Хип хоп културата во Македонија

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.157
Поени од реакции
5.933
Поправка Аго е од 87година е у рап :smir:
Абе од шеес-друга. Што го направи ти бе, креатор на рапот? Тогаш уште во Америка не бил развиен асално, а не па у Македонија (всушност тогаш уште била СФРЈ). Од каде ваква информација?
 
M

marko 1996

Гостин
Абе од шеес-друга. Што го направи ти бе, креатор на рапот? Тогаш уште во Америка не бил развиен асално, а не па у Македонија (всушност тогаш уште била СФРЈ). Од каде ваква информација?
Во 1987 година на 13 годишна возраст ја оформува првата македонска рап група “Masters Of Rap” која официјално почнува да функционира во 1988 година. Првата нумера на “Masters Of Rap” е насловена исто како и групата, тогаш сеуште Аго(aka A.G.O. – Anger Of Genius Overloard) е сам
Дел од биографијата на Аго.

Vladimir Agovski
B.Sc Audio Engineer
Owner Of 1-st Macedonian Legal Hip Hop Record Label "DNS PRODUCTION"
- Prv Makedonski MC/Raper 1987/88
- Prva Makedonska Hip Hop Zabava (Kafeto Na MKC organizirana zaedno so Zoran Pavlov)
- Prv Hip Hop Dj
- Prv Makedonski Hip Hop Album The Most Wanted - Presudniot Den Izdaden 1995 Godina
- Prv Zvanicen Beat Box Vo Kaktus Diskoteka Strumica 1992 Godina
- Prv Makedonski Freestyle Battle - Stip "Dom Na Mladi"
- Prv Makedonski Festival Za Afirmacija Na Mladi Hip Hop Artisti "Polnokna Misa 1 (2001) I 2 (2003) "
- Prv Organiziran Freestyle Natprevar Club "Scream" pokrovitel AND1
- Prv Makedonski Hip Hop Festival 2007 - Vo Traenje Od 12 Casa
- Prv Konkurs Za Afirmacija Na Hip Hop Artisti
- Prv I Edinstven - Legalen - Makedonski Hip Hop Label (Produkciska / Izdavacka Kuka)
- Prvo Shkolo Za Hip Hop Produkcija
Еве ти нешто кратко.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.157
Поени од реакции
5.933
Во 1987 година на 13 годишна возраст ја оформува првата македонска рап група “Masters Of Rap” која официјално почнува да функционира во 1988 година. Првата нумера на “Masters Of Rap” е насловена исто како и групата, тогаш сеуште Аго(aka A.G.O. – Anger Of Genius Overloard) е сам
Ај објасни ми те молам, како успеал во 87ма на 13 години не само да стапи во контакт со рапот, туку и да почне да прави? Па замисли, на 13 години си оформил група човекот. ПРО бе, нема што.
 
