Велес

  • Креатор на темата Креатор на темата kurle
  • Време на започнување Време на започнување
Вчера сабајлето во 5 саат негде авион прскаше против комарци и мислам од што леташе блиску дека ќе ми влезе во куќа.Најсериозно 5 метри од куќа ми леташе.:uvo:

Мене ме разбуди, којзнае колку пати помина.. инаку кај прскаат покрај Вардар или .. :)
http://velesnews.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=451

Од една велешка страна.Интересно, нели?

Стварно личи ова, има некој гугл еарт (да не симнувам) да види дали ќе му испадне исто, да не е нешто фотошопирано ?
 
Мене ме разбуди, којзнае колку пати помина.. инаку кај прскаат покрај Вардар или .. :)

Стварно личи ова, има некој гугл еарт (да не симнувам) да види дали ќе му испадне исто, да не е нешто фотошопирано ?
Кај личи бе...и кој дел личи....оти ја или сум ќор или нешто мајтап е работава....дај некој ако има време у paint нека ги подвлече линиите што го формираат ликот!
 
леле тоа авионот шо прскашееее...и кај мене ми леташе над глава,оти на високо живеам...дури станав у 5 (т.е ме разбуди) и фанав со апаратот го снимав...ептен бучеше!
 
abe voa veles nogu zaebano mesto e
cel grad e vo nagornini i nadolnini
ve zalam za vo zima
 
Море да не го однеле прцорек:vozbud:
-велес е закон зимно време бе!
-за помалку од 2 секунди креваш 200 KM/H по долот:vozbud:
 
Кај те однеле на Којник или Орце Шутев? :pos2:
Па орце шутев и не е толку високо ама стојан бурчевски леле мори мајко, до рамнина е( не рамина) или па на игманска, ела качи се ако не си од велес .
 
Којник не е толку одење пешки од центар до Којник за 5 минути си таму :)
 
велес треба да биде предмет на магистерски или докторски студии од полето на социологијата или пак психологијата градот е закон во тој поглед чиста феноменологија бе ЗАКОН!!!!!

Велес:music3::music3:
 
Па орце шутев и не е толку високо ама стојан бурчевски леле мори мајко, до рамнина е( не рамина) или па на игманска, ела качи се ако не си од велес .
Па тоа е кај мене во комшии, јас живеам на Б.Каракостев.
А ти?
 
Велешани, што се случи со Дискотеката "DownTown" бе ? ...
Знам бев на некои концерти таму, на ова Турбо фолк ѕвездиве.. и морам да ви кажам дека баш онака супер си поминував... увек беше полно, памтам баш еднаш на Амадеус Бенд имаше околу 5000 народ.. :icon_mrgr
 
DownTown беше најнајголемата сељачана што можеше да се случи во државава.
Се носеа строго хард кор турбо фолк ѕвезди, од класата на Сека, Кеба, Амадеус исл.
Исклучоци беа само по еднаш на почетокот Рибља Чорба и Дино Мерлин и некои домашни ѕвезди.
Дискотеката имаше капацитети за ДиЏеи од висока класа какви што идат во Колосеум и Хардрок, ама каков народ таква музика.
Кровот беше висок околу 20 метри и пак внатре смрдеше на пот, вецињата беа поплавени од повраќање:tapp:.
Речиси сите внатре беа пијани.
Не се газеше на подот од толку што имаше срчи.
Обавезно секоја вечер имаше 2-3 масовни тепачки.
Катастрофа:toe:
 
Па орце шутев и не е толку високо ама стојан бурчевски леле мори мајко, до рамнина е( не рамина) или па на игманска, ела качи се ако не си од велес .
Аууу брат сега ме погоди со Игманска :D
Вршник Hills како што вика другарка што седи таму.:pos2:
На Нова Година на мразот со чизми натаму,душа ми излезе. Мислам дека од тогаш створив одбивност кон тие сокачиња,како и кон повисоки штикли. Не беа чизмиве со којзнае каква штикла ама доволно да имитираш модерен алпинизам :vozbud:
А Шутев ми остана во сеќавање оти е црна точка за таксистите,само 4-5 чичковци знаат на кое бројче треба да отидат....откако претходно ќе им се каже дали се со сини или црвени бројки нормално.
Е Стојан Бурчевски не сум чула за таа улица,ако не ми појаснеше немаше да знам,и не знам какво е.
Којник е држава,освен на некои места каде што не е баш асфалтирано ,зацементирано.
 
Којник е срцето на Велес :baeh:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom