Зошто ми бришете постови од темата? Модератори, каде тоа видовте дека напишаното не е за тука?
Прашав еден од членовите тука, каков јазик е бугарскиот (протобугарскиот), дали кога прото-Бугарите стапнале на Балканот тука некој зборувал на словенски и кој и од каде го црпат демонимот Бугар. И што е тука спорно па да се брише?
А одговорите: протобугарскиот е турско-алтајски јазик, Бугарите (Bulgars) се племе од турската група народи, се населиле на Балканот после формирањето на македонските склавинии, денешните Бугари (Bulgarians) името на државата го имаат од тоа племе, како и демонимот, а во својата генетска структура имаат:
5% бугарски
5% феникијски
11% старомакедонски
15% словенски
15% хеленски и
49% тракијски гени.
Јазикот кој го говорат е словенски, гените им се доминантно тракијски, државата и нацијата им се нарекуваат по турско племе.
Македонците говореле јазик за кој едни велат бил хеленски дијалект, други -посебен јазик. На Балканот се најмалку 2.500 години. Современите Македонци говорат словенски јазик наследен од јазикот на македонските склавинии (Старо-македонски, Old-Macedonian) признаен за јазик на кој се ширело Христијанството на Балканот и пошироко кога Бугарите сеуште патувале над Касписко Море, зборејќи турски дијалект. Името на државата произлегува од зборот со кој оваа земја одсекогаш се нарекувала, а исто и демонимот Македонец. Во својата генетска структура имаат:
5% хунски
5% феникијски
10% илирски
15% словенски
15% хеленски
20% германски и
30% старомакедонски гени.
Заклучок: Кога дошле на Балканот, па се до почеток на 11 век, Бугарите зборувале турски јазик, по што го примиле старо-македонскиот, заедно со Христијанството.
Сега, вашите парламентарци сакаат да го укинат со декрет јазикот преку кој ја зедоа верата во Бог.
Дали на ваков начин, покажувате дека се срамите оти зборувате туѓ јазик, на соседите кои не ги признавате за нација?
Мене навистина ми е жал што немам прото-бугарски и тракијски гени. Навистина. Ама не е моја вина тоа...