M

marko 1996

Гостин
Ај објасни ми те молам, како успеал во 87ма на 13 години не само да стапи во контакт со рапот, туку и да почне да прави? Па замисли, на 13 години си оформил група човекот. ПРО бе, нема што.
Во 1987 година на 13 годишна возраст ја оформува првата македонска рап група “Masters Of Rap” која официјално почнува да функционира во 1988 година. Првата нумера на “Masters Of Rap” е насловена исто како и групата, тогаш сеуште Аго(aka A.G.O. – Anger Of Genius Overloard) е сам. Во почетокот на 1990 година му се приклучува NIKE MC, а измени претрпува при крајот на истата со влегување на Боро. Masters Of Rap (MC LOVE/NIKE MC) во 1990 година го снимаат првиот свој видео запис “Незаборавај Ме”. Оваа нумера е снимена вo студиото на “Ксанаду” кај Бранко, при крајот на 1988 година. Со доаѓањето на Боро во групата и заминувањето NIKE MC почнува поинтензивно да се работи, следат настапи. Еден од поголемите настапи кој треба да го споменеме е и настапот на “Masters Of Rap”на фестивалот “Џаро Фест” кој беше одржан на градски стадион.
Во 1991 година бендот се растура а Аго влегува во “Instant Beat”, новооформена група на MM VLADO G (Music Master Vlado Grozdanovski). Имаат многубројни настапи ширум Македонија : дискотека “Hall” и на базенот во Велес, дискотека Парк во Кавадарци, дискотека Лав во Гевгелија, дискотека Кактус во Струмица (каде што Аго за прв пат јавно прави beatbox) ... како и гостувања по радија и телевизии. Заедно со Зоран Павлов (скриена камера), Аго е и организатор на првиот рап настан во земјава. Тој бил одржан во кафето на Младинскиот Културен Центар – Скопје, со целовечерен концерт на “ДМ Џизет” (групата на Зоран Павлов) и “Instant Beat”. Следи настапот на “Rap ‘N’ Roll” фестивалот во организација на списанието Екран (видео запис на www.dns.mk). Групата се растура во првата половина на 1993 година поради несогласување околу стилот на музика, текстовите и одредени ограничувања. Албумот кој се снимаше во Македонската Телевизија никогаш не довршен. Некои од песните на Instant Beat се : Не заборавај ме (remix), Мафија, Instant Beat, Забава, If You Want More, Не Е Како Порано, Бандера, Женски Феномени и уште некои други кои беа во изработка. Текстовите беа напишани од Владимир Аговски и Владо Гроздановски, рецензирани од Владо Гроздановски а музиката на песните беше работена во студиото на “Instant Beat” во сопственост на Владо Гроздановски.
Паралелно со Instant Beat, во 1991 год Аго ја оформува групата The Most Wanted. Најпрво таа фигурира само како име со една нумера позади неа, но по излегувањето на Аго од Instant Beat работите стануваат озбилни. Во почетокот на 1993 година Аго се запознава со Тец и заедно кај него продолжуваат да работат на музичкиот дел. Кон крајот на истата година Тец влегува во The Most Wanted. Првите нумери Аго и Тец се обидуваат да ги отсвират (Тhe Most Wanted и дел од Женски Феномени), но немањето на соодветна аудио опрема е причината што групата е приморена да се препушти на семплување. По работа од нецела година групата успева да го сними своето првенче насловено како “Пресудниот Ден”. Поради квалитетот на вокалите во 1995 година албумот беше пререцитиран во студиото на Слободан Таневски “Емитер” каде што и е дообработен од Скаф. Музиката е 8 бит - на работена кај Тец на компјутер Amiga 1200 а текстовите се напишани од Аго. Албумот “The Most Wanted – Пресудниот Ден“ е официјално објавен во 1995 година на касета и е Првиот Македонски Хип Хоп Албум. The Most Wanted станува икона на македонскиот рап и највлијателна група во тоа време. Албумот беше продаден за нецели два месеца. Како негови предводници беа сингловите Женски Феномени, За Нашата Раса, Неверувај Им На Кучките... Текстовите се експлицитни и директни, го покажуваат нивниот живот, бунтот кон секоја неправда без притоа да имаат влакно на јазик. Аго во тоа време заедно со Тец и The E (Ерол) ја оформува групацијата “Central Syndicate” (Централниот Синдикат) во која членуваат повеќе групи и артисти. Групата се растура во 1996 година на снимање на спотот за нумерата “Рап Hardcore -от Нема Никогаш Да Умре”.
1996 е годината која претставува пресвртница во неговиот живот. Иако има големи финански проблеми решава да го направи свое студио и продукциска куќа. Така е оформена првата македонска хип хоп издавачка куќа која воедно е и студио ДНС (Долината На Сенките). Истиов период по излегувањето од The Most Wanted, Аго ја оформува групата Темната Страна. Името Темната Страна го избира поради неправдите, пороците, користољубието и лагата со кои се судира во секојдневниот живот. Во 1997 година ја оформува групацијата Армада која ја сочинуваат повеќе македонски рап групи. Настапува ширум Македонија, Србија и Бугарија.
Следен од помислата дека како помлад неможел да си дозволи да снима поради големите суми за трака а и поради условите кои му биле наметнувани, Аго решава да им помага на младите талентирани групи. Продуцира и ги помага младите групи: Пука Козметика, Против Сите, Smut, STR 2, SVP, Соло, Психо Тим, Штрумф, Џака, Scareface, XXL, Нино, Шума, Тако, Легијата На Проколнатите, Подземјето, Геноцид, Нов Поредок, Непријателот, Nishki Getto, Екипата, НРГ Клан и уште дузина други соло артисти и групи (подетални информации со кого има работено и работи на www.myspace.com/dolinata). Го завршува првиот соло албум “Темната Страна – Оган Од Небото” во 1998, но поради свои лични причини го растура по изданијата “ДНС Неиздадени Том 1, 2, 3”. Некои од нумерите кои можат да се сретнат во албумот се: Право Од Скопје Града, Persona Non Grata, Моето Царство, Зборот Се Враќа Назад итн. По распаѓањето на групацијата Армада, Аго го зема Кец во Темната Страна (тогашем член на Легијата) и со него почнуваат да работат на новиот албум насловен како “MC - љубов“. Албумот е снимен во целост но сеуште не е издаден, се очекува да излезе официално во склоп на “ДНС Неиздадени Том 5” заедно со комплетниот албум “Оган Од Небото”. Во 2002 година ја оформува групацијата ДНС Екипа која иако има неколку промени во својот состав сеуште функционира и наскоро се очекува да излезе нивниот деби албум “Во Добро И Во Зло”. Патиштата на Аго и Кец се разидуваат во 2004 со што и се растура последната група во која членува Аго.
Аго од 2005 година работи како соло артист и гостува во траки на многу рап изведувачи. Во 2007 година со Војник го издаваат албумот насловен како “Проект Елементарна Непогода” што е официјално издание на ДНС продукција и заштитено од ЗАМП.
ДНС продукција има организирано многу збиднувања меѓу кои како поголеми можат да се издвојат “Полноќна Миса 1 и 2” како и првиот македонски хип хоп фестивал “Awareness – get real!” (www.hiphopfest.com.mk).
Аго сеуште работи и како артист, продуцент, дј но и како професор во првото школо за хипхоп и електронска продукција. Позади неговото име стојат голем број музички нумери, видео спотови, краткометражни филмови, реклами, театарски претстави. Исто така има организирано голем број клубски забави на кои имале множност да се промовираат голем дел од сегашните позначајни рап артисти, од негова страна е организиран и првиот beatbox и freestyle натпревар.
Што следува: ДНС Том 4 (Афирмација На Млади Македонски Изведувачи), ДНС Екипа – Во Добро И Во Зло, Аго – Трилогија(Сеуште Има Надеж), ДНС – Една Љубов, албум на Екипата ...

