Најлошата песна што сте ја чуле

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740

Чарли Шин сигурно пие Tiger Blood некаде за да си ја намали болката, зашто американката Ребека Блек комплетно го оттргна публицитетот од него. Малава има само 13 години ( иди познај дека има толку на спотов) и пошто сакала да биде славна ја натерала мајка и да плати 2000 долари за спот и песна. Проблемот е што девојчево е тежок антиталент, а песната е ужас.
Видеово руши рекорди на гледаност. Досега е погледнато 17 милиони пати, а на Твитер името на девојчево е најспоменувано во твитовите ( две муви со еден удар, кај Шин, па и Бибер го симна од популарност).
Девојчево тврди дека е талентирано, наспроти сите критики. Како год, песнава е прогласена за една од најлошите песни на сите времиња, а малава за антиталент.

Само едно ме чуди. Многумина и се нафрлиле со лоши коментари од типот дека заслужува да умре. Баш се прашувам колку од нив мислат дека Бритни е топ..:pipi:

It's Friday, Friday...:music1::music1:

4ak4bi
 
Тие што зборат дека девојкава не знае да пее, очигледно не ја чуле Ријана во живо како пее.
 
Да не ја заборавиме Кети Пери и нејзиното завивање.

Да, да апсолутно и секако да не ја заборавиме Ферги од Black Eyed Peas. Ама девојчево нема цела индустрија зад неа и затоа сите ќе јадат тоа што не се јаде...
Побогу има 13 години, мерак и било и се можело и направило песна, не знам што направиле толку драми. Песна ко песна, има 100 пути полоши...
 
Ама затоа пак има 17,354,854 views... И вака се почнува со популарност!
Иако девојчево не пее толку лошо, значи има и полошо. Да ни ја слушнат Нонето како пее, ке се откаже од слушање на музика светов :pos:
 
Тие што зборат дека девојкава не знае да пее, очигледно не ја чуле Ријана во живо како пее.

Ти си ја слушнал/а Ријана во живо?
Повели: -Не дека ја обожавам или ја слушам али типката има глас :wink:
 
Ама затоа пак има 17,354,854 views... И вака се почнува со популарност!
Иако девојчево не пее толку лошо, значи има и полошо. Да ни ја слушнат Нонето како пее, ке се откаже од слушање на музика светов :pos:

Си слушнал за Autotune? Ако има проценти, ова е 100% autotune. И ич не пее убаво... Кикинг ин д фронт сит, кикинг ин тхе бек сит, ми се повраќа.
 
Си слушнал за Autotune? Ако има проценти, ова е 100% autotune. И ич не пее убаво... Кикинг ин д фронт сит, кикинг ин тхе бек сит, ми се повраќа.

Не се инатам само ке те потсетам на годините 13, доволно кажа погоре некој!!!
Фала.
Чао.
Пријатно.
 
Ти си ја слушнал/а Ријана во живо?
Повели: -Не дека ја обожавам или ја слушам али типката има глас :wink:

Сум ја слушнала и нема глас.
Изведбата на Греми и со Еминем и со Дрејк беше во најмала рака очајна, а изведбата со Еминем на МТВ видео авардс па да не зборам.... И на Брит авардс... Некој што има глас еднаш ќе направи грешка, а нејзиното пеење со секоја наредна песна е се поочајно. На плејбек секој звучи убаво....ж
Ова ако е добро пеење, јас сум Селин Дион.
 
Има глас, Ејјј!! Неможе секогаш да пее убаво,се случува.Сега ако бараш видеа каде што кикснала нема да докажеш дека не пее убаво :) Right?

Ќе си останам на моето. Enjoy: Избегавме од темава. поз
 
Мислам бесцелно е да се препукуваме и да кажуваме кој пеел добро, кој не. Слушајте она што сакате. И онака премалку артисти во денешно време има кои имаат глас кој можат да го покажат, докажат и презентираат.

Во време кога секој втор (од богата фамилија) добил песна, се појавува на секоја телевизија, секој медиум е пренатрупан од него само затоа што има пари и луѓе позади него, нема уметност во музиката и нема музика во уметноста.

А, за тоа што се запнале за девојчето со лоши коментари и коментари дека посакуваат да умре, па има толку многу џаболебари кои самото име кажува што прават. :)))
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom