Брокер
Broker of the Year
- Член од
- 25 јули 2009
- Мислења
- 1.227
- Поени од реакции
- 257
Идејата за воведување рамен данок е тема на разговор и дискусии во жешките политички и економски кругови, во голем дел од земјите економистите дискутирале за тоа дали овој данок е добар или не. Тука се поставува прашањето дали всушност рамните даноци навистина се рамни и се фер за сите деловни субјекти. Дали од ова корист единствено имаат најбогатите или навистина овој е најдобар даночен систем за да се промовира една ефикасна влада.
Според мене во Македонија, а и во повеќето држави рамните даноци се неоправдани.
Најголемите забелешки во врска со воведувањето на овој закон најповеќе се насочени врз средната и ниската класа, со воведувањето на овој рамен данок ќе се истисне средната класа, најповеќе ќе добијат оние кои за време на транзицијата без никаков труд успеале да стекнат огромни и профитабилни компании, со огромни приходи.
А од другата страна постојат компании кои што со својот претприемачки труд успеале да направат компании кои што почнуваат да остваруваат приход и овој приход се оданочува исто како и огромните и екстра профитните компании.
Со повисокото оданочување големите компании кои имаат огромна добивката ќе овозможат редовно да се полни буџетската каса и затоа е подобро да се смени овој начин на “еднаков” данок. Мора да споменеме дека Македонија е една од ретките земји кои го применува и кои го има воведено овој рамен данок.
Со намалувањето на даноците во РМ на најниски во Европа се очекуваше огромен прилив на странски инвестиции меѓутоа тоа не се случи и единствено профитираа богатите поединци и стана уште побогати.
Тука мораме да го споменеме и персоналниот данок кои исто така со владините мерки е намален на 10 проценти, нееднаквоста е очигледна и кај овој закон. Сосема е исправно оние поединци кои земаат над 2000 евра плата да плаќаат повисок данок, со тоа ќе се наполни и буџетската каса, па владата ќе може да ги стимулира или евентуално да го намали данокот кај помалите компании се со цел да ги мотивира да ги пријавуваат големиот број на непријавени работници. Сепак честото менување на даночната политика создава лош имиџ за државата, дава слика на неконзистентна владина политика. Затоа пред да се направи каква било промена во даночната политика би требало да се извршат многу подетални анализи и да се консултираат и странски експерти, а можеби и најважно е да се набљудува и ефектот кај оние држави кои веќе го имаат воведено овој данок. Грешката е направена, се разбира дека прогресивниот данок е поправичен, бидејќи оние поединци кои заработуваат повеќе, оние компании кои имаат поголеми приходи нормално е да плаќаат повеќе данок. Со прогресивната политика се мисли и на сиромашните и на малите компании од кои се очекува подем.
Можеби еден од најважните аргументи е тоа што со прогресивниот данок ќе се обесхрабрат големите компании да се развиваат да се прошируваат затоа што ќе плаќаат поголеми даноци. Овој аргумент има и добри и лоши страни се зависи од тоа како е организирана и како функционира една држава. Според мене во пост социјалистичките држави каде што очајнички е потребен развојот на претприемништвото, малите бизниси и самовработувањето, проширувањето на компаниите на олигарсите има многу повеќе лоши отколку добри страни.
Во постоцијалистичките земји поради истата цел зголемување на инвестициите овој закон многу често се среќавал, меѓутоа овој закон државите го донесоа уште пред 10,15 години. Во голем дел од државите овој закон се покажа како успешен и привлече доста странски инвестиции меѓутоа овој закон беше придржуван и со голем број на економски реформи кои заедно придонесоа за развој на земјите. Во последните 5 години овој закон скоро од сите држави се исфрли и “замина под пензија” после добро свршената работа. Романија е една од земјите кои се откажаа од законот.
Иницијативи за воведување на овој данок немало само во постоцијалистичките држави. Иницијативи имало и во развиените економски држави. Една од тие земји е и Америка. Во сенатот се дискутирало за поедноставување на Американска даночна политика преку израмнување на даноците и тоа на 20% од вкупниот остварен приход. Иницијатор на ова израмнување на данокот бил сенатор, бизнисмен кој практично немал претприемачки иновации во неговиот живот и станувало збор за богат бизнисмен преку наследување издавачката империја од неговиот починат татко. После оваа иницијатива, економистите ги анализирале фактите и донесле заклучок дека израмнувањето на данокот само ќе им помогне на богатите бизнисмени а средната класа и ниската класа ќе ја истисне.
Во Македонија мора да се размисли за враќање на пропорционалниот данок, се со цел да се стимулираат и да се заштитат малите и средни компании затоа што од овие компании понатаму треба да се очекува да вработуваат голем дел од моментално невработеното население. Исто така треба да се размисли и на пропорционален персонален данок и тоа со намалување на данокот на оние кои имаат ниски примања, затоа што пред се малите фирми се оние кои не ги пријавуваат вработените. Во принцип големите компании ги пријавуваат сите вработени така да зголемувањето на данокот само ќе придонесе за зголемување на приходите во буџетската каса и намалување на буџетите на поединци.
Се потрудив на кратко да напишам еден текст во кои пишувам аргументи според кои тврдам дека рамниот данок е лоша идеја. Ајде Кајганџии Економисти дај размрдајте се малку, што мислите за ова што го напишав погоре, според мене ова со рамниот данок е само промоција на владата ништо повеќе, ајде да дискутираме можеби некој го поддржува.