Морам да го пишам ова да го прочиташ , извинтете вака што да замарам со аго и днс, ама сеа ме тераат :) Фала што ке ме разберете.
Иначе ја на 10 години ко копиљ на динамички мајк снимив прв пат трака , знам дека е друго време ама пак ако сакаш може ( и видов не ме бива и не продолжив :))
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
ете убаво ви објасни марче освен што таа група мастерс оф рап баш и не било .. група ко што сега замислуваме ние ама нема везе
п.с. немојте вакви раперски муабети веке мн се лоши расправии за кој бил прв кој втор
 
Член од
23 август 2008
Мислења
1.755
Поени од реакции
264
Како можете да расправате за настани кои се случиле во време во кое не сте биле ни родени како да сте биле дел од нив?
За ова може да раскажуваат само тие кои биле во тек со тие случувања...на времето :) Иако и они гарант би биле субјективни така да никад нема ништо да се знае за сигурно. Историјата ја пишуваат победниците, а да не зборам за тоа дека материјалот од еден до друг историски учебник се разликува (во зависност од авторот). Баталете тоа, живејте го моментот!
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
Не ми е јасно мене што е дискусијава околу кој почнал прв со рапот (во Македонија)... Тоа никогаш не е важно, а нема ни да биде. Кој е најдобар? Никој. Секој си има различен вкус, така да ништо не правиме ни од тоа. Иначе погоре се спомна нешто Чиста Околина - Лисиче... Не се сите членови од таму, еве пикисипи како пример од Чаир е :smir:

Али ни тоа не е важно, еве едно поздравче со Уличен Ритам и Пики д Сипи:
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
85та/86та ако не се лажам Аго се запознава со хип хопот преку некој негов пријател Томи ако не се лажам, кој живеел во Холандија и играле брејк денс.

Аго ти е алфа и омега, the godfather, архетипот на MC во Македонскиот рап и најоригиналниот хип - хоп артист со континуитет.
Зошто е така требит многу да се објаснува.
Продолжете да серете што сакате.
Поздрави и честитки.
Лајкови.
 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Поштовање најголемо за него, ама како шо кажуваш алфа и омега, сутра, али мало сутра.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
А кој е Алфа а кој е Омега ?
Кој е првиот а кој ќе биде последниот ?
 
M

marko 1996

Гостин
85та/86та ако не се лажам Аго се запознава со хип хопот преку некој негов пријател Томи ако не се лажам, кој живеел во Холандија и играле брејк денс.

Аго ти е алфа и омега, the godfather, архетипот на MC во Македонскиот рап и најоригиналниот хип - хоп артист со континуитет.
Зошто е така требит многу да се објаснува.
Продолжете да серете што сакате.
Поздрави и честитки.
Лајкови.
Ова ке го стаам у потпис жими се ! Што треба повеќе од ова мислење ? Крај на темава :)
 
Член од
1 март 2008
Мислења
1.396
Поени од реакции
1.050
Temava ne e za ago ama som vikate aj da kazam zaso jas se slagam so lord + dodavam nesto drugo:

Ago pravi po dobro stroeni instrumentali, praveni na po kompleksen nacin od kolku lepenje po nekolku semplovi (vo lobala) .... ne za dzabe e edinstven i legalen ...
+ Naj lojalniot Arist na kulturata i muzikata uste od 1986 :p

Ovie drugive se sve nesto plastelini ... se vitkaat postojano za da se u TOP FORMA ahahahaha :drk:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom