што ќе биде ...